Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption


Breaking News

Test Footer 1

Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption
Showing posts with label Игри. Show all posts
Showing posts with label Игри. Show all posts

Tuesday, December 25, 2012

Dishonored

Пред да почнам,топло да ви препорачам на сите што ја немате играно DIshonored,а сакате нешто ново и нешто интересно,нешто што бара малце размислување а не само убивање(за ова малку подоцна),да ја играте,бидејќи навистина вреди.



Што е Dishonored?
Во жарн би била FPS/Action со елементи на Stealth, и малце RPG,зависи од начинот на кој сакате да ја играте играта.
И секако,за играта да биде уникатна(а не Splinters cell во друго време),има и магии!
И исто,така за да биде уште поуникатна играта има moral system кој мери колку луѓе имате убиено,и влијае на крајот.
Од оружја на располагање ви се пиштол,самострел и краток меч(кој ви е во едната рака и никако не можете да го тргнете).Пиштолот и самострелот имаат неколку врсти на муниција.
Имате нагазни ''мини'' кои место да пукаат,фрлаат сечива на секаде!
Исто така имате и обични гранати.
За магиите,тука ви се Blink,Dark Vision,Devouring Swarm, Possession,Windblast, и Bend Time.
Значи сега за сега,неколку идеи земени од други игри склопени заедно.Сега ќе си речете зашто воопшто би ја играл/а играта,ако во се оригинално нема ништо потполно оригинално?
Хех,пробајте ја ќе видите.
Играта,иако ја нема најдобрата графика на свет(Crysis како си,добар?),иако стилот на играта е Steampunk themed,и иако знае да биде тешка на моменти(особено на hard),е многу добра.
Пробајте го чуството кога ќе поминете цела мисија без да убиете никој,и без никој да ве види.


Или,ако сакате повеќе колеж,пробајте го следното комбо:
Викате стаорци,ставате на еден мина со сечива,го земате стаорецот,одите сред група непријатели,стаорецот пука,сите се мртви.Или пак се фрлате од највисоката точка на мапата, правите убиство со мечот со тоа што ќе му го зариете на некого во грб или рамо, неговиот другар се врти накај вас, пука, за вие да можете да го застанете времето, земете контрола врз него, и го однесете пред неговиот сопствен куршум. Или подоцна во играта кога ќе дојдат големите батки на еден вид роботи,и ве пукаат, со Windblast им го вратите проектилот назад,го сопрете времето, земете контрола врз него, и го наместите него со тоа што неговиот куршум му го пукне канистерот што тој го носи на грб,или пак......
Се заборавив малце,но мислам дека ја разбравте поентата.


Има само еден лош ефект доколку цело време убивате луѓе,а тоа е лошиот крај(поточно 2та лоши краеви),исто така и многу повеќе стаорци што ќе пробаат да ве изедат на секое ниво.
Ако сте пострпливи,и сакате да го видите добриот крај,нема да ви треба ништо повеќе од 2 магии(Blink и Dark Vision).
Во играта има многу интересни моменти,чудни алијанси,предавства,луда баба,итн итн,кои ќе морате сами да ги искусите,бидејќи нејќам да ви го расипам задоволството на приказната.




Arc Pylon Wall одкога ќе го преврзете да работи за вас 

RPG елементите не се само магиите,и изборот што да земете или појачате.Piero филозофот, продава надградби за сите ваши оружја и алатки.
Исто така,тука би спаднале и Charms и Runes.
Runes се токени кои ги собирате низ нивоата,со кои можете да купувате магии и ги надградувате истите.Исто така има и неколку подобрувања за карактерот,како поголем health bar,побрзо движење,поголем скок, адреналин кој ви дава крвави интересни убиства чим го наполните,и shadow kill,кој доколку убиете некој скриени(подоцна е доволно да убиете само некој),неговото тело се распаѓа во прав,и никој не може да го најде нити забележи.
Charms се мали појачувања на некои работи како повеќе мана или health од напиток.Максимум можете да имате 6 активни во кое било време.

Се на се,додека сте дома за празнициве,ова е една од игрите што ви препорачувам да ги играте

.
Read More

Friday, November 16, 2012

OGame

OGame е онлајн игра која што нема вклучено никаква анимација, значи се е текстура. Кога започнувате да играте имате првин да одберете на кој сервер сакате да играте, сите се полни со играчи единствената разлика е тоа што некој се полесни за играње, ќе се објасни понатаму зашто.

