Canon го претстави својот најнов EOS DSLR за озбилни фотографи модел EOS 6D. Величината и тежината слични се на моделот
EOS 60D, а станува збор за
најлесниот DSLR фотоапарат на
светот со CMOS сензор за полн
кадар, што го прави идеален за патувања и снимања на портрети и пејсажи. Овој
модел претставува нова почетна точка за новата линија на фотоапарати на Canon
со полн кадар. Совршен е за
корисниците кои сакаат поголема контрола врз длабочината на полето или пак
сакаат да ги максимизираат перформансите за снимање со користење на богатата
палета на објективи EF достапни
за EOS системот. Прв пат на
некој од моделите EOS се
достапни функциите за Wi-Fi и
GPS, со што на фотографите им
се овозможува да фотографираат во движење, нивно означување на податоци за
местото на снимање и бежичен пренос на компјутер или на паметен телефон.
Врз основа на 25 години иновација во EOS серијата, EOS 6D се одликува со новопроектираниот
20,2-мегапикслески CMOS сенозор
полн кадар кој на фотографиите им овозможува изработка во големина на постер
или пак отсекување без да се загрози квалитетот на сликата. Вграден е ISO од 100-25.600 ( со помош на
проширување до 50-102.400) го прави снимањето појасно, фотографирање во потполен
мрат сека е полесно него било кога претходно. Новиот систем на афтомацко
фокусирање и изоштрување во единаесет точки нуди надобри перформанси во ислови
на слаба осветленост досега понудена во некој Canon систем на афтомацко фокусирање. Со помош на фокусирањето
дури и во услови на EV-3, што
одговара на месечината, објектите остануваат фокусирани дури и во
најпредизвикувачките услови на осветленост, што на фотографите им нуди слободно
снимање на портрети и пејсажи во ноќни услови и бележење на атмосфера на
вистински сцени со минимална бучава.
Сензорот за полн кадар нуди поголема контрола над длабочината на полето при
снимање на портрет, што на фотографите им овозможува едноставно изолирање на
објектите со привлецно замаглена позадина. EOS 6D на фотографите им овозможува истражување на сите
потенцијални шитоко акоглни објективи EF и бележење на сите детали за широки пејсажи. Достапни се модели од 8
mm до 800 mm. Со тоа и моќен процесор за сликање DIGIC
5+ нуди бројни афтомацки нацини на
работа и креативни функции за снимање со кој во потполност се дополнуваат
рачните контроли им нуди ширко спектар на корисниците и потполна флексибилност.











No comments:
Post a Comment