Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption


Breaking News

Test Footer 1

Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption


Thursday, November 22, 2012

HTC Droid DNA

Големите телефони стануваат се поголеми. Овој тренд не изгледа ни од далеку дека пропаѓа, а новиот HTC Droid DNA е новиот член на групата со големи телефони. Со многу добра цена од 200$, тој има многу повеќе да понуди од она што го гледаме. Има огромен 5 инчен дисплеј кој продукцира вистинска 1080р резолуција. Но HD дисплеј не е она што го прави еден телефон најдобар, тој исто така изненадува со својот quad-core процесор, 8MP камера, и е одржуван во живот од страна на Android 4.1 Jelly Bean софтверот. Овој нов модел би требало да им се спротивстави на Samsung Galaxy Note II, Motorola Droid RAZR HD, RAZR Maxx HD и секако на новиот Apple iPhone 5. Дали Droid DNA го има тоа што е потребно да се истакне од оваа група на телефони или неговиот одличен дисплеј едноставно ќе се изгуби помеѓу перформансите на конкурентите тоа останува да видите понатаму.

HTC Droid DNA

На прв поглед DNA изгледа слично како другите телефони, голем дисплеј сместен на тенка маска која што во внатрешноста има моќни компоненти, но не и исто. Тој малку се истакнува со црвената украсна боја која што е на местото на звучникот, на страниците и околу задната камера. Во никој случај неможе да се каже дека не е привлечен овој телефон, но сепак не е кој знае што. Солидно сместени компонентите во слична маска како онаа кај HTC One X и One X+, и се е пластика за разлика од EVO 4G кој што има алуминиумски делови. Тоа го прави малце по сигурен на изглед. Во секој случај тоа што го нема металот го прави за нијанса полесен од оние кој го имаат, тежок само 142гр. со оглед на тоа што има 5 инчен дисплеј би помислиле дека би требало да е прилично потежок. Сепак иако е голем може да се користи лесно со една рака поради тенките ивици. Димензиите му изнесуваат 14cm висина на 7cm ширина што го ставаат дефинитивно меѓу поголемите телефони од својата група, иако не е поголем од One X и EVO 4G.

HTC Droid DNA

HTC Droid DNA навистина блеснува кога станува збор за неговиот дисплеј. Неговиот 5 инчен Super LCD 3 дисплеј го прави првиот телефон со 1080х1920 пиксели во Америка. Едноставно нема грешка во дисплејот, просторот помеѓу LCD дисплејот и стаклото што го заштитува е толку мало што изгледа дури како иконите да лебдат, така добро е направен што нема шанси да се примети ниту еден пиксел колку и да би пробувале. Со бои кој што би ве оставиле без здив, кога станува збор за овој телефон кој што ја има истата резолуција како некој од новите HDTV телевизори. Тој нема проблем кога се наоѓа на дневна светлина, и од секоја гледна точка дисплејот се гледа супер. Прилично долго се сметаше дека HTC One X го има најдобриот дисплеј, се додека HTC не го промовираше Droid DNA, тој едноставно мора да се види во живо за да може да се објасни супериорноста.

HTC Droid DNA

Што се однесува до камерата HTC го има опремено овој модел со две камери, едната на предната и другата на задната страна. Предходно спомнатата 8MP задна камера и 2.1MP предната камера која што може да снима 720р HD видеа(позајмена од Windows Phone 8X), и има многу добар агол на снимање, тоа значи дека можете да ја соберете и да се гледа целата фамилија додека имате видео повик со некој друг.
Задната камера пак е опремена со HTC ImageSense чип и софтвер, кој што овозможува сликање и снимање во 1080р, дури има и опција додека се снима да може да се слика без да се смета на снимањето. Оваа камера може да се каже дека е најдобрата во својата класа за производителите на Android телефони. DNA опремен е и со ново копче за сликање/снимање, кое што прави полесен пристап до камерата, исто така има и полесен пристап до предната камера и до зумот. Сликата што следи е сликана со Droid DNA додека се снима видео.

HTC Droid DNA

Што се однесува до софтверот на HTC Droid DNA (Android 4.1.1 Jelly Bean) вклучувајки го новиот HTC Sense 4+ интерфејс. Sense 4+ е многу сличен на Sense 4 и изгледа познато на секој кој што го има видено интерфејсот на овогодинешниве HTC модели. HTC го дизајнира Android софтверот на секој свој модел. Дали ви се свиѓа промената на HTC повеќето од апликациите доставени и сменети можете да ги исклучите но не и да ги избришете од меморијата на телефонот која што изнесува 16GB(11.5GB се достапни за користење на прво вклучување на телефонот). Една работа е сигурна а тоа е дека Droid DNA повеќе заликува на телефон за разлика од Samsung Galaxy Note II којшто прави малце да се осеќате дека користите таблет.

HTC Droid DNA

HTC го опреми својот нов модел со Qualcomm Snapdragon S4 Pro quad-core процесор, клокиран на 1.5GHz кој што е спарен со 2GB RAM меморија. Тоа се истите компоненти кој што ги видовме кај LG Nexus 4 и Optimus G. Дури и покрај овие перформанси Droid DNA понекогаш има проблеми и највеќе се осеќа кога се скрола поготово кога се користи Google Chrome, скролањето не е толку лесно колку што би требало да биде за смартфон со вакви перформанси. DNA доаѓа со батерија која што неможе да биде сменета кога ќе се испразни. Батеријата на овој модел не му е една од подобрите страни со тоа што сигурно би требало да се пуни еднаш до два пати дневно, сепак таа резолуција и тој интернет со таа брзина мора да повлечат малце повеќе.

HTC Droid DNA

HTC Droid DNA прави многу добра работа така што ве импресионира на почеток кога ќе го погледнете. 1080р дисплејот е одличен, дизајниран е така што не се оставаат отпечатоци на него и го има еден од најбрзите процесори кој што би го нашле во смартфон во ова време. Но само што ќе погледнете понатаму неговите маани излегуваат на виделина. DNA нуди дури и премногу за цена од 199$, иако сеуште не се знае дали ќе го имаме во европа. Многу не издржливата батерија и проблемите со кочењето на моменти се еден голем минус во убавиот на лик Droid DNA. Самиот дисплеј неможе да надомести за неговите останати проблеми сепак, сеуште останува во избор Samsung Galaxy S III како и Motorola Droid RAZR HD. Но ако морате да бидете тој со најдобриот дисплеј тогаш HTC Droid DNA е за вас.











Share This
Blogger
Facebook
Disqus

comments powered by Disqus

No comments:

Post a Comment

Subscribe
Labels
Popular Posts

Subscribe Via Email

About Us

Advertisment

Like Us

© Онлајн Свет All rights reserved | Designed By Seo Blogger Templates