Новата матична од страна на тимот на Gigabyte моделот Z77X - Ultra Durable 4, е конструирана така што има 11-фазно напојување коешто влече струја преку 8-пинскиот EPS конектор. Има дури три PCI-Express 3.0 x16 слотови, подржува Nvidia SLI и AMD CrossFireX. Друго што поседува е исто така три PCI-Express 2.0 x1 слотови и еден обичен PCI. Се приметуваат и двата SATA 6 Gb/s портови како и четрите SATA 3 Gb/s, кои сите се рачунаат како внатреншни портови. На овој модел се додадени и два SATA 6 Gb/s контролери, коишто дозволуваат приклучување и на eSATA 6Gb/s. Исто така имаат вклучено и комплетен сет од дури осум USB 3.0 портови, шест на задната страна и два на самата матична, за разлика од предходниот модел кој што имаше само четири. Што се однесува до цената оваа LGA1155 матична плоча би требало да си го зафати местото помеѓу Z77X-UD3H која што кошта 155$ и Z77X-UD5H која кошта 190$.












No comments:
Post a Comment