Многу од вас имаат дома барем два компјутера, ако не и повеќе. Пројде времето кога купувавме еден компјутер и во недоглед го надофрадувавме истиот, менувавме компоненти и пробувавме штое е можно подолго да го користиме. Порано компјутер се купуваше на 4 до 5 години, а можеби и поретко, додека денес тој циклус е многу пократок-скоро дупло. Тоа може да им „заблагодариме“ на компонентите кој е далеку по јаки но и побрзи за разлига од тогаш. Па погледнете ги да речеме преносните компјутери. Нивниот „рон на траење“ од прилика изнесува две до две ипол години односно додека не им истече гаранцијата. Desktop компјутерите се нешто поиздржливи за разлика од преносините компјутери бидејќи не се пренесуваат, помалку се загреваат у друго, но и тие не се неуништиви. Доколку ги занемарите разните кварови на поединечни компоненти, останува дека технологијата денес многу брзо се менува. Можда дури и пребрзо а последица на тоа се компјутерите кој пребрзо стануваат преспори, преслаби и завршуваат некде во некој ќош и фаќаат прашина. Верувам дека повеќето од вас имаат бар еден таков компјутер дома.
Тука станува збор за компјутер во рангот на Pentium 3 и 4 еднојадрени процесори со 128-DDR RAM мал тврд дицк од 40 до 160 GB слаба графичка картичка и слично. Можда веќе е време да ја избришете прашината од нив и да ги освежите со Linux оперативен систем и да ги направите функционални. Да. претпоставувам дека денес имате „ѕвер“ од компјутер и тој ви е доволен, но сепак старите компјутери може да ги користите за некој други цели како на пример: backup.
Кој Linux да го одберете.
Рака на срце, Microsoft оперативниот систем Windows не е идеален. Можеме да се сложиме дека Windows XP беше одличем и дека „седмицата“ е добра, но сепак секој ден, па дури и новите компјутери работат се по споро-тоа е тешко да се сопре. Дури и ако на компјутерот не инсталирате нови апликации и не симнувате „глупости“ од интернет-тоа е како борба со ветерници. Да се избегне сето тоа логичен начин е да се инсталира Linux дистрибуција на вашиот компјутер. Пред да почнете да се буните дека несакате да работите на Linux или дека Linux нечини прочитајте го остатокот од тексотот. За вас издвоив 6 вида на Linux дистрибуција кој се доста „лесни“ и можат во потпуност да го искористат стариот хардвер и притоа да функционира како да е компјутерот нов-или барем понов бего што бил претходно.
Xubuntu- Како што и самото име кажува се работи за Ubuntu кое користи Xface работна околина. Главна цел на Xubuntu е лесно користење, мала потрошувачка на ресурси, интегрираност и искористливост. Баш она што ни треба-што подобра искористливост на ресурсите кој се прилично скромни и не може да се менуваат. Исто така оваа верзија не бара многу RAM меморија, па дури и кај оние кој имаат 64 или 128 MB RAM меморија нормално ќе функционира. Би ја препорачал верзијата 9.04 или 9.10 поради веќе наведените причини, а и споменатите верзии сосема нормално функционираат и ги имаат на располагање скоро сите пакети, односно апликации како и „нормалниот“ Ubuntu! Некој ќе му замери на Xubuntu за тоа што не е user-friendly како базната верзија, али тоа не би требало да биде огромен проблем за просечните корисници, па дури ни за почетниците.
Puppy Linux- Linux со убаво име, а наменет за оние стварно лоши и скромни компоненти. Единствени хардверски побарувања се да имате 32 MB RAM меморија и ништо повеќе. Добро, нормално и тврд диск на кој ќе можете да го инсталеирате оперативниот систем. Оваа дистрибуција ја разбил Barry Kauler со својот тим, а специфична е поради тоа што доаѓа со неколку апликации за општи и посебни намени, AbiWord (нешто како Word само со скромин можности), Gnumeric (табличен едитор), MPlayer (за мултимедија), а нормално е дека може да се инсталираат и други додатни апликации. Само да знаете дека ова ви е првиот избор доколку на компјутерот не сакате да користите Windows 95 или 98.
