Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption


Breaking News

Test Footer 1

Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption
Showing posts with label Наука. Show all posts
Showing posts with label Наука. Show all posts

Friday, November 30, 2012

Најпопуларните Cloud сервиси

Една од работите кој ни ги донесоа големите брзини на интернетот е и све поголемата понуда на различни сервиси за чување на податоците на некој одалечен сервер, а не на локалниот компјутер.

Cloud

Со неодамнешното појавување на Google во светот на cloud storage добивме уште еден голем конкурент во оваа област. Како што стојат работите сега дефинитивно имаме широк избор и можеме да се одличиме за некој од услугите кој ни ги нидат покрај Google и Microsoft со својот SkyDrive, и услугите на многу по познатите Dropbox, Box или SugarSync. Со користењето на овие сервиси кои добиваат на популарност поради трендот на селење на податоците во облакот и секојдневната потреба за нивна достапност преку персоналните компјутери, таблетите и паметните телефони. Сето тоа можеме да го добие по многу ниска цена или пак бесплатно, со солидна количина на простор на некој одалечен сервер. Секако дека не е све во просторот кој се нуди него во многуте ситни разлики помеѓу услугуте кој ќе ги опишеме и се клучни кога ќе се избира кој сервис да се одбере. Се работи за постојаноста и квалитетот на клиентот кој е вграден во оперативниот систем како и во интеграцијата на услугите на матичниот оперативен систем. Доколку користите повеќе компјутери или на еден компјутер имате повеќе оперативни системи, ова може да игра значајна улога бидејќи некој обезбедуваат услуги за клиентот за повеќе оперативни исистеме, додека одредени се ограничени само на Windows. Ако имате намера cloud storage да користите само за складирање на податоци, тогаш ова се чини и не толку битно како што е количината на простор која ја добивате и пот кој услови. Карактеристика исто така што е битна за сите корисници е и максималната величина на датотека која може да се прикачи одеднаш. Како и постоењето или отсуството на ограничувањата на брзината за симнување или прикачување на датотеките. Ако се земат во предвид услугите кои се спомнати овде на прв поглед се чини дека постојат многу сличности меѓу нив, меѓутоа после одредено време на користење и откривање на можностите кој ви ги нудат ќе можете да одберет кој сервис ќе го користите и за што ќе ја користите cloud технологијата.

Dropbox

Dropbox

Најпрво ќе го разгледаме добро познатитот Dropbox кој со новонастаната конкуренција ќе мора да проба да го задржи својот чекор, но Dropbox и понатака е омилениот помеѓу поголемиот број на корисници. Кога ќе се пријавите за услугата на Dropbox на поклон добивате 2 GB простор кој може да го зголемите на разни начини, бесплатно. Еден од начините е преку добро воспоставениот систем на упатување односно ако нов корисник се најави преку вашиот линк ќе добиете награда од половина GB од вкупно 18 GB бесплатен простор. За добивање на бонус уште на самиот старт потребно е да направите неколку работи со кои и подобро ќе се запознаете со самата услуга која ви ја нуди овој сервис, а тоа вклучува поврзување на повеќе компјутери, делење на датотеки и слично. Количината на простор исто така може да ја зголемите и си дополнително купување на пакети од 50 или 100 GB. Првиот чини 9.99$, а другиот 19.99$ месечно. Максималната големина на датотека која што може да биде прикачена на сервер овде не е ограничена, што не е изненадување со оглед на висината на почетниот простор кои го добиваме, но тоа може да биде релевантно, доколку се одлучите да купите дополнителен простор. Оние 2 GB бесплате простор при регистрацијата не делуваат како многу, посебно кога ќе погледнеме некој од конкурентите како на пример SkyDrive, но магијата на Dropbox е всушност во други работи. Една од тие работи е многу едноставната синџронизација на податоците. Откако ќе го пополните формуларот за регистрација ќе бидете во можност да го одберете соодветниот клиент за вашиот поеративен систем како што е Windows, Linux или Mac OS што се чини доста солиден спектар на платформи на кој Dropbox може да се интегрира. Што се однесува до мобилните телефони ни они не се заборавени па така постојат апликации за Android, iPad, iPhone, BlackBarry и мобилната верзија на сајтот за сите други уреди кои имаат пристап на интернет. По инсталирањето на клиентот на системот ќе приметите икона која претставува клијент и овозможува брз пристап до преостанатиот слободен простор, преглед на ново прикачените датотеки, со отварање на Dropbox папката имате увид во процесот на синхронизација каде можете брзо да видите колкав број на датотеки се прикачени на сервер а колкав број на датотеки сеуште се прикачуваат. Спомната е Dropbox паппка. Се работи за тоа дека при инсталацијата на клиентот, доколку рачно не ја промените вредноста ќе се направи нова папка во папката Dropbox за документи. Сите датотеки и папки кои ќе се постават во таа папка ќе се синхронизираат и на сервер покрај тоа што вие ќе ги поседувате и на вашиот локален диск. Што се однесува до споделувањето, тоа изведено на начин на кој вие ќе одредите што и со кого ќе го споделите така што во посебна пака ќе мошете да додавате, бришете и менувате соржина во зависност од вашите потреби и желби за споделување на датотеки и дукументи. Исто така сето она што се наоѓа во дадената папка можете да го споделите дури и со они кој немаат Dropbox по пат на линк кој се генерира од страна на самиот сервер. Главните карактеристики на Dropbox се многу добрата организација и сеопфатна интеграција и леснотија при користењето додека пропустот е релативно мал износ на слободен простор.

