Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption


Breaking News

Test Footer 1

Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption
Showing posts with label Електроника. Show all posts
Showing posts with label Електроника. Show all posts

Thursday, November 29, 2012

SteelSeries Siberia V2 USB Gaming Headset

SteelSeries се смета за една од нај добрите фирми во светот со специјализирани гејмерски производи, нудејки голем избор на врвна опрема за гејмери од секаков тип. Еден од нај новите нивни производи е подобрувањето на нивните многу познати и прогласени за едни од најдобрите слушалки во светот, еден збор, Siberia. Новиот модел, Siberia V2 ветува дека ќе ни придонесе многу повеќе дури и од нив(ако е тоа во опште возможно).

SteelSeries V2

Новиот модел е направен така што може да ја поднесе било која апликација поврзана со звук и тоа да го направи професионално и со најдобар квалитет. Раѓајки се веќе во голема слава направена од својот предходник овој модел сите работи ги прави само подобри. Има неколку клучни промени(секако кон подобро), како на пример еластичната потпора за главата кога ќе ги ставите што се оптегнува. Што се однесува до квалитетот на звукот, предходникот долго го држеше првото место за нај квалитетен звук. Кога станува збор за новиот модел на SteelSeries можеме да заклучиме дека тие сепак ја однеле границата за квалитетот малце погоре. Во секој случај овој модел е многу по добар и прозиведува далеку по квалитетен звук од предхоникот.

SteelSeries V2

Покрај толку многу различни видови на слушалки тешко е да се донесе одлуката за најдобар модел. Но сепак тоа зависи од тоа за што ќе ви служат слушалките, дали имате инсталирано адекватна звучна карта за да го извадите максимумот од нив. Има нова опција на овој модел а подновувањето е тоа што можат да дојдат во опција и со USB приклучок, што носи многу бенефиции. Овој модел доаѓа и со вграден адаптер за 7.1 дигитален surround, но за да се користи тоа не треба да бидат приклучени на USB него на регуларен начин во звучната карта. За да би ги имале ќе ве кошта нешто помалку од 100 евра, зависно од тоа каде ќе ги купите.

SteelSeries V2





Read More

Nokia Lumia 820

Иако Nokia се сконцентрирани да го промовираат Windows 8 кај својот нов модел Lumia 920, сепак и овој модел не изгледа лошо со оглед на тоа дека е помал и по ефтин. Со својот  4.3 инчен ClearBlack дисплеј, microSD слот за картичка и батерија која што може да се извади дефинитивно е тоа дека Nokia со овој модел целат да придобијат различна група на купувачи за разлика од моделот 920.

Nokia Lumia 820

При прв допир имаме осет дека држиме во рака една рамна плочка, лесно може да се нарече досаден на прв поглед, но во внатрешноста и при детална инспекција се уверуваме дека нема грешка во дизајнот на Nokia. Моделот 820 исто така е многу комфортабилен кога ќе го фатите во рака, заоблените ивици не ви се забодуваат во рацете при држење што го прави прилично комфортен, тој исто така доаѓа и во различни бои. Додека моделите 800 и 920 од Lumia серијата имаат заоблен дисплеј, овој 4.3 инчен дисплеј не само што е прав туку е и AMOLED сличен како оној што можеме да го видиме кај модел 900. Од напред покрај вообичаените копчиња за еден Windows 8 телефон тој има и предна камера, Nokia ги има ставено своите копчиња коишто можеме да ги најдеме кај скоро секој друг нивни телефон од левата страна со што им оставаат место на копчињата за заклучување, повишување и смалување на тон и копчето за камерата од десната страна. Дизајнот на копчињата се гледа дека е солиден и дека нема грешка во нив или пак во квалитетот. На горната страна се наоѓа 3.5мм излез за слушалки, а на долната страна се наоѓа просторот за microSD картичка, а до него звучникот. Звучникот е изненадувачки гласен со оглед на својата големина. Кога се користат слушалки телефонот не дозволува да се подеси гласот над 20 од можни 30 пред да се прифати сигурносната порака дека може да дојде до оштетување на ушите.

Nokia Lumia 820

Иако Windows 8 преставува подршка за поголеми резолуции, овој модел со својот 4.3 инчен AMOLED дисплеј со разочарувачка 800х480 резолуција(за споредба моделот Lumia 920 користи 4.5 инчен заоблен дисплеј со 1280х768 резолуција). Сепак боите на Windows 8 изгледаат одлично и прилично светло, а пак црната боја е стварно црна на дисплејот, резолуцијата ни кажува дека не се користи максимумот од 4.3 инчниот дисплеј. Моделот на HTC 8X, кој што исто така користи Windows 8 во истиот 4.3 инчен дисплеј има резолуција од 1280х720 пискели. Аглите на гледање во телефонот се перфектни, речиси од сите страни исто се гледа, дури и на намалена осветленост боите стварно изгледаат супер. Една од поинтересните опции што се однесуваат за дисплејот е тоа што може да се подеси оселтивоста на дисплејот, со тоа што кога би носеле ракавици, би можеле слободно да го користите телефонот како и без нив.

Nokia Lumia 820

Во овој модел на Nokia прилично клучен е софтверот. Има многу ексклузивни апликации, од сите видови. Слотот за картичката е регуларен и нема потреба од форматирање и замарање да се направи за да работи со овој модел, уште при првото вклучување на телефонот имате опција да изберете каде да ви ги зачувува податоците, дали во мемориската или во телефонската меморија. Тој исто така има и многу подобрувања од внатре, како на пример убрзано е времето за покренување на некоја апликација. Новиот dual-core 1.5GHz Qualcomm S4 процесор, истиот кој што можеме да го најдеме и кај моделот 920, му овозможува на 820 буквално да лета низ системот и апликациите без никакви проблеми. Сепак сеуште Windows 8 е многу далеку од Android кога станува збор за квалитетните апликации, ама сепак времето си го прави своето. Иако има нешто повеќе од 120 илјади апликации моментално, сепак има време додека да се наполни со квалитетни и корисни апликации.

