Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption


Breaking News

Test Footer 1

Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption

Recent Posts Load More

Tuesday, December 25, 2012

Dishonored

Пред да почнам,топло да ви препорачам на сите што ја немате играно DIshonored,а сакате нешто ново и нешто интересно,нешто што бара малце размислување а не само убивање(за ова малку подоцна),да ја играте,бидејќи навистина вреди.



Што е Dishonored?
Во жарн би била FPS/Action со елементи на Stealth, и малце RPG,зависи од начинот на кој сакате да ја играте играта.
И секако,за играта да биде уникатна(а не Splinters cell во друго време),има и магии!
И исто,така за да биде уште поуникатна играта има moral system кој мери колку луѓе имате убиено,и влијае на крајот.
Од оружја на располагање ви се пиштол,самострел и краток меч(кој ви е во едната рака и никако не можете да го тргнете).Пиштолот и самострелот имаат неколку врсти на муниција.
Имате нагазни ''мини'' кои место да пукаат,фрлаат сечива на секаде!
Исто така имате и обични гранати.
За магиите,тука ви се Blink,Dark Vision,Devouring Swarm, Possession,Windblast, и Bend Time.
Значи сега за сега,неколку идеи земени од други игри склопени заедно.Сега ќе си речете зашто воопшто би ја играл/а играта,ако во се оригинално нема ништо потполно оригинално?
Хех,пробајте ја ќе видите.
Играта,иако ја нема најдобрата графика на свет(Crysis како си,добар?),иако стилот на играта е Steampunk themed,и иако знае да биде тешка на моменти(особено на hard),е многу добра.
Пробајте го чуството кога ќе поминете цела мисија без да убиете никој,и без никој да ве види.


Или,ако сакате повеќе колеж,пробајте го следното комбо:
Викате стаорци,ставате на еден мина со сечива,го земате стаорецот,одите сред група непријатели,стаорецот пука,сите се мртви.Или пак се фрлате од највисоката точка на мапата, правите убиство со мечот со тоа што ќе му го зариете на некого во грб или рамо, неговиот другар се врти накај вас, пука, за вие да можете да го застанете времето, земете контрола врз него, и го однесете пред неговиот сопствен куршум. Или подоцна во играта кога ќе дојдат големите батки на еден вид роботи,и ве пукаат, со Windblast им го вратите проектилот назад,го сопрете времето, земете контрола врз него, и го наместите него со тоа што неговиот куршум му го пукне канистерот што тој го носи на грб,или пак......
Се заборавив малце,но мислам дека ја разбравте поентата.


Има само еден лош ефект доколку цело време убивате луѓе,а тоа е лошиот крај(поточно 2та лоши краеви),исто така и многу повеќе стаорци што ќе пробаат да ве изедат на секое ниво.
Ако сте пострпливи,и сакате да го видите добриот крај,нема да ви треба ништо повеќе од 2 магии(Blink и Dark Vision).
Во играта има многу интересни моменти,чудни алијанси,предавства,луда баба,итн итн,кои ќе морате сами да ги искусите,бидејќи нејќам да ви го расипам задоволството на приказната.




Arc Pylon Wall одкога ќе го преврзете да работи за вас 

RPG елементите не се само магиите,и изборот што да земете или појачате.Piero филозофот, продава надградби за сите ваши оружја и алатки.
Исто така,тука би спаднале и Charms и Runes.
Runes се токени кои ги собирате низ нивоата,со кои можете да купувате магии и ги надградувате истите.Исто така има и неколку подобрувања за карактерот,како поголем health bar,побрзо движење,поголем скок, адреналин кој ви дава крвави интересни убиства чим го наполните,и shadow kill,кој доколку убиете некој скриени(подоцна е доволно да убиете само некој),неговото тело се распаѓа во прав,и никој не може да го најде нити забележи.
Charms се мали појачувања на некои работи како повеќе мана или health од напиток.Максимум можете да имате 6 активни во кое било време.

Се на се,додека сте дома за празнициве,ова е една од игрите што ви препорачувам да ги играте

.
Read More

AMD FirePro V5900

Иако голем број од луѓето кој што ја поседуваат оваа графичка ја користат за да би уживале во своите најдраги игри, постои сосема друг свет на графички картици - свет на професионални графички картици наменети за професионално работење во CAD и DCC апликации. FirePro V5900 ја преставува средината на понудените професионални графички картици на AMD.