SkyDrive

SkyDrive

Наназат месец дена битката за првак во давањето на cloud storage услугата беше доста извесна во која предност имаше Dropbox. Но со доаѓањето на Google Drive како озбилен конкурент на пазарот ги натера и останатите „натпреварувачи“ да ги подобрат своите понуди. Microsoft влезе во трката со својот SkyDrive играч кој првично на својте корисници им даде слободен простор од 25 GB. Се што треба да направите е да се пријавите за SkyDrive услугата преку својата Live или Hotmail меил адреса. Она што Microsoft не го направи, тоа е што немаат никаква децктоп клиент апликација како Dropbox како и секоја сериозна сихронизација изгледа непристапно. Сите прикачувања на датотеки би се вршеле преку web пребарувач со специјален интервејс кој и не изгледа така лошо. Но нема можност за да прикачите повеќе папки одеднаш. Но прво треба да креирате нова пака и да ја поставите во рамките на една датотека. Од тие причини и огромниот слободен простор кој се нуди на корисниците на SkyDrive воглавном се користи за backup. Но како што спомнавме, работите не се сите исти. Microsoft неодамна направи клиент за персоналните компјутеери кој работат на Windows и Mac OS но и понатака не постои верзија за Linux што е и подразбирливо. За жал со овој додаток доаѓа и намалување на просторот, така што новите корисници кои ќе се пријават за услугата на SkyDrive ќе добијат бесплатни 7 GB простор што и понатака престставува многу повеќе за разлика од Dropbox. Како што истакнуваат од Microsoft за постоечките корисници кој SkyDrive го избрале уште пред оваа одредба постои можност за надоградба за постојните 25 GB простор но за одреден временски периот. Доколку се наоѓате помеѓу оние корисници кои го користеле овој сервис пред оваа одредба, отворете го SkyDrive и одберете ја бесплатната надоградба што побрзо. Дури и ако сте закасниле, 7 GB просторот кој ви стои на располагање немошеме да кажеме дека е малце, а клиентот кој може да го превземете работи на сличен принцип, речиси ист како на Dropbox, а не се различни ни другите услуги кој ги нуди и кои ќе ги спомнеме тука. Се работи за создавање на папки во кои мошете да ги складирате податоците кои веднаш се испраќаат и се чуваат во облакот. Ограничувања постојат, а едно од нив е максималната големина на датотеките од 300 MB доколку поставувањето се врши преку web прелистувач, односно 2 GB по пат на клиентот. Освен SkyDrive клиентот не смеат да бидат изоставени ни мобилните апликации кои постојат за iPad, iPhone, Windows Phone како и пристапот за сите мобилни апарати кои имаат прстап директно до интернет. Со искачањето на Windows 8 ќе постои SkyDrive апликација интегрирана во самиот оперативен систем за брз пристап до податоците во облакот. Она што SkyDrive го нагласува како предност е способноста што може да работи со апликацци од Office пакетот на Microsoft преку web прелистувач. Преку онлајн интерфејсот можете да креирате нов документ, да ги уредувате постојаните документи или едноставно да прикачите нови документи и да ги споделите со другите. Освен обичното делење на документите подржана е и тимска работа, одмосно можно едредена група на автори да уредуваат ист Excel документ одеднаш. Во една од последните надоградби на услугите кои ги нуди SkyDrive додадена е и подршка за ODF формат (Open Document Format) кој често се користи во LibreOffice како и подршка за PDF документи. Со своите последни надоградби Microsoft им даде дознаење на совоите конкуренти дека сериозно мисли да се занимава и со квалитетна cloud синхронизација и складирање. Очигледно, поради сите надградби на SkyDrive беше неопходно да се намали просторот па така сега новите корисници ќе стартуваат со 7 GB простор, а сите останати имаа можност за надоградба со доплата и тоа 20 GB за 10 $ годишно, 50 GB за 25 $ и 100 GB за 50 $ годишно.