Nokia Lumia 820

Реалноста е дека на некој може да му се допадне тоа што го има во различни бои, а некој пак сепак би го купиле моделот 920. Доколку би сакале Nokia телефон со Windows 8 оперативен систем на него а сепак не толку гломазен како 920, моделот 820 е таа опција, но сепак HTC 8X ги победува и двата модела во големина и корисност, но без да изгуби на перформанси. Со само 50$ разлика помеѓу моделите 820 и 920, тешко е да се каже дека на овој модел би заштедиле пари. Има неколку одлични работи кај овој модел вклучувајки ги ексклузивните апликации и силниот звучник, но доколку не би ви било проблем гломазноста на моделот 920, во тој случај изборот би бил очигледен.


Read More

Friday, November 23, 2012

Apple iPod Touch

Оваа година Apple изненадуваат со својата најголема промена. Новиот iPod Touch за оваа 2012год. има 4-инчен Retina диплеј, 5MP камера, iOS6 и 32GB или 64GB внатрешна меморија. Таа е комбинацијата на последните 3 телефона на Apple, со слична комбинација на iPhone 4S. Тој исто така е нај тенкиот, нај лесниот и нај 'шарениот' iPod до сега. Но све се сведува на цената, која изнесува од 299$ до 399$, зависно од колав празен простор ви треба на него.

Apple iPod Touch

 На прв поглед не изгледа како ефтин поради лесната тежина и тоа што е тенок, овој модел е посебно дизајниран со својот алуминиумски капак на задната страна. Овој модел секако доаѓа  во 5 бои(слика горе). Влезот за слушалките се наоѓа на долниот дел како и своите предходници, а сега и новиот iPhone 5. А на средината има мал звучник, и до него се наоѓаат светилките. На горната страна се наоѓа копчето за вклучување, и од страните посебните копчиња за повишување и смалување на тон. На задниот дел се наоѓа од лева страна камерата, како и блицот. Неговиот дисплеј е истиот оној кој што можеме да го најдеме кај новиот iPhone 5, 4-инчен со 1136х640 резолуција кој што изгледа фантастично. Напредокот во големината на дисплејот е еднакво добра кај двата нови модела, за разлика од порано кога iPod имаше далеку полош дисплеј од моделите на iPhone. Кога станува збор за процесорот тука го делат истиот кој што можеме да го најдеме кај iPhone 4S, dual-core A5 процесор. Што се однесува до камерата, таа е многу добра што би требало да не изненади кога станува збор за iPod. Иако таа е 5MP таа е еднакво добра колку што и онаа на iPhone 4, но не и кај оние на iPhone 4S и 5.  

Apple iPod Touch

Овој нов модел исто така блеснува кога станува збор за перформансите, кој што се еднакви како оние кај моделите на iPhone само единствената разлика е тоа што неможете да правите повици. Скоро сите апликации што можеме да ги најдеме кај новите модели на iPhone ги имаме и тука, како на пример: Siri, Apple Maps, Passbook, Panorama, Facebook, iMessage, FaceTime. Тие сите се тука, тоа е стварно еден комплетен iOS6, би можело да се каже дека е мини таблет. Поголедмиот дел од системските подесувања се исти како кај iPhone 5, со неколку редизајнирани работи. Батеријата му издржува многу добро со оглед на тоа што немаме никакви позиви на него, од Apple тврдат дека се потребни 40 саата слушање музика за да се испразни комплетно батеријата. Највеке од батеријата повлекува камерата, но во секој случај ни тоа не е многу.

Apple iPod Touch

Овогодинешниов iPod е најдобар до сега без ни грам сомнеж. Apple ги има подобрено нај добрите и нај корисните работи кон уште подобри, добивате голем дисплеј и одлична камера. Иако неможат да се добиваат повици на него, во моментот кога ќе се приклучи на Wi-Fi мрежа тој нема никаков проблем да комуницира, заблагодарувајки им се на iMessage, FaceTime и Skype. Иако цената е многу повисока од таа што можеме да ја видиме кај предходниците дури за 100$, сепак таму добивавте, лоша камера, многу полош дисплеј и далеку под застарени апликации. Сепак на оној што ќе му го привлече вниманието ќе размисли два пати дали да го купи по таа цена.



Read More

Thursday, November 22, 2012

HTC Droid DNA

Големите телефони стануваат се поголеми. Овој тренд не изгледа ни од далеку дека пропаѓа, а новиот HTC Droid DNA е новиот член на групата со големи телефони. Со многу добра цена од 200$, тој има многу повеќе да понуди од она што го гледаме. Има огромен 5 инчен дисплеј кој продукцира вистинска 1080р резолуција. Но HD дисплеј не е она што го прави еден телефон најдобар, тој исто така изненадува со својот quad-core процесор, 8MP камера, и е одржуван во живот од страна на Android 4.1 Jelly Bean софтверот. Овој нов модел би требало да им се спротивстави на Samsung Galaxy Note II, Motorola Droid RAZR HD, RAZR Maxx HD и секако на новиот Apple iPhone 5. Дали Droid DNA го има тоа што е потребно да се истакне од оваа група на телефони или неговиот одличен дисплеј едноставно ќе се изгуби помеѓу перформансите на конкурентите тоа останува да видите понатаму.

HTC Droid DNA

На прв поглед DNA изгледа слично како другите телефони, голем дисплеј сместен на тенка маска која што во внатрешноста има моќни компоненти, но не и исто. Тој малку се истакнува со црвената украсна боја која што е на местото на звучникот, на страниците и околу задната камера. Во никој случај неможе да се каже дека не е привлечен овој телефон, но сепак не е кој знае што. Солидно сместени компонентите во слична маска како онаа кај HTC One X и One X+, и се е пластика за разлика од EVO 4G кој што има алуминиумски делови. Тоа го прави малце по сигурен на изглед. Во секој случај тоа што го нема металот го прави за нијанса полесен од оние кој го имаат, тежок само 142гр. со оглед на тоа што има 5 инчен дисплеј би помислиле дека би требало да е прилично потежок. Сепак иако е голем може да се користи лесно со една рака поради тенките ивици. Димензиите му изнесуваат 14cm висина на 7cm ширина што го ставаат дефинитивно меѓу поголемите телефони од својата група, иако не е поголем од One X и EVO 4G.

