Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption


Breaking News

Test Footer 1

Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption


Saturday, November 3, 2012

FTL-Побрзо од светлината

Податоците кои ги превезувате се од најголема важност за остатокот од Федерациската флота. Ќе треба испораките за патување, затоа немојте да се двоумите истражете го целиот сектор пред да продолжите понатаму. Но позади вас е се наоѓа флотата на бунтовниците, побрзајте да излезете од секторот.

Така започнува нашето патување во вселената. На почетокот на играта ќе имаме мени каде може да се одлучите за туториал, нова игра или пак да ги конфигурирате подесувањата на играта кој се ставени на минимум. Само 7 подесувања, но за оваа игра е доволно да се има само избор цел екран (играта работи првенствено само во прозорец), обемот на звук и музика.


Faster than light, според авторот претставува, симулација на вселенски летала во реално време. А тоа значи дека можеме да очекуваме, многу различни непријатели и трајна смрт. На почетокот на играта не очекува нашиот прв вселенски брод The Kestrel. Со него го добиваме основното оружје, ракети, ласери и 3 члена на екипажот. Во овој момент сите опции се заклучени освен промена на имињата на екипажот и на бродот. За да го промениме тоа треба да тргнеме на свемирско патување и да направиме неколку достигнувања (Achievements) како што се на пример 6 уникатни вонземјани на бродот у исто време. Во понудата се 9 брода кој што се отклучуваат како што го истражувате всемирот.

FTL

Пред нас се појавува нацрт од нашиот вселенски брод. Вакви слики највеќе ќе се нагледате. Микроменаџментот започнува со распоредување на екипажот по бродот. За да го користите FTL, еден член треба да биде пилот. Во текот на битката од суштинско значење е еден член на екипажот да биде на штитот, додека другиот член може да биде на FTL моторите за брзо бегање или во арсеналот како би се забрзало полнењето на нашето оружје.

FTL

 Тоа би било така кога све би било идеално. Но, мора тука да се замеша и пртивничкиот брод кој испалува проктили, пламен, ласери и јонски бомби. Нашиот брод гори, не ни работат резерварите за кислород, сензорите се уништени, а штитовите паднати. Тогаш единствено може да ни помогне ПАУЗА! Со кликање на space добиваме битно време за да земеме воздух и добро да размислиме. Покрај разликата во оружјето и подобрите штитови, мототи и екипажот битно е и да размислувате. А поготово во ситуации кога треба да гасите пожар во арсеналот, поправање на резерватите за кислород или да се борите против телрпотираните непријатели. Тогаш пилотот станува механичар или војник што и да треба во зависност од потребите. Преместување на енергијата од FTL во штитовите, од пилотската контрола се преместуваме во контролата на оружје и тргнуваме во битка.

FTL

 Освен надоградувањата на бродот и нашиот екипаж се надоградува. Што подолго работат одредена работа, тоа побрзо и го завршуваат така што добиваат левели. Во рамки на секторот треба да поминеме голем број на локации за да дојдеме до излез према друг сектор. Патот го избираме ние по наш избор.

FTL

 Покрај битките, тука спаѓаат и многуте позиви за помош кој стигнуваат но сепак изборот дали ќе им помогнеме или не е наш. Такво нешто може да биде наградено со нови членови на екипажот или со кредити (Scrap), но може да се случи тоа и да е некој непријателски брод кој повикот за помош го користи како мамка. Интересен дел е исто така оној кај што се наоѓаат локациите на продавниците (Store). Нормално ако имате доволно кредити. Во продавниците можете да купите дополнителни ракети, гориво за FTL, делови за работи па и цели роботи. Исто така може да се најдат и подобрени оружја, но за тоа ке треба да поминете најмалку 5-6 битки или спасувања за да соберете доволно кредити за купување. Исто така треба да се напомене дека само во продавниците може да се поправи оштетениот труп (Hull). FTL е многу заразна игра. Бара доста концентрација и размислување, во спротивно една грешка и губење на бродот значат крај на играта. Некој кориснице се бунеле зашто не постои некаква можност да немора да се почне од почеток на Easy. Но мислам дека тоа ке го уништи шармот на играта. Да не биде се ова залудно постои highscore и статистики кој ги пратат вашите најголеми успеси. Играта по стандардите на SC-(science fiction) верно ги покажува штитовите, ласерите, проектилите и сензорите. Но ситниците кој ги носи како на пример: дефлација на одредени делови за да се изгаси пожарот, се нешто што прилично го подобрува целосниот gameplay. FTL од вас ке бара постојано да се подобрувате, да барате нови начини за победа и да ја усофршувате техниката на уништување на непријателите користејќи одличен микроменаџмент.

 Купувањето на оваа игра моше да се напраи на службената страна : http://www.ftlgame.com/ Цената моментално е 9$ а се добива и кључ од каде може да се симне и DRM-Free верзија за сите оперативни системи. Исто така вклучен е и кључ за Steam. Кога ке ја симнете tar.gz датотеката, рапакувајте ја, отворете диреториум FTL и во него стартувајте ја датотеката FTL. Во терминал тоа изгледа вака :


  •  Cd/пат/до/директориумот/кадееFTLсимнат Tar xfv именадатотеката
  •  Cd FTL 
  • ./FTL




Share This
Blogger
Facebook
Disqus

comments powered by Disqus

No comments:

Post a Comment

Subscribe
Labels
Popular Posts

Subscribe Via Email

About Us

Advertisment

Like Us

© Онлајн Свет All rights reserved | Designed By Seo Blogger Templates