Box

Box

Box е сервис кој се разлукува од досега спомнатите. Разликата во одредени аспекти се големи, бидејќи тоа е сервис кој цели кон олеснување на работата на компаниите и професионалната употреба. Во фокусот на овој сервис е услугата да работат заедно, споделување на документи и нивно уредување. Box своите услуги ги темели на web и притоа можеме да кажеме дека неговата страница е доста добро средена па дури и оние кој не се премногу технолошки свесни би можеле да се снајдат. Она што Box го нуду се три типа на пакети.

  • Personal
  • Business 
  • Enterprise IT
Пред неколку месеци Box имаже доста добра акција преку која на сите кои ќе ја превземеа Android апликацијата им ослободуваше 50 GB простор кој исто така може да си го задржат по истокот на акцијата. Сега со пријавувањето на услугата на Box добивате само 5 GB бесплатен простор и тоа во Personal пакетот. Business пакетот нуди 1000 GB додека Enterprise нема ограничување. Она што е лошо во сето ова па дури и за они кој ја искористиле промотивната акција е величината на датотеките кои може да ги прикаците изнесува 100 MB но со надоплата можете да стигнете и до 1 GB. Доколку се работи за Business пакетот максималната величина на датотеките кој можете да ги прикачите изнесува 2 GB, а зачудувачко е тоа што истото ова се однесува и за Enterprise IT пакетот. Покрај веќеспоменатата Android апликација посто и подршка и за iPad, iPhone, BlackBerry и веќе стандардната web страница во cloud услугата приспособена за мобилните уреди кои имаат пристап на интернет. Како што можевте да приметите до сега, со оглед на величината на содржините кои можете да ги прикачите, Box веројатно нема да биде прв избор за чување на back-up. Box иам зацртано други цели и за да ги постигне истите има голем бој на алатки. Една група служи за споделување на датотеки што многу широко се користи и потребно во круговите во кој Box цели. Поентата е во тоа што можете да поставите параметри за датотеките кои ке одредат кој се смее да ги гледа тие податоци и што све смее да прави со тие податоци. Можно е да поставите дозволи кои ќе одредат смее ли одреден корисник да ги менува, брише или само да ги прегледува датотеките. Но да се вратиме назат на споменатите 3 пакети и да ги погледнеме нивните цени. Personal пакетот е нормално бесплатен, но и нуди најмал број н алатки па затоа на поедини корисници ќе им користи за прикачување и складирање на разумно големи фајлови. Business пакетот цини 15 $ месечно, а се однесува само на 1 корисник. Освен зголемената големина на датотеките кој може да се прикачат, Business пакетот нуди заштита со лозинка при делење и поголема брзина при закачувањето со интеграција во Google Apps, десктоп синхронизација, разни статистики, индикатори и сл. И конечно Enterprise IT пакетот, тој нема дефинирано точна цена, за него ќе морате да контактирате некој од надлежните луѓе во Box.

