Понатаму имате градба така наречена Robotics Factory која што го убрзува процесот на градење на сите градби. Во овој дел од градби не ви е потребно Energy за да изградите било што од понуденото, само ресурси. После тоа имате т.н Shipyard кој што служи за побрза изградба на бродови и на одбрана(потребен е одреден левел на Shipyard за да ви се овозможи изградба на некој работи). Research Lab служи за побрза изградба на работите од Research кои што се потребни за многу работи, повеќе за тоа понатаму. Alliance Depot служи за одржување во живот на пријателските бродови во случај да престојуваат кај вас ако треба да ве одбранат или сл. Секој понатамошен левел овозможува се повеќе и повеќе Deuterium да се дава на пријателските бродови. Missile Silo се всушност силоси за ракети, секој левел ви овозможува да чувате по десет ракети на својата планета(во случај за ракети за одбрана по десет, а во случај за ракети за напад таа бројка се преполовува). Nanite Factory е некаков вид на подобрена технологија од онаа што можеме да ја најдеме кај Robotics Factory, значи на секој левел сите изградби за понатамошно напредување им се крати времето на пола(со тоа што за разлика од Robotics Factory оваа градба го преполовува времето на изградба на градбите,бродовит како и на одбраната), со тоа што во секое време Nanite Factory си останува со исто време за изградба, а не се зголемува. Последната градба во овој дел е т.н. Terraformer кој што ви го зголемува капацитетот за градење градби на планетата(кога се стартува имате 163 слободни места за градење.
Во Research секоја работа која се прави си носи свој плус. Многу од работите имаат потребен левел за да можат да се изградат понатаму бродови, одбрана, како и некој од градбите. Во Basic Research, Laser Technology, Ion Technology, Hyperspace Technology не менуваат ништо над левелот потребен за да се отклучат некои работи, за разлика од Energy Technology кое што ја зголемува продукцијата на Energy и Plasma Technology кое што ви дава плус продукција на метал и кристал(1% за метал на секој левел и 0.66% за кристал). Drive Research служи за убрзување на бродовите, зависно од видот на бродот, кој Drive го користи. За тие што користат Combustion Drive се зголемува за 10% на секој лвл, Impulse Drive 20% и Hyperspace Drive за дури 30%. Advanced Research содржи многу потребни работи, како на пример Espionage Tech. кој што служи за шпионирање на други планети на противници, како и за против-шпионажа во случај некој на вас тоа да ви го прави. Разликата во левелот за разлика од тој што ве шпионира или тој што го шпионирате е значително бидејки тој со послабиот лвл можат да му се срушат бродовите користени за шпионажа. Computer Technology служи за повеќе од дозволениот еден слот за праќање на бродови било каде. Секој лвл дава по еден плус слот. Astrophysics служи за колонизирање на планети, значи на секој втор лвл на оваа технологија ви се овозможува да колонизирате нова планета. Intergalactic Research Network служи за поврзување на секој Research Lab што го имате на другите планети, со тоа што го комбинира лвл-от добиен од двете заедно што ви дава плус скратено време за изградба на технологии(секој лвл по една повеќе планета може да биде поврзана). Graviton Technology е клучната технологија за да биде овозможена изградбата на најдобриот и најсилниот брод што постои на целата игра. Во Combat Research се наоѓаат Weapons, Shielding и Armor Technology. Секое од нив поединечно служи за зголемување за 10% на јачината на бродовите и на одбраната.
Во т.н. Shipyard се наоѓаат бродовите поделени во две групи, Combat Ships(коишто служат за напад) и Civil Ships(коишто служат за транспорт, колонизирање, рециклери, бродови за шпионажа и соларни сателити кој исто ги има во Resources). Секој брод си има различна цена која што треба да се плати со ресурси, зависно од неговата јачина и за што се користи.
Што се однесува до одбраната истото правило важи, што по ефикасна и по јака тоа по скапа. Постојат и т.н Shield Dome кои што служат за против напади, важни се кога се почнува со игра, понатаму не менуваат ништо кога би се спротивставил со група од илјадници бродови, во тој случај се комплетно безкорисни. Тука се и двата вида на ракети, Anti-Ballistic Missiles слушат за само одбрана од другиот вид, Interplanetary Missiles кои се праќаат со цел да се уништи одбраната на тој нападнатиот.
Во Fleet се наоѓа флитата со која што располага планетата во тој момент спремна за напад, транспорт и сл.
Во Galaxy можете да ја видите својата местоположба во вашата галаксија, и тие околу вас, секако можат и да се пишат координати за да се види и некоја друга галаксија или систем. Една галаксија содржи 499 системи, а во еден систем можат да бидат сместени 15 планети. Се на се има 9 галаксии во секој сервер. Иако голем дел од крајните не се толку населени. Има врска и во местото на планетата од 1 до 15, така што ако сте поблиску до бројот 1 значи имате поголем извор на Energy но смален извор на Deuterium, што во случајот на 15-тата планета е обратно, тие што се наоѓаат во средина се нај избалансирани. И на крајот Alliance служи ако сте веќе влезени или сакате да влезете во некоја од алијансите на тој сервер. Во случај да сте веќе влезени имате опции да ги погледнете сите членови на таа алијанса, да ги видите текстовите(во случај ако има напишано некој)на некој од создавачите на таа алијанса. Секако имате и избор да ја напуштите. На горниот дел се наоѓаат првично тие што ви се пријатели(Buddies), потоа имате Notes во случај да сакате да си запишете некоја порака, Highscore(да ја погледнете листата на играчи и ви пишува кој сте по ред на ранк на серверот со оглед на тоа поени колку имате), Search служи доколку сакате да побарате некој играч или некоја алијанса и сл. Понатаму има Options, Support, Chat и Log out копчиња.
Има уште многу работи за објаснување во врска со оваа веб игра, но тоа во случај да сте заинтересирани за нејзе би било најдобро доколку сами си ги дознаете. Во секој случај играта е интересна, постои веќе 10 години, има прилично многу играчи и бесплатна е. Единственото нешто што се плаќа е Dark Matter која што служи за купување на т.н. Recruit Officers, секој од нив дава по нешто плус доколку е платена бараната цена на Dark Matter во зависност од тоа дали сакате за една недела или за три месеца.










No comments:
Post a Comment