Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption


Breaking News

Test Footer 1

Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption


Tuesday, November 6, 2012

iPhone 5

Новиот модел на iPhone 5 доаѓа во многу подобро издание. Се што би требало да има плус, тој ги има, побрз, попаметен, по тенок и многу полесен. Има подобрена камера, поголем дисплеј со поголема резолуција, и опасен дизајн. Ама во глобала тоа е iPhone кој што веќе го имаме видено. Apple iOS 6 софтверот кој се нема многу подобрено, но сепак се има, дизајнот пак наликува на својот предходник iPhone 4S.

iPhone 5

Можеби ќе помислите дека веќе го имате видено овој модел, но верувајте ми, се додека не го фатите во рака, не сте го запознале сеуште. Иако првичниот дизајн многу потсеќа на предходниците iPhone 4 и iPhone 4S, вистинските компоненти, материјалот на изработка, големината и тежината го прават сосема друг телефон.
iPhone 5 го има скоро истиот облик како претходникот, кој што има заоблени ивици, и со метална заштита по страните. Овој модел се разликува со тоа што целиот е направен од алуминиум обложен со стакло. Промената одма се осеќа кога ќе го фатите во рака, исто така и тоа што е многу полесен. Тежината која изнесува 110гр во однос на предходникот 140гр има осетлива разлика. Тоа го прави да се осеќа не довлно тежок кога ќе го подигнете.

iPhone 5

Комбинацијата на смалената дебелина со малата тежина го прави на некој начин помал во рака, иако е подновен со новиот 4 инчен дисплеј. Apple исто така го премести излезот за слушалки на долниот дел од телефонот, дупката каде што стои звучникот е малце по нежна за разлика од . Иако изгледа многу како другиот модел, ова е сепак нешто многу подобрено, на прв поглед добивате чувство дека има многу квалитетна изработка.

iPhone 5

Во внатрешноста на iPhone 5 ќе најдете, нов dual-core кој работи на 1GHz, 1GB RAM, имате избор помеѓу 16,32 и 64GB моделите, WiFi, GPS, сите подобрени за малце од 4Ѕ. Нова 8MP камера од позади и 1.2MP предна камера.
Како што веќе кажавме Apple го има многу подобрено дисплејот на својот нов модел, зголемен на 4 инчи(има 3.5 инчен дисплеј) иако многу луѓе се бунтуваа кажувајки дека 3.5 инчниот екран е сосема доволен. Новиот дисплеј се има многу подобрено во поглед на приказот на боите, продукцира по светли бои од предходниците, а исто така и потемна црна боја.
Звукот на новиот модел е перфектен и кристален, доаѓајки од двата звучника како и од слушалките. Дури три микрофони се вградени во овој модел за да се намалат звуците од позадината и да се слуша само гласот на тој што збори.

iPhone 5

Може да се каже дека новата камера на овој модел е една од најдобрите камери до сега ставени во мобилен телефон иако е 8MP. Сликата што ја вади е перфектно чиста, ултра дефинирана, едноставно нема грешка. Не разочарува дури ни 1080p видео снимањето, снимајки не треба до толку да обрнувате внимание во врска со тоа дали се мрдате, Apple го имаат решено тој проблем. Предната камера исто така изненадува со својата ефикасност. Софтверот во врска со камерата не е многу променет, го има сеуште интересниот панорама мод за сликање, кој што откако ќе сликате ви дозволува лесно да ги разгледувате фотографиите.

iPhone 5

Што се однесува до перформансите би рекле дека очекувано е да е побрз од предходникот, Apple секоја година успева да се бутне себе си со новите модели правејки ги побрзи. Нема премногу голема разлика меѓу и овој модел, бар не до толку приметлива. Има приметлива разлика кога се играат видео-игри. Генерално има одлични перформанси. 
Една од подобрите работи кај овој модел е тоа што иако е многу тенок, Apple сепак има направено одлична батерија за него, дури и го надминува во тој поглед.

iPhone 5


Има толку многу да се зборува во врска со новиот iOS презентиран во овој нов модел на iPhone. Новиот оперативен систем на овој модел ги исполнува сите очекувања: едноставен е, брз е и лесен е за разбирање, едноставно кажано најдобриот iOS до сега ставен во телефон. Новата апликација за мапи во светот е многу подобрена, брзо работи и сега покажува точно каде треба да свртите и слични работи кој што помагаат во снаоѓање. Во врска со апликацијата за електронска пошта во глобала не е сменета. Популарната апликација Siri е многу подобрена, побрза е во наоѓање работи, иако сеуште не е излезена од својата бета верзија. Таа сега може дури и да ви објавува статуси на Facebook и Twitter, може да ви отвара апликации, да ви дава резултати од спортски настани, детални информации за филмови.

iPhone 5

iPhone 5

Без ни малце недоверба iPhone 5 е најдобриот iPhone до сега направен, а и за повеќето луѓе е и најдобриот smartphone направен досега. Помеѓу новиот дизајн, ултра брзиот интернет и долгиот животен век на батеријата тешко да најдеме нешто што нема да го сакаме. Покрај проблемите со мапите и со уште неколку други апликации, не треба ни да се помислиме на момент, Apple има направено ѕвер заробен во телефон. Цената се движи од 400$ за првичниот 16GB модел, 500$ за 32GB моделот и 600$ за 64GB моделот.


Share This
Blogger
Facebook
Disqus

comments powered by Disqus

No comments:

Post a Comment

Subscribe
Labels
Popular Posts

Subscribe Via Email

About Us

Advertisment

Like Us

© Онлајн Свет All rights reserved | Designed By Seo Blogger Templates