SugarSync
SugarSync

SugarSync исто така е еден од популарните сервиси кои по некое време работа со своите услугу едноставно инпресинира со своите способности. Целиот сервис е доста богат со можности кои на прв поглед можеби и не ги би заклучиле со оглед на web пристапот кои исгледа доста поедноставен за разлика од другите па дури и Dropbox. Исто така услугата е добро распространета низ сите платформи вклучувајќи, Windows, Mac, Linux, iPhone, Android, Windows Phone, BlackBarry, Symbian, Kindle Fire и секако мобилните web страници. Гледајќи го пописот на платформи кои ги подржува овој сервис можеме да кажеме дека SygerSync има дефинитивно најширок круг, на ти е што им е ова важно би требало да размислуваат за овој сервис. Имајќи во предвид дека се уште е можеби главен атрибут количината  на слободен простор која ја нуди, но во оној случај таа изнесува скромни 5 GB. Во споредба со Dropbox освен поголем простор кои се нуди на почетокот, овде може по пат на регерали да соберете неограничен додатен простор додека кај Dropbox тоа е ограничено на 18 GB. Во почетокот додатниот простор може многу лесно да се добие. Потребно е да се направат некои првични работи за да се запознаете со сервисот а за секоја извршена работа добивате по 128 MB додатен слободен простор. Првичните работи кои треба да ги направите вклучуваат превземање на мобилната апликација, поврзување на повеќе компјутери, делење на датотеките и сл. Истоа така голем плус кои можеме да му го препишеме само уште и на Dropbox е неограничената големина на датотеки кои можеме да ги прикачиме. Откако ќе се пријавите за услугата на SugarSync имате можност за превземање на бесплатен клиент. Преку него можете да одберете кои папки ќе ги синхронизирате и кои потоа стануваат достабни од било каде имате пристап до SugarSync. Оваа услуга има и нешто поразличен пристап на синхронизација на датотикете поради тоа што за секој компјутер кои сакаме да го додадеме на листата за синхронизација можеме да одбереме кои папки ке се синхронизираат. Исто така при инсталацијата ќе приметите новонастанат филдер кој се нарекува Magic Briefcase. Поентата на оваа папка е во тоа што сите датотеки кои ќе ги ставите во неа ќе бидат автомацки синхронизирани на сите компјутери, додека останатите папки ке бидат синхронизирани само за локалниот компјутер. Една доста корисна можност која ни ја нуди SugarSync е верзионирање. Иако постојат алатки кои се наменети за тоа, SugarSync верзионирањето го прави автомацки. Поентата е во тоа доколку имате одреден докумет кои го менувате, ќе останат запамтени последните пет промени од тој документ и во случај нешто да тргне наопаку грешките сеуште може да се поправат. Меѓу другото згодно е да се спомене дека SugarSync има стриминг за MP3, што вклучува прикачување на сите датотеки и нивно прислушување по пат на мобилен уред па дури и кога останатите компјутери се изгасени поради тоа што стримингот иде преку сервер. Исто така и во web интерфејсто има интегрирано класичен медиа плеер каде можете да креирате сопствена листа на песни. Исто така постои и поција за автомацко складирање на додатоците од вашите е-mail пораки, на начин на кој пораките ги проследува до SugarSync сметката при што сите датотеки ќе се складираат во посебни папки. Доколку сте заинтересирани за SugarSync, а 5 GB простор не ви е доволен постојат и други тарифи. 30 GB простор чини 4.99$ месечно или 49.99$ годишно, 60 GB ќе ве чини 9.99$ месечно или 99.99$ годишно, 100 GB ќе ве чини 14.99$ месечно или 149.99$ годишно.

Google Drive
Google Drive

Дојдовме и до хронолошки последиот сервис за оваа статија, сервис кој на конкуренцијата тргна во свој претпознатлив стил. Како што ќе видиме многу работи останаа исти како и во другите сервиси, но предноста на Google Drive е во тоа што сепак ова е производ на Google кои има мн свои производи и сервиси кои може да се поврзат и така меѓусебно да се надополнуваат. Но да тргнеме по ред. Како и за останатите сервиси така и за овој сервис најпрво треба да се пријавите и тоа преку вашиот Google профил. За разлика од помалку познатите сервиси во однос на репутацијата која ја има Google на пазарот, за очекување е голем борј на корисници да се приклучат кон услугата на Google Drive поради тоа што веќе голем број на луѓе имаа отворено Google профил. Имајќи го ова во предвид, ретко кој би се одрекол од 5 GB простор кој ви го нуди Google Drive и то за само 0 $. Секако како и сите останати сервиси и овој може да се надогради и тоа за 25 GB простор на месечно ниво ќе ве чини 2.49$, за 100 GB 4.99$. за 200 GB 9.99$, 400 GB 19.99$, и 1000 GB 49.99$. Како што можеме да видими и со самата доплата можеме да добиеме доста голем простор на користење па дури и на оние на кои им потребе простор од 1 TB имаа можност да го добијат за одредена цена. Додека кај останатите сервиси овие големини на слободен простор можете да ги зголемите по пат на реферали или додатни акции, Google сепак ги зацувува основните вредности. Како додатна награда за корисниците на Google Drive и додатните пакети ќе ви се зголеми и просторот кои го поседувате на вашиот Gmail. Во секој случај, добра работа во најмалра рака е тоа што максималната големина на датотеката која сакате да ја прикачите изнесува 10 GB не е неограничено не сепак подбро за разлика од некој сервиси како што се SkyDrive 2 GB и Box 100 MB. Паралелно со пуѓтање на услугата пуштен е и клиент кој можете да го превземете и инсталирате на компјутерот. Клиенто е подржан на Windows и Mac OS оперативен систем. По инсталацијата едноставно не е можно а да не приметите дека клиентот е сличен како оној на Dropbox, поточно освен разликата на иконата друга незнам дали ќе најдете. Дали се слични или не не е ни важно, важно е тоа дека клиентот го рабти тоа што е потребно. Освен тоа посто и подршка за Android и за мобилни web страници, додека подршката за iPhone и iPad како што најавуваат од Google ќе стигне набрзо. Се разбира, како што спомнавме главна предност на Google во оваа област е интеграцијата со другите услуги од Google со Google Drive. Тоа главно се однесува на Google Docs сервисот на Google кои е буквално вграден во Google Drive на кои може да се работи и автомацки да се складираат во cloud. Исто така предност на овој сервис е и делењето на тие документи со кој сакате и во било кој момент можете да споделувате документи, презентации и табели со одредени луѓе и да добивате повратни информации назад. Google исто така најви дека уште многу можности доптва ќе пристигнат како што е на пример OCR односно можност за препознавање на текст од слика (пример скениран документ) која е вградена во постоечките начини на пребарување за подобра организација на документи кои ги складирате во Google Drive. Заклучно можеме да кажеме дека Google влета во оваа трка со конкурентите и ги прилагоди главните особини на cloud storage услугите некаде во просек со конкурентите, освен што поради своите останати сервиси и неговата популарност може да очекува поголем број на корисници на својот cloud сервис Google Drive.

