Муабетите за iPad Mini се стари можеби колку и самиот iPad, но не се знаеше за сигурно дали тие муабети се вистинити. Надевањата беа дека ќе Apple ќе промовира нов помал но сепак доволно моќен да го надмине својот предходник, но лесно да може да се држи во една рака.
Ова е тоа. Ова е новиот iPad кој што има големина од 7.9-inch односно 20цм, изненадува со својата ниска цена од 329$, резолуцијата на дисплејот е иста со на iPad 2, но само помал е дисплејот. Заклучокот е дека не само што е помал туку е и многу поефтин од својот предходник. Цената се однесува за основниот модел 16GB WiFi. Во опција се и 32GB WiFi, 64GB WiFi, 16GB AT&T 4G, 32GB AT&T 4G, 64GB AT&T 4G и 16GB Sprint 4G.
Ова е тоа. Ова е новиот iPad кој што има големина од 7.9-inch односно 20цм, изненадува со својата ниска цена од 329$, резолуцијата на дисплејот е иста со на iPad 2, но само помал е дисплејот. Заклучокот е дека не само што е помал туку е и многу поефтин од својот предходник. Цената се однесува за основниот модел 16GB WiFi. Во опција се и 32GB WiFi, 64GB WiFi, 16GB AT&T 4G, 32GB AT&T 4G, 64GB AT&T 4G и 16GB Sprint 4G.
Apple сакаа да бидат јасни на промоцијата дека ова не е само смалена верзија на првичниот iPad туку овој доаѓа и со нов дизајн на рамката, додека сите четири генерации на iPad немаа многу голема разлика помеѓу себе, но на iPad Mini задниот дел изгледа комплетно по различен од другите со својата алуминиумска заштита, всушност целиот изглед е сосема освежен и подновен. Самиот изглед е многу по заоблен од предходникот, правејки го по оштар на ивиците, правејки го полесен за држење и носење, и воедно отстапување повеќе место за батеријата.
Секако дека тоа што е помал го прави и далеку по лесен, правејки го за повеќе од дупло полесен односно тежината на оваа верзија изнесува 308грама. Во секој случај е и многу по тенок за неколку милиметри, а целосната големина изнесува 200х135мм. Во внатршноста на овој подновен производ се наоѓа 7.9 инчен, 1,024х768 IPS LCD дисплеј со многу помали рамки од предходникот. Местото на копчињата е познато, но сепак поразлично. Копчињата за подесување на тон се на горната десна половина. Копчето за палење се наоѓа горе, и е слично како на предходните модели, на другата страна има 3.5мм простор за вклучување слушалки(за разлика од секој друг Apple производ каде тој простор се наоѓа на долната страна). Левата страна е празна. На долниот дел се наоѓа звучникот, којшто е прилично гласен но сепак далеку од идеален звукот, препорака е сепак да се користи со слушалки. Како и кај своите предходници така и кај овој модел на iPad не се вклучени слушалки. Единственото копче на предната страна се наоѓа на долниот дел од рамката, точно на средина, смалено малце за разлика од предходниците, всушност тоа е и помалу дури и од на моделите на iPhone. На задната страна се наоѓа само 5MP iSight камера позицирана во горниот-лев ќош, поврзана со предната 1.2MP FaceTime HD камера која се наоѓа над дисплејот.
iPad Mini е подржуван од dual-core 1GHz процесор со 512MB рам меморија, исто како својот предходник. Перформанисите му се одлични со оглед на тоа дека е смален. Но во поглед на издржливата батерија се покажува по добар од сите други таблети. Камерата се покажува одлично, не колку на новиот iPhone 5(8MP), иако нема никоја од новите функции на iPhone 5 како на пример панорамското сликање, но сепак има задоволувачка слика како за таблет. Видео снимањето на 1080p изгледа феноменално, иако треба да сте многу смирени за да не биде замаглено, а и пожелно е да биде сликано или снимано во доволно осветлена просторија за да се извади максимумот.
Заклучокот е дека ова не е единствениот таблет на Apple направен поефтин, ова не е само смалена верзија на првичниот iPad, ова е во многу погледи најдобриот таблет кој што Apple го има направено до сега, тенок, лесен, очигледно добро конструиран таблет кој што има прилично издржлива батерија. Можеби перформансите не се како на другите нови производи на Apple, можеби и дисплејот ја нема најдобрата резолуција, но сепак за 329$ овој производ има што да понуди повеќе од останатите таблети на Apple. Со привлечна цена, уникатен дизајн, исто така со најдобрата подршка во врска со апликации. Можеме сите да се согласиме дека ова е еден стварно неверојатен таблет.















No comments:
Post a Comment