Zenwalk- Linux базиран на Slackware верзијата, но веќе од самиот старт се разликува од Slackware и оди во еден потполно друг смер. Zenwalk сака да биде модерен Linux, неодредена потреба и ќе им се допадне на оние кој не бараат премногу односно не бараат повеќе од мултимедија, сурфање на интернет и програмирање. Оваа верзија ќе бите супер за програмерите на кој компјутерот им служи само за пишување на линии код и тестирање на истите. Последната верзија 7.0 со себе носи подобрен интерфејс за разлика од предџодните верзии, како и некој специфични алатки кој се копија од Slackware. Пакет менаџерот користи netpkg, те. .tgz форматен пакет.
EnGarde Secure Linux - За оние кој планираат од својот стар компјутер да направат сервер постои посебна верзија на Linux дистрибуција - EnGarde Secute. Во потполност е бесплатен а го развила компанијата Guardian Digital (пионири во сигурноста за open source оперативни системи). Доаѓа со специфичен софтвер за заштита на серверот (компјутерот), со алатка за Web Hosting, DNS, email, anti-virus, network management.... Све се работи преку терминал, што претставува најголем проблем за почетниците и ќе им биде потребно некое време додека се навикнат да работат со него. Постојат некој додатоци за да се управува преку графички интерфејс со компјутерот, но прилично се лоши и не се потполно искористливи. Но во секој случај добра Linux дистрибуција за они кој сакаат да прават сервер дома.
Fedora - Иако се смета како „бизнис“ верзија на Linux. Fedora дистрибуцијата може да ја котистат сите профили на корисници, а посебно они кој што се во бизнис секторот. Таа репутација ја има стекнато поради неколку добри бизнис алатки, но тоа е само какпка во морето од софтвер кој го нуди оваа Linux дистрибуција. Базирана е на RPM(пакетен менаџер), а развојот го спонзорирал Red Had компанија која поседува своја верзија на Linux. Fedora е супер заради идличната искористеност, лесно користење, но искрено кажано бара мн рам меморија 512 MB. Останитот хардвер ќе го искористи што е можно подобро и исто така претставува добар избор за старите компјутери.
Mandriva - Linux кој е специфичен по својот „контролен центар“, преку кој со леснотија се управува со сите сегменти од Linux дистрибуцијата. Интересно е што скоро сите алатки се нарекуваат Drake (затоа што Mandriva најпрво се викала Mandrake), па според тоа можете да распознавате за што служи одредена алатка- drakeconnect, dickdrake, mousdrake.....
Воедно Mandriva е одлична доколку имате намера првенствено да ги користите алатките за уредување на разни документи, конвертирање на еден формат во друг и слично. Не е наменет за користење на некој сложени графички апликации, но све останато може да „поднесе“ и на располагање имате за симнување голем број на корисни апликации.
За што го користите компјутерот?
Нормално дека овие 6 Linux дистрибуции не се единствените кој можете да ги користите но се доста интересни и корисни. Постојат уште многу Linux дистрибуции но нормално неможеме тука сите да ги претставиме па затоа ги избравме оние најинтересните.
Кај гореспоменатито EnGarde Secure Linux кажавме дека намената му е многу јасна. Оваа дистрибуција е најдобро да ја користите доколку сте адмистратор на некоја web среаница, имате блог или се бавите со web дизајн. Не мора да биде само сервер, но најдобрите алатки се наменети за сервери, но со пар стотина симнати мегабајти може све да се измени. Кога сме веќе кај адмистрирање на web страници, на располагање ви стојат алатки наменети баш за WordPress Blogspot и останати блог сервиси, а ќе ви помогнат бо полесно водење на страната/блогот, полесно прикачување на содржина, администрација на истите, дистрибуција на слики и останати податоци. Но тоа е само една намена.