Read More

Tuesday, November 20, 2012

Intel Labs се свртува кон бежичната поврзаност помеѓу компјутерите

Во својот говор на Intel Developer Forum директорот за технологија на Intel Justin Rattner изјави дека: „Во иднина све што е компјутерско ќе биде поврзано. Од наједноставните вградени сензори до најнапредните податочни центри во облакот бараме начин да сите тие уреди бидат поврзани без жица“


Rattner го претстави првиот функционален во потполност дигитален WiFi радио, наречен, радио по „Mooreov закон“ . Објасни дека во потполност дигиталното радио го следи Mooreov закон бидејќи со големината и енергетската ефикасност се прилагодува на процесите за производство на дигитални чипоци како што е интеловата најнова 22-нанометарска технологија Tri-Gates. Составот на чипот за паметните телефони и таблет компјутери се чини како најголем кандидат за интеграција на потполно дигитални радио модули. Малата цена и малите димензии на интегрираните радио модули ке овозможи бројни нови промени, од уредите кој се носат како облека до „интернет работи“, во кој како што се сензорите на опремените модерни апарати ке можат да комуницираат едни со други, да разменуваат информации и да добијат далечински команди.
Rattner исто така го објасни бежичниот стандарт на следната генерација, WiGig, кој работи на милиметарски бранови должина на радио спектарот и нуди пропустливост на повеќе од 5 гигабити во секунда. Стандардот WiGIg настојува за целата ИТ индустрија, која има за цел да се обедини низ интерно стандардизирање на бежичните технологии од 60 GHz во рамките на сегашниот WiFi стандарт. „WiGig е толку брз што ке овозможи бежично приклучување на Ultrabook, таблет компјутери или паметен телефон главната станица (терминал) без жица.“, изјави Rattner. „Истовремено може да се приклучат и повеќе екрани“

Практичност и подолг век на траење на батеријата за уредите во облакот

Корисниците сакаат да примаат e-mail и да ги ажурираат статусите на друштвените мрежи додека уредите им се во мирување. За оваа функција на стално укључување и столно поврзување може да се понуди на платформата Ultrabook, технологија Intel Smart Connect моментално активен уред Ultrabook во момент на мирување, онолку колку е потребно за да ги примите дојдовните податочни пораки, а притоа ги враќа во состојба на мирување како би се продолжил векот на батеријата.
Сакајки  да се покаже како технологијата Smart Connect може да се подобри така што ќе опфаќа ктивна работа за потребите за пренос на датотеки и видео записи,  Rattner демонстрираше „Spring Meadow“, кој интелегентно управува со комуникацијата помеѓу облакот и уредите. Претходната обработка на дојдовниот  мрежен сообраќај и проактивно управување за време на сообраќајот 
„Spring Meadow“ ефикасно го користи главниот процесор, и исто така им овозможува подолг опстанок во состојба на намалена потрошувачка на енергија без да влијае на перформансите на системот.

Помалку лозинки, повеќе безбедност

Лозинките се и понатака вообичаен но не и практичен начин на заштита за пристап на вредните или доверливи податоци. Во обид да се елиминираат лозинките Intel Labs развил технологија за проверка на идентитето врз основа на клиентот (Client Based Authentication Technology). Освен што ја заменува лозинката, оваа технологија и значително ги поедноставува и го убрзува пристапот до банкарските сметки и останатите податоци сместени во облакот.
Корисникот својот пристап треба да го потврди само еднаш по пат на биометарски сензо на самиот уред како што е Ultrabook или паметен телефон, а уредот понатака сам афтомацки го проверува идентитетот на еден или повеќе сервери во облакот. По птврдата на идентитето со отчитување на уникатните вени на дланката на корсникот, корисникот афтомацки се преусмерува на својата банкарска сметка, страниците на друштвените мрежи или било кој друг безбедносен сервис. Подржана е и можноста за пратење на присутноста која го заклучува уредот и врската со сигурносниот сервис ако корисникот го остави уредот. Со пофторното биометриско скенирање платформата се отклучува и пофторно се активираат претходно воспоставените врски со сигурносните сервиси. Постапкате е транспарентна, едноставна и многу посигурна.

