Иако Nokia се сконцентрирани да го промовираат Windows 8 кај својот нов модел Lumia 920, сепак и овој модел не изгледа лошо со оглед на тоа дека е помал и по ефтин. Со својот 4.3 инчен ClearBlack дисплеј, microSD слот за картичка и батерија која што може да се извади дефинитивно е тоа дека Nokia со овој модел целат да придобијат различна група на купувачи за разлика од моделот 920.
При прв допир имаме осет дека држиме во рака една рамна плочка, лесно може да се нарече досаден на прв поглед, но во внатрешноста и при детална инспекција се уверуваме дека нема грешка во дизајнот на Nokia. Моделот 820 исто така е многу комфортабилен кога ќе го фатите во рака, заоблените ивици не ви се забодуваат во рацете при држење што го прави прилично комфортен, тој исто така доаѓа и во различни бои. Додека моделите 800 и 920 од Lumia серијата имаат заоблен дисплеј, овој 4.3 инчен дисплеј не само што е прав туку е и AMOLED сличен како оној што можеме да го видиме кај модел 900. Од напред покрај вообичаените копчиња за еден Windows 8 телефон тој има и предна камера, Nokia ги има ставено своите копчиња коишто можеме да ги најдеме кај скоро секој друг нивни телефон од левата страна со што им оставаат место на копчињата за заклучување, повишување и смалување на тон и копчето за камерата од десната страна. Дизајнот на копчињата се гледа дека е солиден и дека нема грешка во нив или пак во квалитетот. На горната страна се наоѓа 3.5мм излез за слушалки, а на долната страна се наоѓа просторот за microSD картичка, а до него звучникот. Звучникот е изненадувачки гласен со оглед на својата големина. Кога се користат слушалки телефонот не дозволува да се подеси гласот над 20 од можни 30 пред да се прифати сигурносната порака дека може да дојде до оштетување на ушите.
Иако Windows 8 преставува подршка за поголеми резолуции, овој модел со својот 4.3 инчен AMOLED дисплеј со разочарувачка 800х480 резолуција(за споредба моделот Lumia 920 користи 4.5 инчен заоблен дисплеј со 1280х768 резолуција). Сепак боите на Windows 8 изгледаат одлично и прилично светло, а пак црната боја е стварно црна на дисплејот, резолуцијата ни кажува дека не се користи максимумот од 4.3 инчниот дисплеј. Моделот на HTC 8X, кој што исто така користи Windows 8 во истиот 4.3 инчен дисплеј има резолуција од 1280х720 пискели. Аглите на гледање во телефонот се перфектни, речиси од сите страни исто се гледа, дури и на намалена осветленост боите стварно изгледаат супер. Една од поинтересните опции што се однесуваат за дисплејот е тоа што може да се подеси оселтивоста на дисплејот, со тоа што кога би носеле ракавици, би можеле слободно да го користите телефонот како и без нив.
Во овој модел на Nokia прилично клучен е софтверот. Има многу ексклузивни апликации, од сите видови. Слотот за картичката е регуларен и нема потреба од форматирање и замарање да се направи за да работи со овој модел, уште при првото вклучување на телефонот имате опција да изберете каде да ви ги зачувува податоците, дали во мемориската или во телефонската меморија. Тој исто така има и многу подобрувања од внатре, како на пример убрзано е времето за покренување на некоја апликација. Новиот dual-core 1.5GHz Qualcomm S4 процесор, истиот кој што можеме да го најдеме и кај моделот 920, му овозможува на 820 буквално да лета низ системот и апликациите без никакви проблеми. Сепак сеуште Windows 8 е многу далеку од Android кога станува збор за квалитетните апликации, ама сепак времето си го прави своето. Иако има нешто повеќе од 120 илјади апликации моментално, сепак има време додека да се наполни со квалитетни и корисни апликации.
Реалноста е дека на некој може да му се допадне тоа што го има во различни бои, а некој пак сепак би го купиле моделот 920. Доколку би сакале Nokia телефон со Windows 8 оперативен систем на него а сепак не толку гломазен како 920, моделот 820 е таа опција, но сепак HTC 8X ги победува и двата модела во големина и корисност, но без да изгуби на перформанси. Со само 50$ разлика помеѓу моделите 820 и 920, тешко е да се каже дека на овој модел би заштедиле пари. Има неколку одлични работи кај овој модел вклучувајки ги ексклузивните апликации и силниот звучник, но доколку не би ви било проблем гломазноста на моделот 920, во тој случај изборот би бил очигледен.














No comments:
Post a Comment