HTC Droid DNA

HTC Droid DNA навистина блеснува кога станува збор за неговиот дисплеј. Неговиот 5 инчен Super LCD 3 дисплеј го прави првиот телефон со 1080х1920 пиксели во Америка. Едноставно нема грешка во дисплејот, просторот помеѓу LCD дисплејот и стаклото што го заштитува е толку мало што изгледа дури како иконите да лебдат, така добро е направен што нема шанси да се примети ниту еден пиксел колку и да би пробувале. Со бои кој што би ве оставиле без здив, кога станува збор за овој телефон кој што ја има истата резолуција како некој од новите HDTV телевизори. Тој нема проблем кога се наоѓа на дневна светлина, и од секоја гледна точка дисплејот се гледа супер. Прилично долго се сметаше дека HTC One X го има најдобриот дисплеј, се додека HTC не го промовираше Droid DNA, тој едноставно мора да се види во живо за да може да се објасни супериорноста.

HTC Droid DNA

Што се однесува до камерата HTC го има опремено овој модел со две камери, едната на предната и другата на задната страна. Предходно спомнатата 8MP задна камера и 2.1MP предната камера која што може да снима 720р HD видеа(позајмена од Windows Phone 8X), и има многу добар агол на снимање, тоа значи дека можете да ја соберете и да се гледа целата фамилија додека имате видео повик со некој друг.
Задната камера пак е опремена со HTC ImageSense чип и софтвер, кој што овозможува сликање и снимање во 1080р, дури има и опција додека се снима да може да се слика без да се смета на снимањето. Оваа камера може да се каже дека е најдобрата во својата класа за производителите на Android телефони. DNA опремен е и со ново копче за сликање/снимање, кое што прави полесен пристап до камерата, исто така има и полесен пристап до предната камера и до зумот. Сликата што следи е сликана со Droid DNA додека се снима видео.

HTC Droid DNA

Што се однесува до софтверот на HTC Droid DNA (Android 4.1.1 Jelly Bean) вклучувајки го новиот HTC Sense 4+ интерфејс. Sense 4+ е многу сличен на Sense 4 и изгледа познато на секој кој што го има видено интерфејсот на овогодинешниве HTC модели. HTC го дизајнира Android софтверот на секој свој модел. Дали ви се свиѓа промената на HTC повеќето од апликациите доставени и сменети можете да ги исклучите но не и да ги избришете од меморијата на телефонот која што изнесува 16GB(11.5GB се достапни за користење на прво вклучување на телефонот). Една работа е сигурна а тоа е дека Droid DNA повеќе заликува на телефон за разлика од Samsung Galaxy Note II којшто прави малце да се осеќате дека користите таблет.

HTC Droid DNA

HTC го опреми својот нов модел со Qualcomm Snapdragon S4 Pro quad-core процесор, клокиран на 1.5GHz кој што е спарен со 2GB RAM меморија. Тоа се истите компоненти кој што ги видовме кај LG Nexus 4 и Optimus G. Дури и покрај овие перформанси Droid DNA понекогаш има проблеми и највеќе се осеќа кога се скрола поготово кога се користи Google Chrome, скролањето не е толку лесно колку што би требало да биде за смартфон со вакви перформанси. DNA доаѓа со батерија која што неможе да биде сменета кога ќе се испразни. Батеријата на овој модел не му е една од подобрите страни со тоа што сигурно би требало да се пуни еднаш до два пати дневно, сепак таа резолуција и тој интернет со таа брзина мора да повлечат малце повеќе.

HTC Droid DNA

HTC Droid DNA прави многу добра работа така што ве импресионира на почеток кога ќе го погледнете. 1080р дисплејот е одличен, дизајниран е така што не се оставаат отпечатоци на него и го има еден од најбрзите процесори кој што би го нашле во смартфон во ова време. Но само што ќе погледнете понатаму неговите маани излегуваат на виделина. DNA нуди дури и премногу за цена од 199$, иако сеуште не се знае дали ќе го имаме во европа. Многу не издржливата батерија и проблемите со кочењето на моменти се еден голем минус во убавиот на лик Droid DNA. Самиот дисплеј неможе да надомести за неговите останати проблеми сепак, сеуште останува во избор Samsung Galaxy S III како и Motorola Droid RAZR HD. Но ако морате да бидете тој со најдобриот дисплеј тогаш HTC Droid DNA е за вас.











Read More

Sunday, November 18, 2012

Canon го претстави EOS 6D


Canon го претстави својот најнов EOS DSLR за озбилни фотографи модел EOS 6D. Величината и тежината слични се на моделот EOS 60D, а станува збор за најлесниот DSLR фотоапарат на светот со CMOS сензор за полн кадар, што го прави идеален за патувања и снимања на портрети и пејсажи. Овој модел претставува нова почетна точка за новата линија на фотоапарати на Canon со полн кадар. Совршен е за корисниците кои сакаат поголема контрола врз длабочината на полето или пак сакаат да ги максимизираат перформансите за снимање со користење на богатата палета на објективи EF достапни за EOS системот. Прв пат на некој од моделите EOS се достапни функциите за Wi-Fi и GPS, со што на фотографите им се овозможува да фотографираат во движење, нивно означување на податоци за местото на снимање и бежичен пренос на компјутер или на паметен телефон.