Радио мрежата базирана на облак е иднината на широкопојасен интернет

На Rattner на говорницата му се придружи и др.Chih-Lin I, главен научник на кинескиот институт за истражување на мобилни технологии, кој зборуваше за соработката на лабараторијата на Intel Labs и иснтитутот за проектирање и изработка на прототипот на радио мрежата базирана на облак (Cloud Radio Access Network, C-RAN). C-RAN алтернативате е класичен RAN на кој се темели модерната мобилна комуникација. Наместо интерно стандардизираниот хардвер за базни станици да се премести во податочен центар, го заменуваат стандардни Intel сервери кои работи софтвер на дефинирана радио апликација. Chih-Lin I објасни дека технологијата C-RAN на давателите на бежичните услуги видливо ќе им ги смали капиталните и оперативните трошоци, а на корисниците ќе им пружи квалитетни бежични услуги, со памалку прекинувања во најпрометните периоди.
Rattner опиша уште едно подрачје кое се истражува, бежична мрежа со визуелно препознавање (Video Aware Wireless Network, VAWN), во која и давателите на услугите и корисниците ќе имаат корист од најновите истражувања во подрачјето на бежичните технологии. VAWN е заеднички програм на академско истражување кој го спонзорираат Intel, Cisco и Verizon. Indeks Cisco Visual Networking предвивува дека во следните 5 години мобилниот видео сообраќај ке биде знацително зголемен, со што, ако неема нови решенија, може да дојде до загушување на бежичните мрежи и намалување на квалитетот на видеосодржините. Целта е VAWN да го зголеми капацитетот на пренос на видеосодржините по пат на бежични мрежи и потимизација на целокупните мрежни перформанси за подобрување на квалитетот на прикажување.


Read More

Thursday, November 15, 2012

Старите компјутери и Linux OS дистрибуција

Многу од вас имаат дома барем два компјутера, ако не и повеќе. Пројде времето кога купувавме еден компјутер и во недоглед го надофрадувавме истиот, менувавме компоненти и пробувавме штое е можно подолго да го користиме. Порано компјутер се купуваше на 4 до 5 години, а можеби и поретко, додека денес тој циклус е многу пократок-скоро дупло. Тоа може да им „заблагодариме“ на компонентите кој е далеку по јаки но и побрзи за разлига од тогаш. Па погледнете ги да речеме преносните компјутери. Нивниот „рон на траење“ од прилика изнесува две до две ипол години односно додека не им истече гаранцијата. Desktop компјутерите се нешто поиздржливи за разлика од преносините компјутери бидејќи не се пренесуваат, помалку се загреваат у друго, но и тие не се неуништиви. Доколку ги занемарите разните кварови на поединечни компоненти, останува дека технологијата денес многу брзо се менува. Можда дури и пребрзо а последица на тоа се компјутерите кој пребрзо стануваат преспори, преслаби и завршуваат некде во некој ќош и фаќаат прашина. Верувам дека повеќето од вас имаат бар еден таков компјутер дома.

Тука станува збор за компјутер во рангот на Pentium 3 и 4 еднојадрени процесори со 128-DDR RAM мал тврд дицк од 40 до 160 GB слаба графичка картичка и слично. Можда веќе е време да ја избришете прашината од нив и да ги освежите со Linux оперативен систем и да ги направите функционални. Да. претпоставувам дека денес имате „ѕвер“ од компјутер и тој ви е доволен, но сепак старите компјутери може да ги користите за некој други цели како на пример: backup. 

Кој Linux да го одберете. 
Рака на срце, Microsoft оперативниот систем Windows не е идеален. Можеме да се сложиме дека Windows XP беше одличем и дека „седмицата“ е добра, но сепак секој ден, па дури и новите компјутери работат се по споро-тоа е тешко да се сопре. Дури и ако на компјутерот не инсталирате нови апликации и не симнувате „глупости“ од интернет-тоа е како борба со ветерници. Да се избегне сето тоа логичен начин е да се инсталира Linux дистрибуција на вашиот компјутер. Пред да почнете да се буните дека несакате да работите на Linux или дека Linux нечини прочитајте го остатокот од тексотот. За вас издвоив 6 вида на Linux дистрибуција кој се доста „лесни“ и можат во потпуност да го искористат стариот хардвер и притоа да функционира како да е компјутерот нов-или барем понов бего што бил претходно.

