SteelSeries се смета за една од нај добрите фирми во светот со специјализирани гејмерски производи, нудејки голем избор на врвна опрема за гејмери од секаков тип. Еден од нај новите нивни производи е подобрувањето на нивните многу познати и прогласени за едни од најдобрите слушалки во светот, еден збор, Siberia. Новиот модел, Siberia V2 ветува дека ќе ни придонесе многу повеќе дури и од нив(ако е тоа во опште возможно).
Новиот модел е направен така што може да ја поднесе било која апликација поврзана со звук и тоа да го направи професионално и со најдобар квалитет. Раѓајки се веќе во голема слава направена од својот предходник овој модел сите работи ги прави само подобри. Има неколку клучни промени(секако кон подобро), како на пример еластичната потпора за главата кога ќе ги ставите што се оптегнува. Што се однесува до квалитетот на звукот, предходникот долго го држеше првото место за нај квалитетен звук. Кога станува збор за новиот модел на SteelSeries можеме да заклучиме дека тие сепак ја однеле границата за квалитетот малце погоре. Во секој случај овој модел е многу по добар и прозиведува далеку по квалитетен звук од предхоникот.
Покрај толку многу различни видови на слушалки тешко е да се донесе одлуката за најдобар модел. Но сепак тоа зависи од тоа за што ќе ви служат слушалките, дали имате инсталирано адекватна звучна карта за да го извадите максимумот од нив. Има нова опција на овој модел а подновувањето е тоа што можат да дојдат во опција и со USB приклучок, што носи многу бенефиции. Овој модел доаѓа и со вграден адаптер за 7.1 дигитален surround, но за да се користи тоа не треба да бидат приклучени на USB него на регуларен начин во звучната карта. За да би ги имале ќе ве кошта нешто помалку од 100 евра, зависно од тоа каде ќе ги купите.













No comments:
Post a Comment