Cannon EOS 6D

Врз основа на 25 години иновација во EOS серијата, EOS 6D се одликува со новопроектираниот 20,2-мегапикслески CMOS сенозор полн кадар кој на фотографиите им овозможува изработка во големина на постер или пак отсекување без да се загрози квалитетот на сликата. Вграден е ISO од 100-25.600 ( со помош на проширување до 50-102.400) го прави снимањето појасно, фотографирање во потполен мрат сека е полесно него било кога претходно. Новиот систем на афтомацко фокусирање и изоштрување во единаесет точки нуди надобри перформанси во ислови на слаба осветленост досега понудена во некој Canon систем на афтомацко фокусирање. Со помош на фокусирањето дури и во услови на EV-3, што одговара на месечината, објектите остануваат фокусирани дури и во најпредизвикувачките услови на осветленост, што на фотографите им нуди слободно снимање на портрети и пејсажи во ноќни услови и бележење на атмосфера на вистински сцени со минимална бучава.

Сензорот за полн кадар нуди поголема контрола над длабочината на полето при снимање на портрет, што на фотографите им овозможува едноставно изолирање на објектите со привлецно замаглена позадина. EOS 6D на фотографите им овозможува истражување на сите потенцијални шитоко акоглни објективи EF и бележење на сите детали за широки пејсажи. Достапни се модели од 8 mm до 800 mm. Со тоа и моќен процесор за сликање DIGIC 5+ нуди бројни афтомацки нацини на работа и креативни функции за снимање со кој во потполност се дополнуваат рачните контроли им нуди ширко спектар на корисниците и потполна флексибилност.

Read More

Thursday, November 15, 2012

Alienware X51

Дали сте човек кој што преферира да игра на PC или сепак на некоја од конзолите ?? Ако ја зборуваме вистината и нема некоја голема разлика денеска меѓу нив. Денешните најдобри игри се прават за PC како и за PS3 и Xbox 360. Иако на конзолите не се игра баш најдобро со маус и тастатура, и тоа што повеќето од нив не произведуваат на вистина 1080p. Покрај нив компјутерите се многу по масивни.
Поради оваа причина Alienware го произведе својот X51 модел на статичен компјутер. Во него се сместени компоненти со иста големина како кај обичниот статичен компјутер, а сепак целосната големина е малку поголема од таа на PlayStation 3. Направен е во глобала да работи на вашиот телевизор. Иако не е многу голем на X51 може да се надоградуваат компоненти понатаму, не е никаков проблем. Најобичниот модел започнува со цена од 699$.

Alienware X51
Дизајнот исто така многу наликува како онаа на конзолите, поточно повеќе на нивните смалени верзии. Од напред изгледа како PS3 со блескавата маска, за разлика од заоблените страници кој повеќе потсетуваат на Xbox 360, дури и со копчињата се тука некаде. Друга работа што позајмува од Xbox 360 е тоа што има прилично големо надворешно напојување. Со своите 5.5кг тежина баш и не го прават толку лесен за преместување како конзола. Иако во целост многу потсеќа како да бил направен од страна на Sony и Microsoft, сепак може да се најдат и многу работи кои потсеќаат на типичен Alienware компјутер. Знакот нивни стои на долната страна од куќиштето, со можност очите да му светат во која боја ќе одберете вие. Дури можете да ги наместите да светкаат кога ќе добиете одредени нотификации. Острите ивици на горниот и долниот дел кој се наоѓаат на блескавата површина потсеќаат на некои од поранешните Alienware статични компјутери.

Alienware X51

Неговите димензии 33цм висина, 30цм должина и 7.5цм ширина го прават малце по масивен за разлика од конзолите, исто така и тежината. Ама затоа тој недостаток го поправаат Alienware со тоа што на задната страна има еднакво портови како и на обичен статичен компјутер кој е поголем за минимум два пати од него. Од напред има пар портови USB 2.0, до нив се сместени влезовите за слушалки и за микрофон, а од задната страна не само што има HDMI излез туку и четири USB 2.0 портови, пар USB 3.0, излез за мрежно конектирање, целосен сет од излези за поврзување на звучници, коишто можат да се приклучат со било каков и да посакате звучен систем. Исто така има и еден пар на DVI конектори, смалена верзија на HDMI излез на задната страна од графичката. Во пакувањето имаат само вклучено маус,тастатура, DVI во VGA адаптер и прирачник за употреба. Нема никаков далечински управувач, што доаѓа како минус во случајот кога овој уред е поврзан на телевизор.

Alienware X51

Х51 навистина блеснува кога ќе го погледнете под 'хаубата'. Многу добро замислено од страна на Alienware така што е дизајниран да ги собере сите компоненти на регуларен компјутер во дупло помал простор. На лик изгледа буквално како три димензионална слагалица. Без ни малце неискористен простор, сепак правејки го секој дел лесен за променување и надградување во многу краток период. Можете целиот систем да го од штрафите и пак да го вратите на место буквално за половина час доколку би сакале. Не самошто Х51 лесно може да се надгради, тоа што го прави посебен е добро организираниот простор. Нај интересно дизајниран е просторот за графичката, тие успеале да ја наместат дуплата, долга дури 22цм графичка да биде поставена паралелно со матичната.

Alienware X51

За првичната и основна цена која изнесува 699$ добивате: Intel Corе i-3 процесор, 4GB RAM и Nvidia GeForce 545 GT. Најдобрата понуда од Alienware која изнесува 1,249$ добивате многу повеќе. Со Core i-7-2600 3.4GHz процесор, 8GB RAM меморија, Nvidia GeForce GTX 555 графичка, како и Blue-Ray режач. Со овие компоненти може да се каже дека е прилично доминантен над конзолите. Иако би било добро ако вклучеле и еден помошен SSD диск во него за таа цена. Што се однесува до звучноста, Х51 е прилично тивок, нај гласен дел му е Blu-Ray режачот но и тој самиот не е многу гласен.