Xubuntu- Како што и самото име кажува се работи за Ubuntu кое користи Xface работна околина. Главна цел на Xubuntu е лесно користење, мала потрошувачка на ресурси, интегрираност и искористливост. Баш она што ни треба-што подобра искористливост на ресурсите кој се прилично скромни и не може да се менуваат. Исто така оваа верзија не бара многу RAM меморија, па дури и кај оние кој имаат 64 или 128 MB RAM меморија нормално ќе функционира. Би ја препорачал верзијата 9.04 или 9.10 поради веќе наведените причини, а и споменатите верзии сосема нормално функционираат и ги имаат на располагање скоро сите пакети, односно апликации како и „нормалниот“ Ubuntu! Некој ќе му замери на Xubuntu  за тоа што не е user-friendly како базната верзија, али тоа не би требало да биде огромен проблем за просечните корисници, па дури ни за почетниците. 

Xubuntu

Puppy Linux- Linux со убаво име, а наменет за оние стварно лоши и скромни компоненти. Единствени хардверски побарувања се да имате 32 MB RAM меморија и ништо повеќе. Добро, нормално и тврд диск на кој ќе можете да го инсталеирате оперативниот систем. Оваа дистрибуција ја разбил Barry Kauler со својот тим, а специфична е поради тоа што доаѓа со неколку апликации за општи и посебни намени, AbiWord (нешто како Word само со скромин можности), Gnumeric (табличен едитор), MPlayer (за мултимедија),  а нормално е дека може да се инсталираат и други додатни апликации. Само да знаете дека ова ви е првиот избор доколку на компјутерот не сакате да користите Windows 95 или 98.

Puppy Linux

Zenwalk- Linux базиран на Slackware верзијата, но веќе од самиот старт се разликува од Slackware и оди во еден потполно друг смер. Zenwalk сака да биде модерен Linux, неодредена потреба и ќе им се допадне на оние кој не бараат премногу односно не бараат повеќе од мултимедија, сурфање на интернет и програмирање. Оваа верзија ќе бите супер за програмерите на кој компјутерот им служи само за пишување на линии код и тестирање на истите. Последната верзија 7.0 со себе носи подобрен интерфејс за разлика од предџодните верзии, како и некој специфични алатки кој се копија од  Slackware. Пакет менаџерот користи netpkg, те. .tgz форматен пакет.

Zenwalk

EnGarde Secure Linux - За оние кој планираат од својот стар компјутер да направат сервер постои посебна верзија на Linux дистрибуција - EnGarde Secute. Во потполност е бесплатен а го развила компанијата Guardian Digital (пионири во сигурноста за open source оперативни системи). Доаѓа со специфичен софтвер за заштита на серверот (компјутерот), со алатка за Web Hosting, DNS, email, anti-virus, network management.... Све се работи преку терминал, што претставува најголем проблем за почетниците и ќе им биде потребно некое време додека се навикнат да работат со него. Постојат некој додатоци за да се управува преку графички интерфејс со компјутерот, но прилично се лоши и не се потполно искористливи. Но во секој случај добра Linux дистрибуција за они кој сакаат да прават сервер дома.

EnGrade Secure Linux

Fedora - Иако се смета како „бизнис“ верзија на Linux. Fedora дистрибуцијата може да ја котистат сите профили на корисници, а посебно они кој што се во бизнис секторот. Таа репутација ја има стекнато поради неколку добри бизнис алатки, но тоа е само какпка во морето од софтвер кој го нуди оваа Linux дистрибуција. Базирана е на RPM(пакетен менаџер), а развојот го спонзорирал Red Had компанија која поседува своја верзија на Linux. Fedora е супер заради идличната искористеност, лесно користење, но искрено кажано бара мн рам меморија 512 MB. Останитот хардвер ќе го искористи што е можно подобро и исто така претставува добар избор за старите компјутери. 

Fedora

Mandriva - Linux кој е специфичен по својот „контролен центар“, преку кој со леснотија се управува со сите сегменти од Linux дистрибуцијата. Интересно е што скоро сите алатки се нарекуваат Drake (затоа што Mandriva најпрво се викала Mandrake), па според тоа можете да распознавате за што служи одредена алатка- drakeconnect, dickdrake, mousdrake.....
Воедно Mandriva е одлична доколку имате намера првенствено да ги користите алатките за уредување на разни документи, конвертирање на еден формат во друг и слично. Не е наменет за користење на некој сложени графички апликации, но све останато може да „поднесе“ и на располагање имате за симнување голем број на корисни апликации.

Mandriva

За што го користите компјутерот?
Нормално дека овие 6 Linux дистрибуции не се единствените кој можете да ги користите но се доста интересни и корисни. Постојат уште многу Linux дистрибуции но нормално неможеме тука сите да ги претставиме па затоа ги избравме оние најинтересните.