Основата ја преставува графичкиот процесор Cayman кој што можеме да го најдеме и кај моделот AMD Radeon HD 6900. Но за разлика од својата полнокрвна изведба која може да се најде кај моделот Radeon HD 6970 и бројот на 1536 shader процесори, графичкиот процесор на моделот FirePro V5900 лимитиран е на 512 shader процесори. Исто така што може да се осети е и работниот такт кој е намален на 600MHz. Но затоа работната меморија не е сменета и изнесува 2GB GDDR5. Иако многу ограничен овој модел сепак покажува одлични резултати во професионалните апликации, во некој случаеви дури и има подобри резултати од поголемиот дел на денешниве гејмерските графички.


Освен 'под хаубата' оваа графичка има и многу добар дизајн и изгледа многу привлечно. Ретко се случува графичка со вакви перформанси да е само на еден слот на матичната. Иако во врска со ладењето AMD немаат ставено некој огромни кулери какви што можеме да најдеме кај гејмерските графички. Дури и покрај тоа, овој модел при работа може да се каже дека не ни се ни слуша малиот кулер како работи. Работната температура се движи од 45°C до 65°C. На корисниците ќе им се допаѓа и подршката за 3 монитори, кој можат да се приклучат преку еден DVI и два DiplayPort видео излези, а за оние кој бараат поголема работна површина од корист би им дошла и Eyefinity подршката.


Предностите во поглед на малите димензии, ниската потрошувачка и тоа што е прилично тивка се само дел од репертоарот со кој располага оваа графичка картица. Она што е најважно се нејзините перформанси во поглед на професионалната употреба, и на тоа подрачје е спремна да им одржи лекција дури и на повеќето од најснажните гејмерски графички картици. Доволно е само да се обрне внимание на перформансите кои ги вади таа во професионалните програми како што се на пример: Catia, ProEngieneer или Maya и би се увериле како тоа оваа на излед слаба графичка може да постигне и многу повеќе од очекуваното. Нормално е тоа дека коа станува збор за игрите се се менува, бидејки овој модел никако не се снаоѓа и вади само просечни резултати. Но тоа е се нормално бидејки нејзината намена не е за тоа. Но сепак и во случај да ви затреба понекогаш, таа сепак може да да ги покрене повеќето од новиве игри, само треба да се скромни со местењето на деталите и по можност да се избегава користење на додатни опции за филтрации на сликата. На крајот ова е сепак графичка картица која најдобро се снаоѓа во делот на некоја работна станица. Ако се занимавате со некој од погоре наведените програми и ако тоа го работите тогаш нема да згрешите ако си набавите некој од FirePro моделите на AMD.










Read More

Tuesday, December 11, 2012

Zalman M300

Ако некогаш сте размислувале да купите солиден маус кој што би го користеле за гејминг, а притоа да не потрошите многу пари, тогаш овој модел е идеално решение за вас. Се работи за моделот Zalman M300 кој првично има многу привлечна цена, а исто така има и супер перформанси за таа цена, исто така и дизајнот не е за потценување. На него се наоѓаат седум копчиња кој што лесно можат да се вклопат во било кој тип на игрица играте, дали било тоа FPS, MMORPG итн. Земајки ја во предвид цената, резолуцијата од 2500dpi делува пристојно, едноставно кажано овој ефтин маус може да им се спротивстави дури и на некој од далеку по добрите и по скапите мауси.
Спецификации: 
Тип: Жичан/Оптички, USB 2.0 приклучок, 7 програмабилни копчиња, максимална резолуција: 2500dpi, frame rate: 4500fps, издржливост на копчињата: 5.000.000 кликови, димензии: 132х65х42мм, должина на кабел: 1.5М, тежина: 78гр. Цена: околу 15 евра.



Read More

Friday, November 30, 2012

Најпопуларните Cloud сервиси

Една од работите кој ни ги донесоа големите брзини на интернетот е и све поголемата понуда на различни сервиси за чување на податоците на некој одалечен сервер, а не на локалниот компјутер.