Alienware X51
Во изминативе години имаше неколку обиди за конструкција на смалена верзија но сепак прилично издржлива верзија на компјутер, којшто би можел лесно да се користи за играње нови игрици. Прв пример е моделот на HP, Firebird којшто поседуваше дупла графичка(онаква каква што се наоѓа на лап-топ), водно ладење, прилично добар изглед но превисока цена. Х51 има одлична шанса да ги поправи неговите грешки, нема преголема цена за мини издание, одличниот дизајн и солидни перформанси што би можеле да ги добиете за тие пари кога станува збор за игри. Паметно конструираното куќиште коешто може лесно да се надградува во иднина за да ги задоволи вашите потреби е исто така еден плус. Не е тешко да се преместува од едно место на друго. Факт е дека Alienware има направено еден многу интересен компјутер, каков што нема друг сличен на пазарот моментално, а за во иднина веруваме дека ова ќе им биде поттик на другите да пробаат и они што можат да направат. Во случај да ви се има здосадено од својот лап-топ или од својата конзола, а ви треба нешто мало но сепак со добри перформанси, Alienware X51 е тоа што го барате.






Read More

Tuesday, November 6, 2012

iPhone 5

Новиот модел на iPhone 5 доаѓа во многу подобро издание. Се што би требало да има плус, тој ги има, побрз, попаметен, по тенок и многу полесен. Има подобрена камера, поголем дисплеј со поголема резолуција, и опасен дизајн. Ама во глобала тоа е iPhone кој што веќе го имаме видено. Apple iOS 6 софтверот кој се нема многу подобрено, но сепак се има, дизајнот пак наликува на својот предходник iPhone 4S.

iPhone 5

Можеби ќе помислите дека веќе го имате видено овој модел, но верувајте ми, се додека не го фатите во рака, не сте го запознале сеуште. Иако првичниот дизајн многу потсеќа на предходниците iPhone 4 и iPhone 4S, вистинските компоненти, материјалот на изработка, големината и тежината го прават сосема друг телефон.
iPhone 5 го има скоро истиот облик како претходникот, кој што има заоблени ивици, и со метална заштита по страните. Овој модел се разликува со тоа што целиот е направен од алуминиум обложен со стакло. Промената одма се осеќа кога ќе го фатите во рака, исто така и тоа што е многу полесен. Тежината која изнесува 110гр во однос на предходникот 140гр има осетлива разлика. Тоа го прави да се осеќа не довлно тежок кога ќе го подигнете.

iPhone 5

Комбинацијата на смалената дебелина со малата тежина го прави на некој начин помал во рака, иако е подновен со новиот 4 инчен дисплеј. Apple исто така го премести излезот за слушалки на долниот дел од телефонот, дупката каде што стои звучникот е малце по нежна за разлика од 4Ѕ. Иако изгледа многу како другиот модел, ова е сепак нешто многу подобрено, на прв поглед добивате чувство дека има многу квалитетна изработка.

iPhone 5

Во внатрешноста на iPhone 5 ќе најдете, нов dual-core кој работи на 1GHz, 1GB RAM, имате избор помеѓу 16,32 и 64GB моделите, WiFi, GPS, сите подобрени за малце од 4Ѕ. Нова 8MP камера од позади и 1.2MP предна камера.
Како што веќе кажавме Apple го има многу подобрено дисплејот на својот нов модел, зголемен на 4 инчи(4Ѕ има 3.5 инчен дисплеј) иако многу луѓе се бунтуваа кажувајки дека 3.5 инчниот екран е сосема доволен. Новиот дисплеј се има многу подобрено во поглед на приказот на боите, продукцира по светли бои од предходниците, а исто така и потемна црна боја.
Звукот на новиот модел е перфектен и кристален, доаѓајки од двата звучника како и од слушалките. Дури три микрофони се вградени во овој модел за да се намалат звуците од позадината и да се слуша само гласот на тој што збори.

iPhone 5

Може да се каже дека новата камера на овој модел е една од најдобрите камери до сега ставени во мобилен телефон иако е 8MP. Сликата што ја вади е перфектно чиста, ултра дефинирана, едноставно нема грешка. Не разочарува дури ни 1080p видео снимањето, снимајки не треба до толку да обрнувате внимание во врска со тоа дали се мрдате, Apple го имаат решено тој проблем. Предната камера исто така изненадува со својата ефикасност. Софтверот во врска со камерата не е многу променет, го има сеуште интересниот панорама мод за сликање, кој што откако ќе сликате ви дозволува лесно да ги разгледувате фотографиите.

iPhone 5

Што се однесува до перформансите би рекле дека очекувано е да е побрз од предходникот, Apple секоја година успева да се бутне себе си со новите модели правејки ги побрзи. Нема премногу голема разлика меѓу 4Ѕ и овој модел, бар не до толку приметлива. Има приметлива разлика кога се играат видео-игри. Генерално има одлични перформанси. 
Една од подобрите работи кај овој модел е тоа што иако е многу тенок, Apple сепак има направено одлична батерија за него, дури и 4Ѕ го надминува во тој поглед.

iPhone 5


Има толку многу да се зборува во врска со новиот iOS презентиран во овој нов модел на iPhone. Новиот оперативен систем на овој модел ги исполнува сите очекувања: едноставен е, брз е и лесен е за разбирање, едноставно кажано најдобриот iOS до сега ставен во телефон. Новата апликација за мапи во светот е многу подобрена, брзо работи и сега покажува точно каде треба да свртите и слични работи кој што помагаат во снаоѓање. Во врска со апликацијата за електронска пошта во глобала не е сменета. Популарната апликација Siri е многу подобрена, побрза е во наоѓање работи, иако сеуште не е излезена од својата бета верзија. Таа сега може дури и да ви објавува статуси на Facebook и Twitter, може да ви отвара апликации, да ви дава резултати од спортски настани, детални информации за филмови.

iPhone 5

iPhone 5

Без ни малце недоверба iPhone 5 е најдобриот iPhone до сега направен, а и за повеќето луѓе е и најдобриот smartphone направен досега. Помеѓу новиот дизајн, ултра брзиот интернет и долгиот животен век на батеријата тешко да најдеме нешто што нема да го сакаме. Покрај проблемите со мапите и со уште неколку други апликации, не треба ни да се помислиме на момент, Apple има направено ѕвер заробен во телефон. Цената се движи од 400$ за првичниот 16GB модел, 500$ за 32GB моделот и 600$ за 64GB моделот.