Кај гореспоменатито EnGarde Secure Linux кажавме дека намената му е многу јасна. Оваа дистрибуција е најдобро да ја користите доколку сте адмистратор на некоја web среаница, имате блог или се бавите со web дизајн. Не мора да биде само сервер, но најдобрите алатки се наменети за сервери, но со пар стотина симнати мегабајти може све да се измени. Кога сме веќе кај адмистрирање на web страници, на располагање ви стојат алатки наменети баш за WordPress Blogspot и останати блог сервиси, а ќе ви помогнат бо полесно водење на страната/блогот, полесно прикачување на содржина, администрација на истите, дистрибуција на слики и останати податоци. Но тоа е само една намена.

Стариот компјутер исто така може да се користи и намени за мултимедија, иако можеме на далеку да разглабаме што е тоа мултимедија. Се држиме дека дефиниција за мултимедиски компјутер е наменет за дистрибуција на забавна содржина и тамо првенствено чуваме филмови, видеа, музика и слики.

Linux дистрибуцијата доаѓа со мал број на инсталирани алатки, а пота вие самите по ваша желба си симнувате она што ви е потребно. Linux e open source претавиен систем што значи дека све вас ви е бесплатно. Од текст едито па се до алатки за 3D моделирање. Поголемиот борој од нив може да ги најдете во веќе вградениот центар, означете ги и стиснете Install. Тоа е тоа. Постои и рачно инсталирање но за тоа нема да зборуваме сега.

Да се вратиме на мултемедијата. Linux поради добрата искористеност може да ги придвижува сите видео формати без поголеми потешкотии, што му претставува и најголема предност. Тоа се однесува на HD и Full HD филмови за кој иначе треба добра графичка картичка и прилично многу ресурси. Исто така нема потреба од инсталирање на дополнителни датотеки и кодеци, при што при инсталирање на софтверот за гледање филмови ќе можете да ги означите сите датотеки и кодеци и мирни сте за понатаму. Доколку дојде до некој нов формат во меѓувреме, Linux сам ќе го пронајде, ќе го инсталира и ќе го користи во иднина. Освен за филмови одлични се и за слушање музика, односно за сортирање на вашите музички колекции, снимање на истите преку апликација за слушање на MP3...лесно можете сето ова да го правите преку својот „нов“ компјутер, но зошто да немате нешто вакво во просторија во која никогаш не би ставиле компјутер. Како на пример во кујна или некоја работна соба во која не ви е примарна работа да имате компјутер но сепак може да го имате па макар и никогаш не би го користеле.

Понатака, сурфање на интернет и алатки за уредување. Старите компјутери може да се пренаменат така што би бил по функционален и на него можете да направите што сакате, а истовремено тоа да не е играње на видео игри нити користење на нкоја апликација за обработка на звук или слики. Linux може да ви понуди лесен Office Suite (LibreOffice или OpenOffice), голем број на пазлични web пребарувачи, email клиенти audio/video players. Доколку имате некој член на семејството кој сака да се научи да работи на компјутер, а за тоа претходно немале никакви афинитети или прилики, ова е идеално време да почнат. Новите корисници сигурно нема да ја приметат разликата помеѓу стариот и новиот компјутер, а наместо Windows, прво ќе го запознаат Linux како оперативен систем што и не е така лоша идеа. Најголемиот број на алатки се супер, бесплатни се и одлични за учење поради тоа што немаат илјадници додатни можности што може да ги збуни поедините корисници, не само почетниците него и тие поискусните. На тие компјутери може да се програмира да се учи некој програмски јазик како (Java,C++,C#...),а најдобра работа е што доколку имате мали деца или брат/сестра што нема да можат да играат игри на таков компјутер и можеби времето кое го поминуваат на компјутер ќе биде по продуктивно и подобро искористено. 

За во потполност го искористите вашиот стар компјутер не мора да користите Linux дистрибуција но тој секако е по пригодлив и поедноставен за подесување од Windows 95 или 98, кога они ќе имаат проблем со недостиг на ресурси, а да не збоуваме за иснталација на софтвер која може да биде ноќна мора. Linux на некој начин се прилагодува на ресурсите и го влече максимумот од нив а тоа е она што ни е потребно. Бесплатните апликации се само бонус, мали се, функционални 99% од потребите ќе може да ги извршите на нив. Одозгора на тоа нема да морате да се грижите за кршење на законот и крадење на интелектуална сопственост бидејќи е све „отворено“ и не омра да се кракира и да се заобиколуваат било какви ограничувања. Секако горе палец за Linux дистрибуцијата и за нејзините способности за оживување на старите компјутери. Се надевам дека сето ова нема да остане само во овој текст, него ќе гу „оживеете“ вашите стари компјутери и ќе ги користите на дневна база.
Read More
Subscribe
Labels
Popular Posts

Subscribe Via Email

About Us

Advertisment

Like Us

© Онлајн Свет All rights reserved | Designed By Seo Blogger Templates