Cloud

Со неодамнешното појавување на Google во светот на cloud storage добивме уште еден голем конкурент во оваа област. Како што стојат работите сега дефинитивно имаме широк избор и можеме да се одличиме за некој од услугите кој ни ги нидат покрај Google и Microsoft со својот SkyDrive, и услугите на многу по познатите Dropbox, Box или SugarSync. Со користењето на овие сервиси кои добиваат на популарност поради трендот на селење на податоците во облакот и секојдневната потреба за нивна достапност преку персоналните компјутери, таблетите и паметните телефони. Сето тоа можеме да го добие по многу ниска цена или пак бесплатно, со солидна количина на простор на некој одалечен сервер. Секако дека не е све во просторот кој се нуди него во многуте ситни разлики помеѓу услугуте кој ќе ги опишеме и се клучни кога ќе се избира кој сервис да се одбере. Се работи за постојаноста и квалитетот на клиентот кој е вграден во оперативниот систем како и во интеграцијата на услугите на матичниот оперативен систем. Доколку користите повеќе компјутери или на еден компјутер имате повеќе оперативни системи, ова може да игра значајна улога бидејќи некој обезбедуваат услуги за клиентот за повеќе оперативни исистеме, додека одредени се ограничени само на Windows. Ако имате намера cloud storage да користите само за складирање на податоци, тогаш ова се чини и не толку битно како што е количината на простор која ја добивате и пот кој услови. Карактеристика исто така што е битна за сите корисници е и максималната величина на датотека која може да се прикачи одеднаш. Како и постоењето или отсуството на ограничувањата на брзината за симнување или прикачување на датотеките. Ако се земат во предвид услугите кои се спомнати овде на прв поглед се чини дека постојат многу сличности меѓу нив, меѓутоа после одредено време на користење и откривање на можностите кој ви ги нудат ќе можете да одберет кој сервис ќе го користите и за што ќе ја користите cloud технологијата.

Dropbox

Dropbox

Најпрво ќе го разгледаме добро познатитот Dropbox кој со новонастаната конкуренција ќе мора да проба да го задржи својот чекор, но Dropbox и понатака е омилениот помеѓу поголемиот број на корисници. Кога ќе се пријавите за услугата на Dropbox на поклон добивате 2 GB простор кој може да го зголемите на разни начини, бесплатно. Еден од начините е преку добро воспоставениот систем на упатување односно ако нов корисник се најави преку вашиот линк ќе добиете награда од половина GB од вкупно 18 GB бесплатен простор. За добивање на бонус уште на самиот старт потребно е да направите неколку работи со кои и подобро ќе се запознаете со самата услуга која ви ја нуди овој сервис, а тоа вклучува поврзување на повеќе компјутери, делење на датотеки и слично. Количината на простор исто така може да ја зголемите и си дополнително купување на пакети од 50 или 100 GB. Првиот чини 9.99$, а другиот 19.99$ месечно. Максималната големина на датотека која што може да биде прикачена на сервер овде не е ограничена, што не е изненадување со оглед на висината на почетниот простор кои го добиваме, но тоа може да биде релевантно, доколку се одлучите да купите дополнителен простор. Оние 2 GB бесплате простор при регистрацијата не делуваат како многу, посебно кога ќе погледнеме некој од конкурентите како на пример SkyDrive, но магијата на Dropbox е всушност во други работи. Една од тие работи е многу едноставната синџронизација на податоците. Откако ќе го пополните формуларот за регистрација ќе бидете во можност да го одберете соодветниот клиент за вашиот поеративен систем како што е Windows, Linux или Mac OS што се чини доста солиден спектар на платформи на кој Dropbox може да се интегрира. Што се однесува до мобилните телефони ни они не се заборавени па така постојат апликации за Android, iPad, iPhone, BlackBarry и мобилната верзија на сајтот за сите други уреди кои имаат пристап на интернет. По инсталирањето на клиентот на системот ќе приметите икона која претставува клијент и овозможува брз пристап до преостанатиот слободен простор, преглед на ново прикачените датотеки, со отварање на Dropbox папката имате увид во процесот на синхронизација каде можете брзо да видите колкав број на датотеки се прикачени на сервер а колкав број на датотеки сеуште се прикачуваат. Спомната е Dropbox паппка. Се работи за тоа дека при инсталацијата на клиентот, доколку рачно не ја промените вредноста ќе се направи нова папка во папката Dropbox за документи. Сите датотеки и папки кои ќе се постават во таа папка ќе се синхронизираат и на сервер покрај тоа што вие ќе ги поседувате и на вашиот локален диск. Што се однесува до споделувањето, тоа изведено на начин на кој вие ќе одредите што и со кого ќе го споделите така што во посебна пака ќе мошете да додавате, бришете и менувате соржина во зависност од вашите потреби и желби за споделување на датотеки и дукументи. Исто така сето она што се наоѓа во дадената папка можете да го споделите дури и со они кој немаат Dropbox по пат на линк кој се генерира од страна на самиот сервер. Главните карактеристики на Dropbox се многу добрата организација и сеопфатна интеграција и леснотија при користењето додека пропустот е релативно мал износ на слободен простор.