Read More

Monday, November 5, 2012

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

За подготвувањето во врска со Windows 8 оперативниот систем, производителите на секаков вид на лап-топ компјутери прават многу иновативни модели, кои се осетливи на допир. На некои модели екраните им се превртуваат,на некои пак се вртат, на трети пак можат да им се отстранат тастатурите со што ќе добиете таблет. Но новиот модел на HP го нема ниедното. Тој единствената разлика што ја има од сите други нормални лап-топ компјутери е што дисплејот му е осетлив на допир. HP Envy TouchSmart Ultrabook 4 кој би ве чинел околу 800$ доколку би сакале да го поседувате е неверојатно тенок, но сепак и прилично тежок, со слични спецификации како другите Ultrabook модели, со 1366х768 пикселен дисплеј.

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

Прилично е тешко да ги разликуваме Envy Spectre XT TouchSmart кој што не е сеуште пристигнат а ќе кошта 1,400$ па се до Envy Sleepbook 6 моделот кој кошта 580$, тие сите имаат прилично ист изглед. Се разликуваат само материјалите на изработка и компонентите, тежината и дебелина се разликуваат од модел до модел. Лошата работа е што овој модел многу потсеќа на Envy 4 само со екран на допир.
Ако не сте запознаени со Envy 4 тоа што треба да го знаете е дека тој лап-топ ги задоволува своите корисници за таа цена, но тој не е толку убав и издржив како што е на прв поглед. Целиот простор каде што ги одмарате дланките и околу тастатурата е направен од слој на алуминиум, што го имаме и во истиот случај кај црниот капак. Целиот долен дел е прекриен со мек слој на гума, кој што изгледа меко и не му дозволува многу да се лизга. За разлика од другите Ultrabook дизајни овој модел не е толку крут, дури и на некој места ако го стиснете ќе ви пропадне прстот.
Што се однесува до портови овој модел има многу, што би не изненадило за разлика од другите  модели во неговата класа. Тој има три USB 3.0 портови, придружуван со HDMI излез со нормална големина, слот за SD картичка, нормален излез за мрежна конекција на левата страна. На десната страна пак има еден USB 2.0 излез, 3.5 милиметарски излези за слушалки и микрофон, излезот за струјно напојување и копче за заклучување.

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

Овој модел има фантастичен екран на допир, рабоди извонредно со новиот Windows 8, без никакво закаснување. Не би сакале да го подигнете фаќајки го за екран, и користејки го како таблет бидејки е тежок скоро 2кг. Но во секој случај лесно може да се наместите на него ставајки ги палците од двете страни на дисплејот. Скролањето и зумирањето се многу лесни за употреба и тие се едни од главните по добри работи за овој лап-топ. Дисплејот пак со своите 1377х768 пиксели не е баш меѓу најдобрите. LCD екранот под маската изгледа прилично лошо. Лошите бои и ивици на иконите се само дел од мааните на овој дисплеј. Различни варијанти на зелената и на плавата боја се многу лоши и тешко е да се разликуваат, а и се гледаат голем дел од пикселите на вертикалните редови. Хоризонталните гледања пак не се многу лоши ама па не се ни нешто добри. Лош е заштитниот дел на дисплејот, многу од отпечатоците од прстите се задржуваат на него, ама тоа се очекува од дисплеј на допир. Аудио опремата на овој лап-топ е катастрофална, двата мали звучника се со многу слаб квалитет на продукција на музика.

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

Иако тастатурата е комплетно опремена со со копчињата Home, Page Up, Page Down и End на десната страна на тастатурата, придружувани од сет копчиња поставени паралелно со тастатурата над неа. Сепак неразбирливо е зашто HP го има ставено копчето за гасење на WiFi мрежата одма до Mute копчето, нема во темница да ги промашите едно со друго бидејки тие кога се вклучени различна боја на светење имаат. За само 20$ можете фабрички да добиете целосна LED подршка на тастатурата, единствената маана во оваа работа што мора да се има е тоа што неможе да се смени бојата на светење, само може да биде упалено или изгаснато. Општо земено тастатурата не е лошо конструирана. Не е толку комфортна како на Spectre XT која што е слична како на MacBook на Apple. Кога е стиснато едно копче иако не пропаѓа доволно како кај Spectre XT, ниту пак се толку меки и лесни за стискање, добиваме прилично добра(бар на изглед) тастатура.

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

Замената за маус на овој модел е прецизна и многу нежна што ја прави лесна за употреба, можеби не толку прецизна колку што е осетливиот екран, но сепак добро ја завршува работата како селектирање, скролање итн. Има опции дури и за гестови со три и четири прсти.

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

За 800$ овој модел доаѓа со 1.8GHz Core i-3 3217U процесор, итегрирана Intel HD 4000 серија на графичка, 500GB слободни за вашите податоци придружуван од 32GB SSD диск. Има опција и за 1.7GHz Intel Core i-5 3317U процесор место веќе постоечкиот за само 75$ доплата, плус добивате уште 2GB RAM на веќе постоечките 2GB. Ако мислите дека му се доволни 4GB RAM на овој лап-топ грешите, бидејки самиот Windows 8 влече околу 1.6GB без никаква апликација во позадина да работи. Повеќето од новите Ultrabook модели не се препорачливи за користење за видео-игрици, овој модел не е исклучок. 12 секунди се потребни за да се подигне оперативниот систем, во тој поглед е одличен, иако после подигнувањето треба да пројде уште краток период за користење на апликации.