Стариот компјутер исто така може да се користи и намени за мултимедија, иако можеме на далеку да разглабаме што е тоа мултимедија. Се држиме дека дефиниција за мултимедиски компјутер е наменет за дистрибуција на забавна содржина и тамо првенствено чуваме филмови, видеа, музика и слики.
Linux дистрибуцијата доаѓа со мал број на инсталирани алатки, а пота вие самите по ваша желба си симнувате она што ви е потребно. Linux e open source претавиен систем што значи дека све вас ви е бесплатно. Од текст едито па се до алатки за 3D моделирање. Поголемиот борој од нив може да ги најдете во веќе вградениот центар, означете ги и стиснете Install. Тоа е тоа. Постои и рачно инсталирање но за тоа нема да зборуваме сега.
Да се вратиме на мултемедијата. Linux поради добрата искористеност може да ги придвижува сите видео формати без поголеми потешкотии, што му претставува и најголема предност. Тоа се однесува на HD и Full HD филмови за кој иначе треба добра графичка картичка и прилично многу ресурси. Исто така нема потреба од инсталирање на дополнителни датотеки и кодеци, при што при инсталирање на софтверот за гледање филмови ќе можете да ги означите сите датотеки и кодеци и мирни сте за понатаму. Доколку дојде до некој нов формат во меѓувреме, Linux сам ќе го пронајде, ќе го инсталира и ќе го користи во иднина. Освен за филмови одлични се и за слушање музика, односно за сортирање на вашите музички колекции, снимање на истите преку апликација за слушање на MP3...лесно можете сето ова да го правите преку својот „нов“ компјутер, но зошто да немате нешто вакво во просторија во која никогаш не би ставиле компјутер. Како на пример во кујна или некоја работна соба во која не ви е примарна работа да имате компјутер но сепак може да го имате па макар и никогаш не би го користеле.
Понатака, сурфање на интернет и алатки за уредување. Старите компјутери може да се пренаменат така што би бил по функционален и на него можете да направите што сакате, а истовремено тоа да не е играње на видео игри нити користење на нкоја апликација за обработка на звук или слики. Linux може да ви понуди лесен Office Suite (LibreOffice или OpenOffice), голем број на пазлични web пребарувачи, email клиенти audio/video players. Доколку имате некој член на семејството кој сака да се научи да работи на компјутер, а за тоа претходно немале никакви афинитети или прилики, ова е идеално време да почнат. Новите корисници сигурно нема да ја приметат разликата помеѓу стариот и новиот компјутер, а наместо Windows, прво ќе го запознаат Linux како оперативен систем што и не е така лоша идеа. Најголемиот број на алатки се супер, бесплатни се и одлични за учење поради тоа што немаат илјадници додатни можности што може да ги збуни поедините корисници, не само почетниците него и тие поискусните. На тие компјутери може да се програмира да се учи некој програмски јазик како (Java,C++,C#...),а најдобра работа е што доколку имате мали деца или брат/сестра што нема да можат да играат игри на таков компјутер и можеби времето кое го поминуваат на компјутер ќе биде по продуктивно и подобро искористено.
За во потполност го искористите вашиот стар компјутер не мора да користите Linux дистрибуција но тој секако е по пригодлив и поедноставен за подесување од Windows 95 или 98, кога они ќе имаат проблем со недостиг на ресурси, а да не збоуваме за иснталација на софтвер која може да биде ноќна мора. Linux на некој начин се прилагодува на ресурсите и го влече максимумот од нив а тоа е она што ни е потребно. Бесплатните апликации се само бонус, мали се, функционални 99% од потребите ќе може да ги извршите на нив. Одозгора на тоа нема да морате да се грижите за кршење на законот и крадење на интелектуална сопственост бидејќи е све „отворено“ и не омра да се кракира и да се заобиколуваат било какви ограничувања. Секако горе палец за Linux дистрибуцијата и за нејзините способности за оживување на старите компјутери. Се надевам дека сето ова нема да остане само во овој текст, него ќе гу „оживеете“ вашите стари компјутери и ќе ги користите на дневна база.
















No comments:
Post a Comment