SkyDrive

SkyDrive

Наназат месец дена битката за првак во давањето на cloud storage услугата беше доста извесна во која предност имаше Dropbox. Но со доаѓањето на Google Drive како озбилен конкурент на пазарот ги натера и останатите „натпреварувачи“ да ги подобрат своите понуди. Microsoft влезе во трката со својот SkyDrive играч кој првично на својте корисници им даде слободен простор од 25 GB. Се што треба да направите е да се пријавите за SkyDrive услугата преку својата Live или Hotmail меил адреса. Она што Microsoft не го направи, тоа е што немаат никаква децктоп клиент апликација како Dropbox како и секоја сериозна сихронизација изгледа непристапно. Сите прикачувања на датотеки би се вршеле преку web пребарувач со специјален интервејс кој и не изгледа така лошо. Но нема можност за да прикачите повеќе папки одеднаш. Но прво треба да креирате нова пака и да ја поставите во рамките на една датотека. Од тие причини и огромниот слободен простор кој се нуди на корисниците на SkyDrive воглавном се користи за backup. Но како што спомнавме, работите не се сите исти. Microsoft неодамна направи клиент за персоналните компјутеери кој работат на Windows и Mac OS но и понатака не постои верзија за Linux што е и подразбирливо. За жал со овој додаток доаѓа и намалување на просторот, така што новите корисници кои ќе се пријават за услугата на SkyDrive ќе добијат бесплатни 7 GB простор што и понатака престставува многу повеќе за разлика од Dropbox. Како што истакнуваат од Microsoft за постоечките корисници кој SkyDrive го избрале уште пред оваа одредба постои можност за надоградба за постојните 25 GB простор но за одреден временски периот. Доколку се наоѓате помеѓу оние корисници кои го користеле овој сервис пред оваа одредба, отворете го SkyDrive и одберете ја бесплатната надоградба што побрзо. Дури и ако сте закасниле, 7 GB просторот кој ви стои на располагање немошеме да кажеме дека е малце, а клиентот кој може да го превземете работи на сличен принцип, речиси ист како на Dropbox, а не се различни ни другите услуги кој ги нуди и кои ќе ги спомнеме тука. Се работи за создавање на папки во кои мошете да ги складирате податоците кои веднаш се испраќаат и се чуваат во облакот. Ограничувања постојат, а едно од нив е максималната големина на датотеките од 300 MB доколку поставувањето се врши преку web прелистувач, односно 2 GB по пат на клиентот. Освен SkyDrive клиентот не смеат да бидат изоставени ни мобилните апликации кои постојат за iPad, iPhone, Windows Phone како и пристапот за сите мобилни апарати кои имаат прстап директно до интернет. Со искачањето на Windows 8 ќе постои SkyDrive апликација интегрирана во самиот оперативен систем за брз пристап до податоците во облакот. Она што SkyDrive го нагласува како предност е способноста што може да работи со апликацци од Office пакетот на Microsoft преку web прелистувач. Преку онлајн интерфејсот можете да креирате нов документ, да ги уредувате постојаните документи или едноставно да прикачите нови документи и да ги споделите со другите. Освен обичното делење на документите подржана е и тимска работа, одмосно можно едредена група на автори да уредуваат ист Excel документ одеднаш. Во една од последните надоградби на услугите кои ги нуди SkyDrive додадена е и подршка за ODF формат (Open Document Format) кој често се користи во LibreOffice како и подршка за PDF документи. Со своите последни надоградби Microsoft им даде дознаење на совоите конкуренти дека сериозно мисли да се занимава и со квалитетна cloud синхронизација и складирање. Очигледно, поради сите надградби на SkyDrive беше неопходно да се намали просторот па така сега новите корисници ќе стартуваат со 7 GB простор, а сите останати имаа можност за надоградба со доплата и тоа 20 GB за 10 $ годишно, 50 GB за 25 $ и 100 GB за 50 $ годишно.