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

Кога доаѓа збор во врка со издржливоста на батеријата, повеќето Ultrabook модели се покажаа прилично добро, не земајки ја во предвид дебелината, тие успеаа да издржат од 5 до 7 саата ако се полнети правилно и кога треба. Овој модел имате четири солидни часови за употреба откако ќе го извадите од полначот, со сите тие апликации кои работат во позадината. Во врка со загревањето, кулерите на овој модел се извонредни. Тие го чуваат овој лап-топ комплетно оладен.

HP Envy TouchSmart Ultrabook 4

Во случајот на HP Envy TouchSmart Ultrabook 4 буквално можете да и судите на 'книга-та според своите корици'. Многу добро дизајниран, доволно моќен, со интересна цена, но сепак би рекле дека е малце здодевен. Но сепак прави добра презентација на екранот на допир како работи со Windows 8. Ако дизајнот и цената ве привлекува тогаш ова е тоа што го барате, ништо друго не е до толку импресивно направено. Ако дефинитивно сакате да имате лап-топ со екран на допир, ако сеуште немате Ultrabook, ако немате многу за пари за трошење, тогаш овој лап-топ е дури и повеќе од доволен.


Read More

Saturday, November 3, 2012

iPad Mini

Муабетите за iPad Mini се стари можеби колку и самиот iPad, но не се знаеше за сигурно дали тие муабети се вистинити. Надевањата беа дека ќе Apple ќе промовира нов помал но сепак доволно моќен да го надмине својот предходник, но лесно да може да се држи во една рака.
Ова е тоа. Ова е новиот iPad кој што има големина од 7.9-inch односно 20цм, изненадува со својата ниска цена од 329$, резолуцијата на дисплејот е иста со на iPad 2, но само помал е дисплејот. Заклучокот е дека не само што е помал туку е и многу поефтин од својот предходник. Цената се однесува за основниот модел 16GB WiFi. Во опција се и 32GB WiFi, 64GB WiFi, 16GB AT&T 4G, 32GB AT&T 4G, 64GB AT&T 4G и 16GB Sprint 4G.

iPad Mini

Apple сакаа да бидат јасни на промоцијата дека ова не е само смалена верзија на првичниот iPad туку овој доаѓа и со нов дизајн на рамката, додека сите четири генерации на iPad немаа многу голема разлика помеѓу себе, но на iPad Mini задниот дел изгледа комплетно по различен од другите со својата алуминиумска заштита, всушност целиот изглед е сосема освежен и подновен. Самиот изглед е многу по заоблен од предходникот, правејки го по оштар на ивиците, правејки го полесен за држење и носење, и воедно отстапување повеќе место за батеријата.

iPad Mini

Секако дека тоа што е помал го прави и далеку по лесен, правејки го за повеќе од дупло полесен односно тежината на оваа верзија изнесува 308грама. Во секој случај е и многу по тенок за неколку милиметри, а целосната големина изнесува 200х135мм. Во внатршноста на овој подновен производ се наоѓа 7.9 инчен, 1,024х768 IPS LCD дисплеј со многу помали рамки од предходникот. Местото на копчињата е познато, но сепак поразлично. Копчињата за подесување на тон се на горната десна половина. Копчето за палење се наоѓа горе, и е слично како на предходните модели, на другата страна има 3.5мм простор за вклучување слушалки(за разлика од секој друг Apple производ каде тој простор се наоѓа на долната страна). Левата страна е празна. На долниот дел се наоѓа звучникот, којшто е прилично гласен но сепак далеку од идеален звукот, препорака е сепак да се користи со слушалки. Како и кај своите предходници така и кај овој модел на iPad не се вклучени слушалки. Единственото копче на предната страна се наоѓа на долниот дел од рамката, точно на средина, смалено малце за разлика од предходниците, всушност тоа е и помалу дури и од на моделите на iPhone. На задната страна се наоѓа само 5MP iSight камера позицирана во горниот-лев ќош, поврзана со предната 1.2MP FaceTime HD камера која се наоѓа над дисплејот.

iPad Mini

iPad Mini е подржуван од dual-core 1GHz процесор со 512MB рам меморија, исто како својот предходник. Перформанисите му се одлични со оглед на тоа дека е смален. Но во поглед на издржливата батерија се покажува по добар од сите други таблети. Камерата се покажува одлично, не колку на новиот iPhone 5(8MP), иако нема никоја од новите функции на iPhone 5 како на пример панорамското сликање, но сепак има задоволувачка слика како за таблет. Видео снимањето на 1080p изгледа феноменално, иако треба да сте многу смирени за да не биде замаглено, а и пожелно е да биде сликано или снимано во доволно осветлена просторија за да се извади максимумот.

iPad Mini

Заклучокот е дека ова не е единствениот таблет на Apple направен поефтин, ова не е само смалена верзија на првичниот iPad, ова е во многу погледи најдобриот таблет кој што Apple го има направено до сега, тенок, лесен, очигледно добро конструиран таблет кој што има прилично издржлива батерија. Можеби перформансите не се како на другите нови производи на Apple, можеби и дисплејот ја нема најдобрата резолуција, но сепак за 329$ овој производ има што да понуди повеќе од останатите таблети на Apple. Со привлечна цена, уникатен дизајн, исто така со најдобрата подршка во врска со апликации. Можеме сите да се согласиме дека ова е еден стварно неверојатен таблет.

iPad Mini


Read More

Pioneer Kuro

Kuro е името на брендот кој што Pioneer го искористи за својата нова линија high-definition плазма телевизори, Kuro во превод на јапонски значи црно. Во 2008 година на Consumer Electronics Show, Pioneer го претстави својот 'Ultimate Black' Kuro. Плазма технологијата кај овој модел на телевизор ги намалува светлосните емисии од црните области на екранот до тој степен што во својата максимална осветленост, се смета дека соодносот на контрастот е 'речиси бесконечен'. 
Хард-кор ентузијастите за домашно кино изјавиле дека Kuro е единствениот HDTV кој може да ја достигне 'вистинската црна' боја.

