Teen Wolf е Американска телевизиска серија создадена за MTV. Таа е драма/комедија со врколаци и тинејџери базирана на филмот од 1985 година со истот име (Teen Wolf). Во серијата главниот лик Scott McCall кој го глуми Tyler Posey е обичен тинејџер, игнориран од сите се додека не отиде во шумата една вечер да бара мртва девојка и е каснат од врколак кој ќе му ја пренесе клетвата на него. Тој тогаш влегува во мистериозниот свет на врколаците дознајваќи ги нивните тајни и непријатели како што се ловците на врколаци за кои што го учи врколакот Derek Hale глумен од Tyler Hoechlin. Покрај тоа што е врколак Scott пробува да води нормален шивот, тој не ја кажува неговата тајна на никој освен на неговиот најдобар пријател Stiles кој го глуми Dylan O'Brien и му помага да ја скрие неговата клетва. За да го подобри својот социјален живот Scott почнува да ги користи своите нови способности за да победува во неговиот лакрос тим со што станува многу популарен. Низ целата серија тој се обидува да ги заштити своите сакани и да ги одржи односите и тајните со секој од нив.
Другиот главен лик Allison Argent кој го глуми актерката Crystal Reed. Allison е новата девојка во школото на Scott. Таа потеекнува од семејство на ловци на врколаци. Scott се заљубува во неа и животот му станува многу покомлициран. Тој ја чува неговата тајна од неа и истовремено ја заштитува од самиот себе. Исто така ја користи љубовта кон неа за да го скроти врколакот бо него.
Другите ликови кој се среќаваат во серијата се Jackson (Colton Haynes) кој е капитен во лакрос тимот на Scott. Тој беше популарен пред Scott и се обидува да дознае која е неговата тајна. Lydia (Holland Roden) е девојката на Jackson во која Stiles е заљубен иако таа се однесува со него како да не постои. Таа е другарка на Allison која е многу „проблематична“. Исто тука се и Melissa McCall (Melissa Ponzio) мајката на Scott, Sheriff Stilinski (Linden Ashby) таткото на Stiles, Chris Argent (JR Bourne) и Victoria Argent (Eaddy Mays) како таткото и мајката на Allison.
Премиерата на серијата беше на 5ти Јуни 2011. До сега има направено 2 сезони со по 12 епизоди. Teen Wolf има просечна гледаност од по 1.8 милиони гледачи секоја седмица. Поради големата успешност на серијата закажано е правење на сезона 3 која што ќе содржи двојно повече епизоди. Дали ова е добар потег поради ризикот што повеќе епизоди може да ја развлечат приказната и да ја направат досадна или може да ги изгубат гледачите кои сакаат побрзо одвивање на работите. Останува да се види во третата сезона која ќе започне со емитување бо 2013 година.











No comments:
Post a Comment