Box

Box

Box е сервис кој се разлукува од досега спомнатите. Разликата во одредени аспекти се големи, бидејќи тоа е сервис кој цели кон олеснување на работата на компаниите и професионалната употреба. Во фокусот на овој сервис е услугата да работат заедно, споделување на документи и нивно уредување. Box своите услуги ги темели на web и притоа можеме да кажеме дека неговата страница е доста добро средена па дури и оние кој не се премногу технолошки свесни би можеле да се снајдат. Она што Box го нуду се три типа на пакети.

  • Personal
  • Business 
  • Enterprise IT
Пред неколку месеци Box имаже доста добра акција преку која на сите кои ќе ја превземеа Android апликацијата им ослободуваше 50 GB простор кој исто така може да си го задржат по истокот на акцијата. Сега со пријавувањето на услугата на Box добивате само 5 GB бесплатен простор и тоа во Personal пакетот. Business пакетот нуди 1000 GB додека Enterprise нема ограничување. Она што е лошо во сето ова па дури и за они кој ја искористиле промотивната акција е величината на датотеките кои може да ги прикаците изнесува 100 MB но со надоплата можете да стигнете и до 1 GB. Доколку се работи за Business пакетот максималната величина на датотеките кој можете да ги прикачите изнесува 2 GB, а зачудувачко е тоа што истото ова се однесува и за Enterprise IT пакетот. Покрај веќеспоменатата Android апликација посто и подршка и за iPad, iPhone, BlackBerry и веќе стандардната web страница во cloud услугата приспособена за мобилните уреди кои имаат пристап на интернет. Како што можевте да приметите до сега, со оглед на величината на содржините кои можете да ги прикачите, Box веројатно нема да биде прв избор за чување на back-up. Box иам зацртано други цели и за да ги постигне истите има голем бој на алатки. Една група служи за споделување на датотеки што многу широко се користи и потребно во круговите во кој Box цели. Поентата е во тоа што можете да поставите параметри за датотеките кои ке одредат кој се смее да ги гледа тие податоци и што све смее да прави со тие податоци. Можно е да поставите дозволи кои ќе одредат смее ли одреден корисник да ги менува, брише или само да ги прегледува датотеките. Но да се вратиме назат на споменатите 3 пакети и да ги погледнеме нивните цени. Personal пакетот е нормално бесплатен, но и нуди најмал број н алатки па затоа на поедини корисници ќе им користи за прикачување и складирање на разумно големи фајлови. Business пакетот цини 15 $ месечно, а се однесува само на 1 корисник. Освен зголемената големина на датотеките кој може да се прикачат, Business пакетот нуди заштита со лозинка при делење и поголема брзина при закачувањето со интеграција во Google Apps, десктоп синхронизација, разни статистики, индикатори и сл. И конечно Enterprise IT пакетот, тој нема дефинирано точна цена, за него ќе морате да контактирате некој од надлежните луѓе во Box.

