Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption


Breaking News

Test Footer 1

Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption


Monday, November 5, 2012

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

За подготвувањето во врска со Windows 8 оперативниот систем, производителите на секаков вид на лап-топ компјутери прават многу иновативни модели, кои се осетливи на допир. На некои модели екраните им се превртуваат,на некои пак се вртат, на трети пак можат да им се отстранат тастатурите со што ќе добиете таблет. Но новиот модел на HP го нема ниедното. Тој единствената разлика што ја има од сите други нормални лап-топ компјутери е што дисплејот му е осетлив на допир. HP Envy TouchSmart Ultrabook 4 кој би ве чинел околу 800$ доколку би сакале да го поседувате е неверојатно тенок, но сепак и прилично тежок, со слични спецификации како другите Ultrabook модели, со 1366х768 пикселен дисплеј.

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

Прилично е тешко да ги разликуваме Envy Spectre XT TouchSmart кој што не е сеуште пристигнат а ќе кошта 1,400$ па се до Envy Sleepbook 6 моделот кој кошта 580$, тие сите имаат прилично ист изглед. Се разликуваат само материјалите на изработка и компонентите, тежината и дебелина се разликуваат од модел до модел. Лошата работа е што овој модел многу потсеќа на Envy 4 само со екран на допир.
Ако не сте запознаени со Envy 4 тоа што треба да го знаете е дека тој лап-топ ги задоволува своите корисници за таа цена, но тој не е толку убав и издржив како што е на прв поглед. Целиот простор каде што ги одмарате дланките и околу тастатурата е направен од слој на алуминиум, што го имаме и во истиот случај кај црниот капак. Целиот долен дел е прекриен со мек слој на гума, кој што изгледа меко и не му дозволува многу да се лизга. За разлика од другите Ultrabook дизајни овој модел не е толку крут, дури и на некој места ако го стиснете ќе ви пропадне прстот.
Што се однесува до портови овој модел има многу, што би не изненадило за разлика од другите  модели во неговата класа. Тој има три USB 3.0 портови, придружуван со HDMI излез со нормална големина, слот за SD картичка, нормален излез за мрежна конекција на левата страна. На десната страна пак има еден USB 2.0 излез, 3.5 милиметарски излези за слушалки и микрофон, излезот за струјно напојување и копче за заклучување.

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

Овој модел има фантастичен екран на допир, рабоди извонредно со новиот Windows 8, без никакво закаснување. Не би сакале да го подигнете фаќајки го за екран, и користејки го како таблет бидејки е тежок скоро 2кг. Но во секој случај лесно може да се наместите на него ставајки ги палците од двете страни на дисплејот. Скролањето и зумирањето се многу лесни за употреба и тие се едни од главните по добри работи за овој лап-топ. Дисплејот пак со своите 1377х768 пиксели не е баш меѓу најдобрите. LCD екранот под маската изгледа прилично лошо. Лошите бои и ивици на иконите се само дел од мааните на овој дисплеј. Различни варијанти на зелената и на плавата боја се многу лоши и тешко е да се разликуваат, а и се гледаат голем дел од пикселите на вертикалните редови. Хоризонталните гледања пак не се многу лоши ама па не се ни нешто добри. Лош е заштитниот дел на дисплејот, многу од отпечатоците од прстите се задржуваат на него, ама тоа се очекува од дисплеј на допир. Аудио опремата на овој лап-топ е катастрофална, двата мали звучника се со многу слаб квалитет на продукција на музика.

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

Иако тастатурата е комплетно опремена со со копчињата Home, Page Up, Page Down и End на десната страна на тастатурата, придружувани од сет копчиња поставени паралелно со тастатурата над неа. Сепак неразбирливо е зашто HP го има ставено копчето за гасење на WiFi мрежата одма до Mute копчето, нема во темница да ги промашите едно со друго бидејки тие кога се вклучени различна боја на светење имаат. За само 20$ можете фабрички да добиете целосна LED подршка на тастатурата, единствената маана во оваа работа што мора да се има е тоа што неможе да се смени бојата на светење, само може да биде упалено или изгаснато. Општо земено тастатурата не е лошо конструирана. Не е толку комфортна како на Spectre XT која што е слична како на MacBook на Apple. Кога е стиснато едно копче иако не пропаѓа доволно како кај Spectre XT, ниту пак се толку меки и лесни за стискање, добиваме прилично добра(бар на изглед) тастатура.

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

Замената за маус на овој модел е прецизна и многу нежна што ја прави лесна за употреба, можеби не толку прецизна колку што е осетливиот екран, но сепак добро ја завршува работата како селектирање, скролање итн. Има опции дури и за гестови со три и четири прсти.

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

За 800$ овој модел доаѓа со 1.8GHz Core i-3 3217U процесор, итегрирана Intel HD 4000 серија на графичка, 500GB слободни за вашите податоци придружуван од 32GB SSD диск. Има опција и за 1.7GHz Intel Core i-5 3317U процесор место веќе постоечкиот за само 75$ доплата, плус добивате уште 2GB RAM на веќе постоечките 2GB. Ако мислите дека му се доволни 4GB RAM на овој лап-топ грешите, бидејки самиот Windows 8 влече околу 1.6GB без никаква апликација во позадина да работи. Повеќето од новите Ultrabook модели не се препорачливи за користење за видео-игрици, овој модел не е исклучок. 12 секунди се потребни за да се подигне оперативниот систем, во тој поглед е одличен, иако после подигнувањето треба да пројде уште краток период за користење на апликации.

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

Кога доаѓа збор во врка со издржливоста на батеријата, повеќето Ultrabook модели се покажаа прилично добро, не земајки ја во предвид дебелината, тие успеаа да издржат од 5 до 7 саата ако се полнети правилно и кога треба. Овој модел имате четири солидни часови за употреба откако ќе го извадите од полначот, со сите тие апликации кои работат во позадината. Во врка со загревањето, кулерите на овој модел се извонредни. Тие го чуваат овој лап-топ комплетно оладен.

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

Во случајот на HP Envy TouchSmart Ultrabook 4 буквално можете да и судите на 'книга-та според своите корици'. Многу добро дизајниран, доволно моќен, со интересна цена, но сепак би рекле дека е малце здодевен. Но сепак прави добра презентација на екранот на допир како работи со Windows 8. Ако дизајнот и цената ве привлекува тогаш ова е тоа што го барате, ништо друго не е до толку импресивно направено. Ако дефинитивно сакате да имате лап-топ со екран на допир, ако сеуште немате Ultrabook, ако немате многу за пари за трошење, тогаш овој лап-топ е дури и повеќе од доволен.


Share This
Blogger
Facebook
Disqus

comments powered by Disqus

No comments:

Post a Comment

Subscribe
Labels
Popular Posts

Subscribe Via Email

About Us

Advertisment

Like Us

© Онлајн Свет All rights reserved | Designed By Seo Blogger Templates