Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption


Breaking News

Test Footer 1

Image Slider By helperblogger.com The slide is a linking image Pure Javascript. No jQuery. No flash. #htmlcaption
Showing posts with label Хардвер. Show all posts
Showing posts with label Хардвер. Show all posts

Tuesday, December 25, 2012

AMD FirePro V5900

Иако голем број од луѓето кој што ја поседуваат оваа графичка ја користат за да би уживале во своите најдраги игри, постои сосема друг свет на графички картици - свет на професионални графички картици наменети за професионално работење во CAD и DCC апликации. FirePro V5900 ја преставува средината на понудените професионални графички картици на AMD.


Основата ја преставува графичкиот процесор Cayman кој што можеме да го најдеме и кај моделот AMD Radeon HD 6900. Но за разлика од својата полнокрвна изведба која може да се најде кај моделот Radeon HD 6970 и бројот на 1536 shader процесори, графичкиот процесор на моделот FirePro V5900 лимитиран е на 512 shader процесори. Исто така што може да се осети е и работниот такт кој е намален на 600MHz. Но затоа работната меморија не е сменета и изнесува 2GB GDDR5. Иако многу ограничен овој модел сепак покажува одлични резултати во професионалните апликации, во некој случаеви дури и има подобри резултати од поголемиот дел на денешниве гејмерските графички.


Освен 'под хаубата' оваа графичка има и многу добар дизајн и изгледа многу привлечно. Ретко се случува графичка со вакви перформанси да е само на еден слот на матичната. Иако во врска со ладењето AMD немаат ставено некој огромни кулери какви што можеме да најдеме кај гејмерските графички. Дури и покрај тоа, овој модел при работа може да се каже дека не ни се ни слуша малиот кулер како работи. Работната температура се движи од 45°C до 65°C. На корисниците ќе им се допаѓа и подршката за 3 монитори, кој можат да се приклучат преку еден DVI и два DiplayPort видео излези, а за оние кој бараат поголема работна површина од корист би им дошла и Eyefinity подршката.


Предностите во поглед на малите димензии, ниската потрошувачка и тоа што е прилично тивка се само дел од репертоарот со кој располага оваа графичка картица. Она што е најважно се нејзините перформанси во поглед на професионалната употреба, и на тоа подрачје е спремна да им одржи лекција дури и на повеќето од најснажните гејмерски графички картици. Доволно е само да се обрне внимание на перформансите кои ги вади таа во професионалните програми како што се на пример: Catia, ProEngieneer или Maya и би се увериле како тоа оваа на излед слаба графичка може да постигне и многу повеќе од очекуваното. Нормално е тоа дека коа станува збор за игрите се се менува, бидејки овој модел никако не се снаоѓа и вади само просечни резултати. Но тоа е се нормално бидејки нејзината намена не е за тоа. Но сепак и во случај да ви затреба понекогаш, таа сепак може да да ги покрене повеќето од новиве игри, само треба да се скромни со местењето на деталите и по можност да се избегава користење на додатни опции за филтрации на сликата. На крајот ова е сепак графичка картица која најдобро се снаоѓа во делот на некоја работна станица. Ако се занимавате со некој од погоре наведените програми и ако тоа го работите тогаш нема да згрешите ако си набавите некој од FirePro моделите на AMD.










Read More

Tuesday, December 11, 2012

Zalman M300

Ако некогаш сте размислувале да купите солиден маус кој што би го користеле за гејминг, а притоа да не потрошите многу пари, тогаш овој модел е идеално решение за вас. Се работи за моделот Zalman M300 кој првично има многу привлечна цена, а исто така има и супер перформанси за таа цена, исто така и дизајнот не е за потценување. На него се наоѓаат седум копчиња кој што лесно можат да се вклопат во било кој тип на игрица играте, дали било тоа FPS, MMORPG итн. Земајки ја во предвид цената, резолуцијата од 2500dpi делува пристојно, едноставно кажано овој ефтин маус може да им се спротивстави дури и на некој од далеку по добрите и по скапите мауси.
Спецификации: 
Тип: Жичан/Оптички, USB 2.0 приклучок, 7 програмабилни копчиња, максимална резолуција: 2500dpi, frame rate: 4500fps, издржливост на копчињата: 5.000.000 кликови, димензии: 132х65х42мм, должина на кабел: 1.5М, тежина: 78гр. Цена: околу 15 евра.