SugarSync
SugarSync

SugarSync исто така е еден од популарните сервиси кои по некое време работа со своите услугу едноставно инпресинира со своите способности. Целиот сервис е доста богат со можности кои на прв поглед можеби и не ги би заклучиле со оглед на web пристапот кои исгледа доста поедноставен за разлика од другите па дури и Dropbox. Исто така услугата е добро распространета низ сите платформи вклучувајќи, Windows, Mac, Linux, iPhone, Android, Windows Phone, BlackBarry, Symbian, Kindle Fire и секако мобилните web страници. Гледајќи го пописот на платформи кои ги подржува овој сервис можеме да кажеме дека SygerSync има дефинитивно најширок круг, на ти е што им е ова важно би требало да размислуваат за овој сервис. Имајќи во предвид дека се уште е можеби главен атрибут количината  на слободен простор која ја нуди, но во оној случај таа изнесува скромни 5 GB. Во споредба со Dropbox освен поголем простор кои се нуди на почетокот, овде може по пат на регерали да соберете неограничен додатен простор додека кај Dropbox тоа е ограничено на 18 GB. Во почетокот додатниот простор може многу лесно да се добие. Потребно е да се направат некои првични работи за да се запознаете со сервисот а за секоја извршена работа добивате по 128 MB додатен слободен простор. Првичните работи кои треба да ги направите вклучуваат превземање на мобилната апликација, поврзување на повеќе компјутери, делење на датотеките и сл. Истоа така голем плус кои можеме да му го препишеме само уште и на Dropbox е неограничената големина на датотеки кои можеме да ги прикачиме. Откако ќе се пријавите за услугата на SugarSync имате можност за превземање на бесплатен клиент. Преку него можете да одберете кои папки ќе ги синхронизирате и кои потоа стануваат достабни од било каде имате пристап до SugarSync. Оваа услуга има и нешто поразличен пристап на синхронизација на датотикете поради тоа што за секој компјутер кои сакаме да го додадеме на листата за синхронизација можеме да одбереме кои папки ке се синхронизираат. Исто така при инсталацијата ќе приметите новонастанат филдер кој се нарекува Magic Briefcase. Поентата на оваа папка е во тоа што сите датотеки кои ќе ги ставите во неа ќе бидат автомацки синхронизирани на сите компјутери, додека останатите папки ке бидат синхронизирани само за локалниот компјутер. Една доста корисна можност која ни ја нуди SugarSync е верзионирање. Иако постојат алатки кои се наменети за тоа, SugarSync верзионирањето го прави автомацки. Поентата е во тоа доколку имате одреден докумет кои го менувате, ќе останат запамтени последните пет промени од тој документ и во случај нешто да тргне наопаку грешките сеуште може да се поправат. Меѓу другото згодно е да се спомене дека SugarSync има стриминг за MP3, што вклучува прикачување на сите датотеки и нивно прислушување по пат на мобилен уред па дури и кога останатите компјутери се изгасени поради тоа што стримингот иде преку сервер. Исто така и во web интерфејсто има интегрирано класичен медиа плеер каде можете да креирате сопствена листа на песни. Исто така постои и поција за автомацко складирање на додатоците од вашите е-mail пораки, на начин на кој пораките ги проследува до SugarSync сметката при што сите датотеки ќе се складираат во посебни папки. Доколку сте заинтересирани за SugarSync, а 5 GB простор не ви е доволен постојат и други тарифи. 30 GB простор чини 4.99$ месечно или 49.99$ годишно, 60 GB ќе ве чини 9.99$ месечно или 99.99$ годишно, 100 GB ќе ве чини 14.99$ месечно или 149.99$ годишно.

Google Drive
Google Drive

Дојдовме и до хронолошки последиот сервис за оваа статија, сервис кој на конкуренцијата тргна во свој претпознатлив стил. Како што ќе видиме многу работи останаа исти како и во другите сервиси, но предноста на Google Drive е во тоа што сепак ова е производ на Google кои има мн свои производи и сервиси кои може да се поврзат и така меѓусебно да се надополнуваат. Но да тргнеме по ред. Како и за останатите сервиси така и за овој сервис најпрво треба да се пријавите и тоа преку вашиот Google профил. За разлика од помалку познатите сервиси во однос на репутацијата која ја има Google на пазарот, за очекување е голем борј на корисници да се приклучат кон услугата на Google Drive поради тоа што веќе голем број на луѓе имаа отворено Google профил. Имајќи го ова во предвид, ретко кој би се одрекол од 5 GB простор кој ви го нуди Google Drive и то за само 0 $. Секако како и сите останати сервиси и овој може да се надогради и тоа за 25 GB простор на месечно ниво ќе ве чини 2.49$, за 100 GB 4.99$. за 200 GB 9.99$, 400 GB 19.99$, и 1000 GB 49.99$. Како што можеме да видими и со самата доплата можеме да добиеме доста голем простор на користење па дури и на оние на кои им потребе простор од 1 TB имаа можност да го добијат за одредена цена. Додека кај останатите сервиси овие големини на слободен простор можете да ги зголемите по пат на реферали или додатни акции, Google сепак ги зацувува основните вредности. Како додатна награда за корисниците на Google Drive и додатните пакети ќе ви се зголеми и просторот кои го поседувате на вашиот Gmail. Во секој случај, добра работа во најмалра рака е тоа што максималната големина на датотеката која сакате да ја прикачите изнесува 10 GB не е неограничено не сепак подбро за разлика од некој сервиси како што се SkyDrive 2 GB и Box 100 MB. Паралелно со пуѓтање на услугата пуштен е и клиент кој можете да го превземете и инсталирате на компјутерот. Клиенто е подржан на Windows и Mac OS оперативен систем. По инсталацијата едноставно не е можно а да не приметите дека клиентот е сличен како оној на Dropbox, поточно освен разликата на иконата друга незнам дали ќе најдете. Дали се слични или не не е ни важно, важно е тоа дека клиентот го рабти тоа што е потребно. Освен тоа посто и подршка за Android и за мобилни web страници, додека подршката за iPhone и iPad како што најавуваат од Google ќе стигне набрзо. Се разбира, како што спомнавме главна предност на Google во оваа област е интеграцијата со другите услуги од Google со Google Drive. Тоа главно се однесува на Google Docs сервисот на Google кои е буквално вграден во Google Drive на кои може да се работи и автомацки да се складираат во cloud. Исто така предност на овој сервис е и делењето на тие документи со кој сакате и во било кој момент можете да споделувате документи, презентации и табели со одредени луѓе и да добивате повратни информации назад. Google исто така најви дека уште многу можности доптва ќе пристигнат како што е на пример OCR односно можност за препознавање на текст од слика (пример скениран документ) која е вградена во постоечките начини на пребарување за подобра организација на документи кои ги складирате во Google Drive. Заклучно можеме да кажеме дека Google влета во оваа трка со конкурентите и ги прилагоди главните особини на cloud storage услугите некаде во просек со конкурентите, освен што поради своите останати сервиси и неговата популарност може да очекува поголем број на корисници на својот cloud сервис Google Drive.