OGame

На првото вклучување во играта вие имате само една планета, главната цел на играта е да се разградувате што е можно повеќе. За тоа служат главните материјали на играта а тоа се: Metal, Crystal, Deuterium, Energy и Dark Matter која што може да се придобие само доколку се најде во експедиција или се платат пари за нејзе. Имате да изградите рудници за секој од нив, а за Energy се гради соларна електрана(или можете со соларни сателити)која на секое надградување и качување на нов левел ви носи се повеќе и повеќе Energy кое е потребно за изградбата на понатамошните рудници за Metal, Crystal и Deuterium кој што си бараат одредена бројка на Energy за секој левел. На секое накачување на левелот на некој од овие рудници ви носи се повеќе и повеќе од таа материја на саат. Нема крај до каде можете да ги надградувате рудниците, само што понатаму стануваат многу поскапи и многу потешко можат да се изградат. Рудниците се во првиот ред, а под нив се капацитетите за истите. Морате да ги надградувате и нив затоа што ако ви се наполнат до максимум самата продукција на таа материја ќе престане се додека не потрошите дел или не го зголемите левелот на Storage како што го нарекле тие. Во десната коцка ви пишува информации во врска со рудниците, колку Energy користи секој од нив, колкава продукција на таа материја добивате во еден час, како и Energy кое што не сте го употребиле. Од десната страна ви се наоѓаат планетите(на почетокот едната планета само), вашите координати во галаксијата која што ќе ви се падне кога ќе започнете да играте.

OGame

Понатаму имате градба така наречена Robotics Factory која што го убрзува процесот на градење на сите градби. Во овој дел од градби не ви е потребно Energy за да изградите било што од понуденото, само ресурси. После тоа имате т.н Shipyard кој што служи за побрза изградба на бродови и на одбрана(потребен е одреден левел на Shipyard за да ви се овозможи изградба на некој работи). Research Lab служи за побрза изградба на работите од Research кои што се потребни за многу работи, повеќе за тоа понатаму. Alliance Depot служи за одржување во живот на пријателските бродови во случај да престојуваат кај вас ако треба да ве одбранат или сл. Секој понатамошен левел овозможува се повеќе и повеќе Deuterium да се дава на пријателските бродови. Missile Silo се всушност силоси за ракети, секој левел ви овозможува да чувате по десет ракети на својата планета(во случај за ракети за одбрана по десет, а во случај за ракети за напад таа бројка се преполовува). Nanite Factory е некаков вид на подобрена технологија од онаа што можеме да ја најдеме кај Robotics Factory, значи на секој левел сите изградби за понатамошно напредување им се крати времето на пола(со тоа што за разлика од Robotics Factory оваа градба го преполовува времето на изградба на градбите,бродовит како и на одбраната), со тоа што во секое време Nanite Factory си останува со исто време за изградба, а не се зголемува. Последната градба во овој дел е т.н. Terraformer кој што ви го зголемува капацитетот за градење градби на планетата(кога се стартува имате 163 слободни места за градење.

OGame

Во Research секоја работа која се прави си носи свој плус. Многу од работите имаат потребен левел за да можат да се изградат понатаму бродови, одбрана, како и некој од градбите. Во Basic Research, Laser Technology, Ion Technology, Hyperspace Technology не менуваат ништо над левелот потребен за да се отклучат некои работи, за разлика од Energy Technology кое што ја зголемува продукцијата на Energy и Plasma Technology кое што ви дава плус продукција на метал и кристал(1% за метал на секој левел и 0.66% за кристал). Drive Research служи за убрзување на бродовите, зависно од видот на бродот, кој Drive го користи. За тие што користат Combustion Drive се зголемува за 10% на секој лвл, Impulse Drive 20% и Hyperspace Drive за дури 30%. Advanced Research содржи многу потребни работи, како на пример Espionage Tech. кој што служи за шпионирање на други планети на противници, како и за против-шпионажа во случај некој на вас тоа да ви го прави. Разликата во левелот за разлика од тој што ве шпионира или тој што го шпионирате е значително бидејки тој со послабиот лвл можат да му се срушат бродовите користени за шпионажа. Computer Technology служи за повеќе од дозволениот еден слот за праќање на бродови било каде. Секој лвл дава по еден плус слот. Astrophysics служи за колонизирање на планети, значи на секој втор лвл на оваа технологија ви се овозможува да колонизирате нова планета. Intergalactic Research Network служи за поврзување на секој Research Lab што го имате на другите планети, со тоа што го комбинира лвл-от добиен од двете заедно што ви дава плус скратено време за изградба на технологии(секој лвл по една повеќе планета може да биде поврзана). Graviton Technology е клучната технологија за да биде овозможена изградбата на најдобриот и најсилниот брод што постои на целата игра. Во Combat Research се наоѓаат Weapons, Shielding и Armor Technology. Секое од нив поединечно служи за зголемување за 10% на јачината на бродовите и на одбраната.

