Иако голем број од луѓето кој што ја поседуваат оваа графичка ја користат за да би уживале во своите најдраги игри, постои сосема друг свет на графички картици - свет на професионални графички картици наменети за професионално работење во CAD и DCC апликации. FirePro V5900 ја преставува средината на понудените професионални графички картици на AMD.
Основата ја преставува графичкиот процесор Cayman кој што можеме да го најдеме и кај моделот AMD Radeon HD 6900. Но за разлика од својата полнокрвна изведба која може да се најде кај моделот Radeon HD 6970 и бројот на 1536 shader процесори, графичкиот процесор на моделот FirePro V5900 лимитиран е на 512 shader процесори. Исто така што може да се осети е и работниот такт кој е намален на 600MHz. Но затоа работната меморија не е сменета и изнесува 2GB GDDR5. Иако многу ограничен овој модел сепак покажува одлични резултати во професионалните апликации, во некој случаеви дури и има подобри резултати од поголемиот дел на денешниве гејмерските графички.
Освен 'под хаубата' оваа графичка има и многу добар дизајн и изгледа многу привлечно. Ретко се случува графичка со вакви перформанси да е само на еден слот на матичната. Иако во врска со ладењето AMD немаат ставено некој огромни кулери какви што можеме да најдеме кај гејмерските графички. Дури и покрај тоа, овој модел при работа може да се каже дека не ни се ни слуша малиот кулер како работи. Работната температура се движи од 45°C до 65°C. На корисниците ќе им се допаѓа и подршката за 3 монитори, кој можат да се приклучат преку еден DVI и два DiplayPort видео излези, а за оние кој бараат поголема работна површина од корист би им дошла и Eyefinity подршката.
Предностите во поглед на малите димензии, ниската потрошувачка и тоа што е прилично тивка се само дел од репертоарот со кој располага оваа графичка картица. Она што е најважно се нејзините перформанси во поглед на професионалната употреба, и на тоа подрачје е спремна да им одржи лекција дури и на повеќето од најснажните гејмерски графички картици. Доволно е само да се обрне внимание на перформансите кои ги вади таа во професионалните програми како што се на пример: Catia, ProEngieneer или Maya и би се увериле како тоа оваа на излед слаба графичка може да постигне и многу повеќе од очекуваното. Нормално е тоа дека коа станува збор за игрите се се менува, бидејки овој модел никако не се снаоѓа и вади само просечни резултати. Но тоа е се нормално бидејки нејзината намена не е за тоа. Но сепак и во случај да ви затреба понекогаш, таа сепак може да да ги покрене повеќето од новиве игри, само треба да се скромни со местењето на деталите и по можност да се избегава користење на додатни опции за филтрации на сликата. На крајот ова е сепак графичка картица која најдобро се снаоѓа во делот на некоја работна станица. Ако се занимавате со некој од погоре наведените програми и ако тоа го работите тогаш нема да згрешите ако си набавите некој од FirePro моделите на AMD.














No comments:
Post a Comment