Pioneer Kuro

Рецензиите покажаа дека Kuro се преставува како најдобар во својата класа на технологија, неговите слики се повеќе живи и шарени од на било кој друг HDTV во тоа време(а и се верува дека сеуште ретко кој HDTV може да произведе таква слика) сеедно дали е LCD, LED или Plasma. Единствено Sony го престави XEL - 1 OLED дисплејот кој има подобар контраст од Kuro вклучувајки ги и потемните црни бои, но во таа фаза OLED технологијата сеуште се соочува со многу несигурност и животен век на прашања.

Pioneer Kuro

Покрај тоа што бил критички реномиран, Kuro бил комерцијално неуспешен. Плазма телевизорите највеќе се искачиле во својата популарност од 2004-та до 2006-та година, и постојано од тогаш па се до денеска се потиснати од страна на LCD телевизорите. Бидејки бил поскап од било кој друг телевизор во својата класа за разлика од Panasonic,Samsung и LG кои ја сведеле продукцијата на плазма телевизори на минимална, со тоа што повеќе внимание обрнувале на своето производство на LCD телевизори. Pioneer објавиле во Февруари 2009-та година дека ќе го напуштат ТВ-бизнисот до Март 2010-та година и дека ќе се концентрираат на автомобилските аудио/визуелни системи. За да би го имале би ве коштало (користен) од 2000-4500$.
Pioneer Kuro



Read More

Friday, November 2, 2012

Razer Blade 2.0



Изгледа како само неколку месеци да се поминати од преставувањето на оригиналниот 'Blade' од страна на Razer, со супер тенок екран но сепак доволно моќен да ве остави без зборови. Всушност стварно пред неколку месеци беше првото преставување на 'Blade' и тоа поточно во март оваа година. А сепак еве не неколку месеци подоцна кога од Razer се решија да го надополнат својот првичен прозивод нарекувајки го 'Razer Blade 2.0', иако тој однадвор изгледа идентично на својот предходник, внатрешноста му е премногу променета.

Razer Blade 2.0

Од внатре новиот 'Blade 2.0' започнувајќи ја низата на променети работи започнуваме со Intel Core i7-3632QM quad-core процесор, преминувајки на супериорната Nvidia GeForce 660M графичка карта со 2GB меморија. Новиот 'Razer 2.0' е исто така надграден со хибриден 500GB хард-диск со 64GB SSD меморија (за разлика од предходникот со 256GB SSD хард-диск). Исто така и цената е падната на 2.500$ од првичните 2.800$. И покрај намалувањето сепак 'Razer 2.0' е прескап во својата класа. Најголемата намена на овој супериорен лап-топ е Гејминг, иако тоа не ја оправдува цената, земајќи во предвид и дека сепак тој не е најбрзиот лап-топ што ќе го добиете за таа цена (а далеку и од најлошиот) сепак тој е одличен производ.

  • Processor: Intel Core i7-3632 Quad-Core 2.2GHz
  • Memory: 8GB 1,600MHz DDR3
  • Hard Drive: 512GB 7,200rpm HDD & 64GB SSD cache
  • Chipset: Intel HM77
  • Graphics: Nvidia GeForce 660M 2GB/Intel HD 4000
  • Dimensions: 43x28cm (Ш х Д) 2cm(висина)
  • Display: 17.3 inches
  • Wight: 3kg
  • Video: HDMI
  • Audio: Stereo speakers,headphone/microphone jack
  • Data: 3 x USB 3.0
  • Networking: Ethernet, 802.11n WiFi, Bluetooth 4.0

Razer Blade 2.0

Дизајнот е веќе посебна и уникатна работа, црно обоената и матирана алуминиумска кутија украсена со зелено лого поставено на средината, огромното светлечко копче за вклучување, со својата милиметарски подигната тастатура истотака светат во зелена боја. Доволно големиот 17 инчен прекрасен екран (иако звучи според описот на некој нов Alienware лап-топ) тоа е сепак 'Blade 2.0'.

Razer Blade 2.0

На широката и прилично комотна тастатурата сепак многу и фали NumPad. Тоа е бидејќи на тоа место е сместен SwitchBlade UI екран осетлив на допир, со своите 10 копчиња, со што ја зафаќа десната третина од долниот дел на 'Blade 2.0'. Иако необично направен без осетлив пад под тастатурата неговиот изглед е уникатен.

Razer Blade 2.0

Необично поставен екранот на допир, сепак не преставува никаков проблем за работа и реагира супериорно, две копчиња го зафаќаат долниот дел на екранот за обични потреби од кликање. 10-те копчиња преставуваат директен пристап до YouTube,Web,Twitter и Facebook страниците, дизајнирани во стил на smartphone телефони кој дозволуваат да пристапиш до интернет додека е пуштена игра. Уште неколку-те копчија поставени се за одредени игри како што се: Battlefield 3, Team Fortress 2, Star Wars: The Old Republic, Counter-Strike. Со поврзување на овие игри со екранот ви помогнува во правењето на одредена селекција во врска со тип на играње, одбирање оружје итн.

Razer Blade 2.0

Razer Blade 2.0

Razer Blade 2.0

Иако не е најбрзиот лап-топ во својата класа, 'Blade 2.0' сепак е нај лесен за транспортирање, нај тенок е, во врска со играње на него нема никаков проблем сега за сега, а во иднина се надеваме дека ќе нема меѓутоа ќе треба да се надоградува иако првичната цена е преголема, поготово за нашиот пазар. Иновативниот концепт на SwitchBlade UI екранот е одличен, иако сеуште нема доволно голема подршка од повеќето игри, тоа се надеваме во иднина ќе се смени. Ако имате да потрошите толкава сума на пари, и ви се допаѓа изгледот, овој лап-топ е дефинитивно за вас. Можеби нема да го имате најбрзиот лап-топ за таа цена, но во секој случај ќе имате лап-топ со нај уникатен изглед.


Read More
Subscribe
Labels
Popular Posts

Subscribe Via Email

About Us

Advertisment

Like Us

© Онлајн Свет All rights reserved | Designed By Seo Blogger Templates