OGame

Во т.н. Shipyard се наоѓаат бродовите поделени во две групи, Combat Ships(коишто служат за напад) и Civil Ships(коишто служат за транспорт, колонизирање, рециклери, бродови за шпионажа и соларни сателити кој исто ги има во Resources). Секој брод си има различна цена која што треба да се плати со ресурси, зависно од неговата јачина и за што се користи.

OGame

Што се однесува до одбраната истото правило важи, што по ефикасна и по јака тоа по скапа. Постојат и т.н Shield Dome кои што служат за против напади, важни се кога се почнува со игра, понатаму не менуваат ништо кога би се спротивставил со група од илјадници бродови, во тој случај се комплетно безкорисни. Тука се и двата вида на ракети, Anti-Ballistic Missiles слушат за само одбрана од другиот вид, Interplanetary Missiles кои се праќаат со цел да се уништи одбраната на тој нападнатиот.

OGame

Во Fleet се наоѓа флитата со која што располага планетата во тој момент спремна за напад, транспорт и сл.
Во Galaxy можете да ја видите својата местоположба во вашата галаксија, и тие околу вас, секако можат и да се пишат координати за да се види и некоја друга галаксија или систем. Една галаксија содржи 499 системи, а во еден систем можат да бидат сместени 15 планети. Се на се има 9 галаксии во секој сервер. Иако голем дел од крајните не се толку населени. Има врска и во местото на планетата од 1 до 15, така што ако сте поблиску до бројот 1 значи имате поголем извор на Energy но смален извор на Deuterium, што во случајот на 15-тата планета е обратно, тие што се наоѓаат во средина се нај избалансирани. И на крајот Alliance служи ако сте веќе влезени или сакате да влезете во некоја од алијансите на тој сервер. Во случај да сте веќе влезени имате опции да ги погледнете сите членови на таа алијанса, да ги видите текстовите(во случај ако има напишано некој)на некој од создавачите на таа алијанса. Секако имате и избор да ја напуштите. На горниот дел се наоѓаат првично тие што ви се пријатели(Buddies), потоа имате Notes во случај да сакате да си запишете некоја порака, Highscore(да ја погледнете листата на играчи и ви пишува кој сте по ред на ранк на серверот со оглед на тоа поени колку имате), Search служи доколку сакате да побарате некој играч или некоја алијанса и сл. Понатаму има Options, Support, Chat и Log out копчиња.

Има уште многу работи за објаснување во врска со оваа веб игра, но тоа во случај да сте заинтересирани за нејзе би било најдобро доколку сами си ги дознаете. Во секој случај играта е интересна, постои веќе 10 години, има прилично многу играчи и бесплатна е. Единственото нешто што се плаќа е Dark Matter која што служи за купување на т.н. Recruit Officers, секој од нив дава по нешто плус доколку е платена бараната цена на Dark Matter во зависност од тоа дали сакате за една недела или за три месеца.
Read More

Saturday, November 3, 2012

FTL-Побрзо од светлината

Податоците кои ги превезувате се од најголема важност за остатокот од Федерациската флота. Ќе треба испораките за патување, затоа немојте да се двоумите истражете го целиот сектор пред да продолжите понатаму. Но позади вас е се наоѓа флотата на бунтовниците, побрзајте да излезете од секторот.

Така започнува нашето патување во вселената. На почетокот на играта ќе имаме мени каде може да се одлучите за туториал, нова игра или пак да ги конфигурирате подесувањата на играта кој се ставени на минимум. Само 7 подесувања, но за оваа игра е доволно да се има само избор цел екран (играта работи првенствено само во прозорец), обемот на звук и музика.