Read More

Thursday, November 29, 2012

SteelSeries Siberia V2 USB Gaming Headset

SteelSeries се смета за една од нај добрите фирми во светот со специјализирани гејмерски производи, нудејки голем избор на врвна опрема за гејмери од секаков тип. Еден од нај новите нивни производи е подобрувањето на нивните многу познати и прогласени за едни од најдобрите слушалки во светот, еден збор, Siberia. Новиот модел, Siberia V2 ветува дека ќе ни придонесе многу повеќе дури и од нив(ако е тоа во опште возможно).

SteelSeries V2

Новиот модел е направен така што може да ја поднесе било која апликација поврзана со звук и тоа да го направи професионално и со најдобар квалитет. Раѓајки се веќе во голема слава направена од својот предходник овој модел сите работи ги прави само подобри. Има неколку клучни промени(секако кон подобро), како на пример еластичната потпора за главата кога ќе ги ставите што се оптегнува. Што се однесува до квалитетот на звукот, предходникот долго го држеше првото место за нај квалитетен звук. Кога станува збор за новиот модел на SteelSeries можеме да заклучиме дека тие сепак ја однеле границата за квалитетот малце погоре. Во секој случај овој модел е многу по добар и прозиведува далеку по квалитетен звук од предхоникот.

SteelSeries V2

Покрај толку многу различни видови на слушалки тешко е да се донесе одлуката за најдобар модел. Но сепак тоа зависи од тоа за што ќе ви служат слушалките, дали имате инсталирано адекватна звучна карта за да го извадите максимумот од нив. Има нова опција на овој модел а подновувањето е тоа што можат да дојдат во опција и со USB приклучок, што носи многу бенефиции. Овој модел доаѓа и со вграден адаптер за 7.1 дигитален surround, но за да се користи тоа не треба да бидат приклучени на USB него на регуларен начин во звучната карта. За да би ги имале ќе ве кошта нешто помалку од 100 евра, зависно од тоа каде ќе ги купите.

SteelSeries V2





Read More

Nokia Lumia 820

Иако Nokia се сконцентрирани да го промовираат Windows 8 кај својот нов модел Lumia 920, сепак и овој модел не изгледа лошо со оглед на тоа дека е помал и по ефтин. Со својот  4.3 инчен ClearBlack дисплеј, microSD слот за картичка и батерија која што може да се извади дефинитивно е тоа дека Nokia со овој модел целат да придобијат различна група на купувачи за разлика од моделот 920.

