Новата GeForce GTX 650 Ti на Nvidia е дизајнирана така што треба да ја пополни празнината помеѓу GTX 650 и GTX 660. Nvidia имаа 3 нови промоции на графички во последниве 2 месеца, сите базирани на Kepler архитектурата. Денеска ви ја презентираме четвртата, а и последна графичка за оваа година(за статични конфигурации).
Има поголема разлика во цената помеѓу моделот 650 и 660. 650-ката чини 120$, а својот поскап наследник 230$, така што пристигнувањето на 650 Ti не би требало да не изненади. Секако и треба на Nvidia нешто да им се спротивстави на новите графички од AMD, Radeon HD 7770 и 7850, додека унапредувајки ја својаа 560 GTX. Иако Radeon HD 6850 и 6870 се сеуште тука некаде, со атрактивна цена и слични пефроманси. 650 Ti треба да се покаже супериорно за да ја докаже својата цена од 150$. Новиот кандидат сепак има неколку делови на својот GK106 процесор, кој што го видовме и кај 650 GTX и 660 GTX.
Во споредба со GeForce GTX 460, 560, 650 и 660 би изгледало вака:
Повеќето спецификации на 650 Ti завршуваат некаде помеѓу веќе претставените 650 i 660, освен во меморијалниот подсистем каде што е идентична со 650 GTX, 128-bit.
Новиот кулер со димензии 14.6cm на 10cm наликува на стариот заден дел од GT 430 моделот. Без оглед на димензиите и на својата не компактност, сепак ова е една прилично брза графичка.
Референтниот дизајн на Nvidia е опремен со 1GB GDDR5 меморија. На задната страна од графичката ќе наидете на прилично гола основа, која е пополнета со мемориски модули кај поскапиот модел со 2GB GDDR5 меморија. Регуларно меморијата работи на 1350 MHz, со неверојатна ефикасност од 5400MT/s(милиони трансвери на податоци во секунда). GK106 процесорот на графичката работи на 925MHz, и не постои опција за забрзување, слично на веќе виденото на 660 GTX.
Чудното е тоа што добиваме само еден HDMI порт, придружуван со два dual-link DVI портови, за разлика од другите Kepler базирани графички кој подржуваат дури и до четири монитори во исто време.
За ладење тука е новиот 110W кулер, кој што се одржува во живот на обичен приклучок од 6 пина. Не постои SLI конектор на новата GTX 650 Ti, иако некој од моделите на графички со спуштен крај би подржале уште една иста графичка приклучена со нејзе, Nvidia тука не спречува за почеток да купиме една па понатаму да си доградиме уште една 650 Ti графичка. Што и не е случај кога ќе ги погледнеме новите модели од страна на AMD, 7770HD и 7750HD кој што ни овозможуваат да приклучиме уште една иста. Земајки ги во предвид цените на AMD: Radeon 7770 HD која чини 160$ и Radeon 7750 HD која чини 110$, останува само ваше да се одлучите со која ќе се подновите.
















No comments:
Post a Comment