Read More

Friday, November 16, 2012

Gigabyte Z77X-UD4H

Новата матична од страна на тимот на Gigabyte моделот Z77X - Ultra Durable 4, е конструирана така што има 11-фазно напојување коешто влече струја преку 8-пинскиот EPS конектор. Има дури три PCI-Express 3.0 x16 слотови, подржува Nvidia SLI и AMD CrossFireX. Друго што поседува е исто така три PCI-Express 2.0 x1 слотови и еден обичен  PCI. Се приметуваат и двата SATA 6 Gb/s портови како и четрите SATA 3 Gb/s, кои сите се рачунаат како внатреншни портови. На овој модел се додадени и два SATA 6 Gb/s контролери, коишто дозволуваат приклучување и на eSATA 6Gb/s. Исто така имаат вклучено и комплетен сет од дури осум USB 3.0 портови, шест на задната страна и два на самата матична, за разлика од предходниот модел кој што имаше само четири. Што се однесува до цената оваа LGA1155 матична плоча би требало да си го зафати местото помеѓу Z77X-UD3H која што кошта 155$ и Z77X-UD5H која кошта 190$.

Gigabyte Z77X-UD4H

Gigabyte Z77X-UD4H




Read More

Monday, November 5, 2012

Nvidia GeForce GTX 650 Ti

Новата GeForce GTX 650 Ti на Nvidia е дизајнирана така што треба да ја пополни празнината помеѓу GTX 650 и GTX 660. Nvidia имаа 3 нови промоции на графички во последниве 2 месеца, сите базирани на Kepler архитектурата. Денеска ви ја презентираме четвртата, а и последна графичка за оваа година(за статични конфигурации).
Има поголема разлика во цената помеѓу моделот 650 и 660. 650-ката чини 120$, а својот поскап наследник 230$, така што пристигнувањето на 650 Ti не би требало да не изненади. Секако и треба на Nvidia нешто да им се спротивстави на новите графички од AMD, Radeon HD 7770 и 7850, додека унапредувајки ја својаа 560 GTX. Иако Radeon HD 6850 и 6870 се сеуште тука некаде, со атрактивна цена и слични пефроманси. 650 Ti треба да се покаже супериорно за да ја докаже својата цена од 150$. Новиот кандидат сепак има неколку делови на својот GK106 процесор, кој што го видовме и кај 650 GTX и 660 GTX.

Nvidia GeForce GTX 650 Ti

Во споредба со GeForce GTX 460, 560, 650 и 660 би изгледало вака:

Nvidia GeForce GTX 650 Ti

Повеќето спецификации на 650 Ti завршуваат некаде помеѓу веќе претставените 650 i 660, освен во меморијалниот подсистем каде што е идентична со 650 GTX, 128-bit. 

Nvidia GeForce GTX 650 Ti

Новиот кулер со димензии 14.6cm на 10cm наликува на стариот заден дел од GT 430 моделот. Без оглед на димензиите и на својата не компактност, сепак ова е една прилично брза графичка.

Nvidia GeForce GTX 650 Ti

Референтниот дизајн на Nvidia е опремен со 1GB GDDR5 меморија. На задната страна од графичката ќе наидете на прилично гола основа, која е пополнета со мемориски модули кај поскапиот модел со 2GB GDDR5 меморија. Регуларно меморијата работи на 1350 MHz, со неверојатна ефикасност од 5400MT/s(милиони трансвери на податоци во секунда). GK106 процесорот на графичката работи на 925MHz, и не постои опција за забрзување, слично на веќе виденото на 660 GTX.

Nvidia GeForce GTX 650 Ti

Чудното е тоа што добиваме само еден HDMI порт, придружуван со два dual-link DVI портови, за разлика од другите Kepler базирани графички кој подржуваат дури и до четири монитори во исто време.

Nvidia GeForce GTX 650 Ti

За ладење тука е новиот 110W кулер, кој што се одржува во живот на обичен приклучок од 6 пина. Не постои SLI конектор на новата GTX 650 Ti, иако некој од моделите на графички со спуштен крај би подржале уште една иста графичка приклучена со нејзе, Nvidia тука не спречува за почеток да купиме една па понатаму да си доградиме уште една 650 Ti графичка. Што и не е случај кога ќе ги погледнеме новите модели од страна на AMD, 7770HD и 7750HD кој што ни овозможуваат да приклучиме уште една иста. Земајки ги во предвид цените на AMD: Radeon 7770 HD која чини 160$ и Radeon 7750 HD која чини 110$, останува само ваше да се одлучите со која ќе се подновите.




Read More
Subscribe
Labels
Popular Posts

Subscribe Via Email

About Us

Advertisment

Like Us

© Онлајн Свет All rights reserved | Designed By Seo Blogger Templates