Nokia Lumia 820

При прв допир имаме осет дека држиме во рака една рамна плочка, лесно може да се нарече досаден на прв поглед, но во внатрешноста и при детална инспекција се уверуваме дека нема грешка во дизајнот на Nokia. Моделот 820 исто така е многу комфортабилен кога ќе го фатите во рака, заоблените ивици не ви се забодуваат во рацете при држење што го прави прилично комфортен, тој исто така доаѓа и во различни бои. Додека моделите 800 и 920 од Lumia серијата имаат заоблен дисплеј, овој 4.3 инчен дисплеј не само што е прав туку е и AMOLED сличен како оној што можеме да го видиме кај модел 900. Од напред покрај вообичаените копчиња за еден Windows 8 телефон тој има и предна камера, Nokia ги има ставено своите копчиња коишто можеме да ги најдеме кај скоро секој друг нивни телефон од левата страна со што им оставаат место на копчињата за заклучување, повишување и смалување на тон и копчето за камерата од десната страна. Дизајнот на копчињата се гледа дека е солиден и дека нема грешка во нив или пак во квалитетот. На горната страна се наоѓа 3.5мм излез за слушалки, а на долната страна се наоѓа просторот за microSD картичка, а до него звучникот. Звучникот е изненадувачки гласен со оглед на својата големина. Кога се користат слушалки телефонот не дозволува да се подеси гласот над 20 од можни 30 пред да се прифати сигурносната порака дека може да дојде до оштетување на ушите.

Nokia Lumia 820

Иако Windows 8 преставува подршка за поголеми резолуции, овој модел со својот 4.3 инчен AMOLED дисплеј со разочарувачка 800х480 резолуција(за споредба моделот Lumia 920 користи 4.5 инчен заоблен дисплеј со 1280х768 резолуција). Сепак боите на Windows 8 изгледаат одлично и прилично светло, а пак црната боја е стварно црна на дисплејот, резолуцијата ни кажува дека не се користи максимумот од 4.3 инчниот дисплеј. Моделот на HTC 8X, кој што исто така користи Windows 8 во истиот 4.3 инчен дисплеј има резолуција од 1280х720 пискели. Аглите на гледање во телефонот се перфектни, речиси од сите страни исто се гледа, дури и на намалена осветленост боите стварно изгледаат супер. Една од поинтересните опции што се однесуваат за дисплејот е тоа што може да се подеси оселтивоста на дисплејот, со тоа што кога би носеле ракавици, би можеле слободно да го користите телефонот како и без нив.

Nokia Lumia 820

Во овој модел на Nokia прилично клучен е софтверот. Има многу ексклузивни апликации, од сите видови. Слотот за картичката е регуларен и нема потреба од форматирање и замарање да се направи за да работи со овој модел, уште при првото вклучување на телефонот имате опција да изберете каде да ви ги зачувува податоците, дали во мемориската или во телефонската меморија. Тој исто така има и многу подобрувања од внатре, како на пример убрзано е времето за покренување на некоја апликација. Новиот dual-core 1.5GHz Qualcomm S4 процесор, истиот кој што можеме да го најдеме и кај моделот 920, му овозможува на 820 буквално да лета низ системот и апликациите без никакви проблеми. Сепак сеуште Windows 8 е многу далеку од Android кога станува збор за квалитетните апликации, ама сепак времето си го прави своето. Иако има нешто повеќе од 120 илјади апликации моментално, сепак има време додека да се наполни со квалитетни и корисни апликации.

Nokia Lumia 820

Реалноста е дека на некој може да му се допадне тоа што го има во различни бои, а некој пак сепак би го купиле моделот 920. Доколку би сакале Nokia телефон со Windows 8 оперативен систем на него а сепак не толку гломазен како 920, моделот 820 е таа опција, но сепак HTC 8X ги победува и двата модела во големина и корисност, но без да изгуби на перформанси. Со само 50$ разлика помеѓу моделите 820 и 920, тешко е да се каже дека на овој модел би заштедиле пари. Има неколку одлични работи кај овој модел вклучувајки ги ексклузивните апликации и силниот звучник, но доколку не би ви било проблем гломазноста на моделот 920, во тој случај изборот би бил очигледен.


Read More

Friday, November 23, 2012

The Cabin In The Woods

The Cabin In The Woods

Пет другари одат на одмор во една запуштена ќуќа во шумата, која што оддалеку е контролирана од страна на тим, тие ќе видат многу повеќе од она што ќе очекуваа. Заедно тие ќе пробаат да ја откријат тајната на куќарката во шумата.

Director: Drew Goddard.
Writers: Joss Whedon, Drew Goddard.
Cast: Kristen Connolly, Chris Hemsworth & Anna Hutchison.



Read More
Subscribe
Labels
Popular Posts

Subscribe Via Email

About Us

Advertisment

Like Us

© Онлајн Свет All rights reserved | Designed By Seo Blogger Templates