Faster than light, според авторот претставува, симулација на вселенски летала во реално време. А тоа значи дека можеме да очекуваме, многу различни непријатели и трајна смрт. На почетокот на играта не очекува нашиот прв вселенски брод The Kestrel. Со него го добиваме основното оружје, ракети, ласери и 3 члена на екипажот. Во овој момент сите опции се заклучени освен промена на имињата на екипажот и на бродот. За да го промениме тоа треба да тргнеме на свемирско патување и да направиме неколку достигнувања (Achievements) како што се на пример 6 уникатни вонземјани на бродот у исто време. Во понудата се 9 брода кој што се отклучуваат како што го истражувате всемирот.

FTL

Пред нас се појавува нацрт од нашиот вселенски брод. Вакви слики највеќе ќе се нагледате. Микроменаџментот започнува со распоредување на екипажот по бродот. За да го користите FTL, еден член треба да биде пилот. Во текот на битката од суштинско значење е еден член на екипажот да биде на штитот, додека другиот член може да биде на FTL моторите за брзо бегање или во арсеналот како би се забрзало полнењето на нашето оружје.

FTL

 Тоа би било така кога све би било идеално. Но, мора тука да се замеша и пртивничкиот брод кој испалува проктили, пламен, ласери и јонски бомби. Нашиот брод гори, не ни работат резерварите за кислород, сензорите се уништени, а штитовите паднати. Тогаш единствено може да ни помогне ПАУЗА! Со кликање на space добиваме битно време за да земеме воздух и добро да размислиме. Покрај разликата во оружјето и подобрите штитови, мототи и екипажот битно е и да размислувате. А поготово во ситуации кога треба да гасите пожар во арсеналот, поправање на резерватите за кислород или да се борите против телрпотираните непријатели. Тогаш пилотот станува механичар или војник што и да треба во зависност од потребите. Преместување на енергијата од FTL во штитовите, од пилотската контрола се преместуваме во контролата на оружје и тргнуваме во битка.

FTL

 Освен надоградувањата на бродот и нашиот екипаж се надоградува. Што подолго работат одредена работа, тоа побрзо и го завршуваат така што добиваат левели. Во рамки на секторот треба да поминеме голем број на локации за да дојдеме до излез према друг сектор. Патот го избираме ние по наш избор.

FTL

 Покрај битките, тука спаѓаат и многуте позиви за помош кој стигнуваат но сепак изборот дали ќе им помогнеме или не е наш. Такво нешто може да биде наградено со нови членови на екипажот или со кредити (Scrap), но може да се случи тоа и да е некој непријателски брод кој повикот за помош го користи како мамка. Интересен дел е исто така оној кај што се наоѓаат локациите на продавниците (Store). Нормално ако имате доволно кредити. Во продавниците можете да купите дополнителни ракети, гориво за FTL, делови за работи па и цели роботи. Исто така може да се најдат и подобрени оружја, но за тоа ке треба да поминете најмалку 5-6 битки или спасувања за да соберете доволно кредити за купување. Исто така треба да се напомене дека само во продавниците може да се поправи оштетениот труп (Hull). FTL е многу заразна игра. Бара доста концентрација и размислување, во спротивно една грешка и губење на бродот значат крај на играта. Некој кориснице се бунеле зашто не постои некаква можност да немора да се почне од почеток на Easy. Но мислам дека тоа ке го уништи шармот на играта. Да не биде се ова залудно постои highscore и статистики кој ги пратат вашите најголеми успеси. Играта по стандардите на SC-(science fiction) верно ги покажува штитовите, ласерите, проектилите и сензорите. Но ситниците кој ги носи како на пример: дефлација на одредени делови за да се изгаси пожарот, се нешто што прилично го подобрува целосниот gameplay. FTL од вас ке бара постојано да се подобрувате, да барате нови начини за победа и да ја усофршувате техниката на уништување на непријателите користејќи одличен микроменаџмент.

 Купувањето на оваа игра моше да се напраи на службената страна : http://www.ftlgame.com/ Цената моментално е 9$ а се добива и кључ од каде може да се симне и DRM-Free верзија за сите оперативни системи. Исто така вклучен е и кључ за Steam. Кога ке ја симнете tar.gz датотеката, рапакувајте ја, отворете диреториум FTL и во него стартувајте ја датотеката FTL. Во терминал тоа изгледа вака :


  •  Cd/пат/до/директориумот/кадееFTLсимнат Tar xfv именадатотеката
  •  Cd FTL 
  • ./FTL




Read More
Subscribe
Labels
Popular Posts

Subscribe Via Email

About Us

Advertisment

Like Us

© Онлајн Свет All rights reserved | Designed By Seo Blogger Templates